Хајди Клум и Хали Бери голи за Велигден (фото) - Канал 5

Хајди Клум и Хали Бери голи за Велигден (фото)

Ѕвездите решија да ги почестат обожавателите за празниците, дали ова е прикладно? 

Хајди Клум и Хали Бери голи за Велигден (фото)

Празнувањето на семејниот празник на овие две убавици предизвика бројни коментари.

Поранешниот топ модел Хајди Клум (49) и холивудската ѕвезда Хали Бери (56) за Велигден ги почестија обожавателите со разголени фотографии.

Според реакциите на јавноста, многумина им завидуваат на соседите на овие убавици бидејќи можат во живо да уживаат во нивната убавина.

Хајди Клум се фотографирала топлес во дворот на својата куќа покрај базенот. На главата има зајачки уши, а со рацете ги покрива голите гради.

Со исклучување на коментарите на нејзиниот Инстаграм профил, Хајди се поштедела од непријатноста да ги чита бројните коментари за ваквото нејзино издание. Сепак ваквата нејзина објава, наиде на осуда.

Иако е на прагот на шестата деценија, Хајди сè почесто се слика гола, а фотографиите ги објавува на социјалните мрежи. Минатата есен, таа беше мета на бројни критики кога за време на снимање на реклама за долна облека ја бакна својата ќерка Лена во уста, но на некогашната ѕвезда на модните писти, не ѝ е гајле за критиките.

Ден претходно и холивудската ѕвезда Хали Бери ги почести фановите со разголени фотографии. Таа како од мајка родена е фотографирана на балконот од својата куќа додека во раката држи чаша бело вино.

-Го правам тоа што сакам. Среќна сабота – напишала таа во објавата.

Следеа илјадници коментари и комплименти за нејзиниот совршен изглед.

- Ух, твојот сосед сигурно ужива во прекрасната глетка. Блазе си му, многу му завидувам -

- Ти си божица, најубавата жена на светот, дама која пишува историја -

- Само напред девојко, уживај во животот - беа дел од коментарите на нејзината објава.

Хали во последно време сè почесто ги почестува своите обожаватели со разголени слики. Неодамна таа објави кадри од бањата по туширање и за малку ќе го „срушеше“ Интернетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот репрезентативец Мозес Рајт прогласен за МВП на 13-тото коло во Евролигата

Центарот на Олимпија Милано, репрезенативецот на Македонија, Мозес Рајт, е прогласен за најкорисен играч (MVP) во 13-тото коло од Евролигата, по доминантната партија во победата од 78:70  против фаворизираниот Фенербахче.

Македонскиот репрезентативец Мозес Рајт прогласен за  МВП на 13-тото коло во Евролигата

Американецот со македонски пасош го заврши натпреварот со индекс на корисност од 36, што претставуваше најдобар учинок во ова коло во најсилното европско кошаркарско натпреварување.

Рајт во дуелот против центрите на Фенербахџе оствари „дабл-дабл“ учинок со 22 поени, 11 скока и две асистенции, како и една украдена топка.

Тој погоди седум од десетте обиди за два поена, додека од линијата за слободни фрлања беше прецизен осум пати од девет обиди.

Ова е негова трета МВП награда во кариерата, а прва во дресот на миланскиот клуб. Претходните две ги освои минатата сезона како член на Жалгирис, во 28-то и 38-то коло. Тој е, исто така, првиот кошаркар на Олимпија што ја добил оваа награда оваа сезона.

Второто место во изборот му припадна на Двејн Вашингтон од Баерн, кој оствари индекс на корисност од 33 во победата над Басконија (100:81).

Американецот постигна 23 поени, а забележа и седум скока и две асистенции. Трет беше Дарио Бризуела од Барселона со индекс од 31, и покрај поразот на каталонскиот тим од Црвена ѕвезда (100:103). Шпанскиот бек постигна 22 поени, со пет скока и четири асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Делчево се развива и гради, Владата продолжува со поддршка за општините

Денес во Делчево имавме можност да разговараме за новите проекти, но исто така и да направиме една ретроспектива за тоа што досега е постигнато.

Мицкоски: Делчево се развива и гради, Владата продолжува со поддршка за општините

Во продолжение целата изјава на премиерот Христијан Мицовски кој со владина делегација е во посета на Делчево.

„Добар ден и од мене.

Денес во Делчево имавме можност да разговараме за новите проекти, но исто така и да направиме една ретроспектива за тоа што досега е постигнато.

Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на градоначалникот на општина Делчево кој што е навистина жестоко мотивиран, неговата работа се гледа на терен, импресионира тоа што нонстоп зборува за нови проекти, се бори за својата општина. И јас би сакал да ја поздравам неговата работа и да дадам поддршка за неговата работа, да се заблагодарам на сите оние советници, на луѓето, на администрацијата на општина Делчево кои што помагаат секој од овие проекти да биде реализиран и му помагаат на градоначалникот во намерата да навистина сето она кое што било заборавено да денеска еве добие контура која што ќе го подобри квалитетот на животот на жителите на општина Делчево.

Но, и не само на општина Делчево туку и на општините кои што гравитираат околу општина Делчево, би рекол целиот Пијанечко-Малешевски крај.

Исто така би сакал да се заблагодарам на колегите од владата кои што работат во интерес на испорака на проект повеќе, не само тука, туку и на цела територија на Македонија.

Како влада во рамките на нашите можности па и повеќе од тоа би рекол, можеби нескромно-но тоа е реалноста; даваме се од себе за да испорачам проект повеќе, да санираме проблем повеќе, да креираме политика повеќе со која што ќе успееме колку толку да го олесниме животот на нашите граѓани.

Понекогаш успеваме, понекогаш помалку успеваме, но проблеми се многу за решавање, нема да очајуваме, туку едноставно мотивирани сме, сакаме да направиме да Македонија биде навистина убаво, пристојно место за живеење.

Така што еве уште една благодарам до денешниот домаќин, градоначалникот на општина Делчево и да посакаме уште многу проекти да се реализираат во Пијанечко-Малешевски крај, истакна македонскиот премиер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Боинг со 146 луѓе изврши принудно слетување на Филипините

Патнички авион на „Ер Њугини“ (Air Niugini), со 146 патници и членови на екипажот, мораше принудно да слета во јужните делови на Филипините поради предупредувања за можен пожар во моторот.

Видео: Боинг со 146 луѓе изврши принудно слетување на Филипините

Авионот слета безбедно, а никој од патниците и членовите на екипажот не е повреден. Авионот од типот „Боинг 767-383ER“ летал од Хонгконг кон Папуа Нова Гвинеја, кога пилотите забележале предупредување за можен пожар или искрење во десниот мотор. Тие одлучиле да ја пренасочат трасата на летот кон Меѓународниот аеродром во Давао.

Авионот извршил непланирано слетување во Давао, кратко по полноќ во саботата. Во него се наоѓале 137 патници и девет членови на екипажот, кои по слетувањето го напуштиле леталото користејќи тобогани за итна евакуација. Филипинската управа за цивилно воздухопловство потврди дека нема повредени лица.

Патниците и екипажот биле пренесени до аеродромската зграда, каде што им била пружена помош и им било обезбедено хотелско сместување, сè додека не се организира продолжување на патувањето.

Пилотите добиле предупредување за можен пожар. Портпаролот на Управата за цивилно воздухопловство на Филипините, Ерик Аполонио, изјави дека пилотите, преку системот за предупредување, забележале знаци на можна искра или пожар во десниот мотор на авионот.

Екипажот веднаш пристапил кон спроведување на безбедносните процедури и побарал дозвола за непланирано слетување. Аполонио најави истрага, која ќе вклучува и изјави од пилотите, со цел да се утврди што го предизвикало предупредувањето.

Засега нема информации за оштетувањата на леталото. Исто така, не е потврдено дали навистина избувнал пожар во моторот, или пак системот само сигнализирал можна опасност, поради што екипажот, од претпазливост, ја променил траекторијата на летот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер