Хаџар: Се чувствувам подготвен за премин во Ред Бул, мило ми е што и тимот го чувствува истото - Канал 5

Хаџар: Се чувствувам подготвен за премин во Ред Бул, мило ми е што и тимот го чувствува истото

Возачот на Рејсинг Булс, Исак Хаџар се произнесе за својот премин во Ред Бул. Тој ќе ја помине сезоната 2026 со австрискиот тим, во тандем со Макс Верстапен.

Хаџар: Се чувствувам подготвен за премин во Ред Бул, мило ми е што и тимот го чувствува истото

Во својата дебитантска сезона во Формула 1, Хаџар постигна пласман на подиумот на Големата награда на Холандија и моментално е на 10. место во генералниот пласман со 51 поен.

- Многу сум благодарен на Ред Бул за нивната доверба и можноста да се натпреварувам во Формула 1 на највисоко ниво. Ова е прекрасна награда по целата напорна работа што ја вложив. Имав многу подеми и падови во текот на мојата кариера, но Ред Бул продолжи да верува во мене и да ме поддржува. Оваа сезона со Рејсинг Булс беше апсолутно неверојатна. Научив многу, па дури и го постигнав мојот прв подиум во Ф1. И чувствувам дека благодарение на поддршката од тимот и вистинската подготовка, станав подобар возач и подобра личност. Се чувствувам подготвен за преселбата во Ред Бул и ми е мило што тимот го чувствува истото. Се радувам што ќе возам за истиот тим со Макс Верстапен, од кого можам да научам многу, изјави Хаџар.

Раководството на Формула 1 тимот Ред Бул вчера соопшти дека францускиот возач Исак Хаџар ќе биде прекомандуван во Рејсинг Булс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Живко Мукаетов го зголеми својот сопственички удел во „АЛКАЛОИД“

Во соопштение доставено до Македонската берза, од компанијата информираат дека Претседателот на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, г. Живко Мукаетов, купил нови 277 акции од компанијата.

Живко Мукаетов го зголеми својот сопственички удел во „АЛКАЛОИД“

Со оваа трансакција неговиот удел во компанијата се зголеми за 9,21%, и тој во моментов поседува 131.777 обични акции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ормутскиот теснец -Иран губи дел од контролата; се отвора алтернативен коридор за танкери

Иран губи дел од контролата на Ормутскиот теснец, се отвора алтернативен коридор за танкери.Според изворите, резултатот е враќање во оптек на околу десет милиони барели дневно.

Ормутскиот теснец -Иран губи дел од контролата; се отвора алтернативен коридор за танкери

Иако тврдењата на Доналд Трамп дека Соединетите Држави имаат целосна контрола врз Ормускиот Теснец не се сосема основани, се чини дека одредени околности сè повеќе работат против Техеран.

Според аналитичарите со кои разговараше CNN, повеќе од 80 отсто од суровата нафта што поминала низ Ормускиот теснец во изминатите 14 дена била транспортирана преку оманската рута.

Овој коридор е признаен од Обединетите нации, додека Иран го смета за повреда на својот суверенитет над теснецот.

Проценките укажуваат на тоа дека и речиси целиот преостанат сообраќај се одвива по оваа рута; сепак, некои пловни објекти се движат „во мрак“ – односно со исклучени транспондери – за да избегнат да станат цели на патролите на Корпусот на гардата на исламската револуција (IRGC).

Хомајун Фалакшахи, раководител на одделот за анализа на пазарот на сурова нафта во компанијата „Kpler“, истакнува дека пред само еден месец речиси и да немало комерцијален сообраќај по оваа рута. Во рок од само неколку недели, ситуацијата целосно се променила. Според неговата проценка, станува сè поочигледно дека Иран изгубил барем делумна контрола врз тој дел од морето. Оваа промена не се однесува само на транспортот на сурова нафта. Во периодот од 1 до 19 август, низ Ормускиот теснец поминале вкупно 236 пловни објекти од различен тип.

Осумдесет и три пловни објекти ја користеле иранската рута, три го користеле оманскиот коридор, а два се движеле по старата централна рута што се користела пред војната. Останатите 148 пловни објекти – што претставува повеќе од шест од секои десет – поминале со исклучени транспондери. Пред војната, таквите пловења сочинувале околу 35 проценти од вкупниот број.

- На тој начин, Иран делумно би ја изгубил контролата врз теснецот: танкерите за нафта минуваат низ него, игнорирајќи ги предупредувањата од Техеран, но тоа го прават под придружба.

Тука настапува Вашингтон. Веб-страницата „Аксиос“ (Axios), повикувајќи се на двајца американски функционери, објави дека Соединетите Држави веќе неколку недели дискретно управуваат со транзитен коридор долж јужниот канал – во близина на водите на Оман: секоја ноќ, танкерите за нафта влегуваат и излегуваат од теснецот во две долги колони – една за влез и една за излез – под координација на оперативна група стационирана во Форт Брег, историското седиште на 82-та воздушно-десантна дивизија.

Резултатот, според изворите, е враќање во оптек на околу десет милиони барели дневно; иако ова претставува половина од обемот пред војната, сепак означува огромен пораст во споредба со драстичниот пад забележан во последните месеци – пренесува италијанскиот весник „Кориере дела сера“ (Corriere della Sera).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Разорен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди јужниот дел на Перу, соопшти Националниот сеизмолошки центар (CENSIS).

Видео: Разорен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Епицентарот на земјотресот се наоѓаше на 35 километри северно од Коракора, во покраината Паринакочас.

Според објавените информации, земјотресот е опишан како „бранен земјотрес“ – хоризонтално движење на почвата што се манифестира преку нишање и бранување на површината. Земјотресот беше почувствуван низ целиот јужен Перу, а во Лима потресот се почувствува главно на горните катови од зградите.

Земјотресот беше долготраен и траеше околу една минута. Досега не се пријавени штети или жртви по земјотресот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер