СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија
Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота
1СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија
2Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота
Шоу бизГвинет Палтроу прогласена за најомразена ѕвезда: Зарем повеќе од Крис Браун?Неколку недели откако магазинот „People“ ја стави Гвинет на насловна на годишното издание посветено на најубавата жена на светот, магазинот „Star“ ја прогласи актерката за „најомразена ѕвезда“. Меѓу најомразените славни личности се и Кристен Стјуарт (второ место), Мадона (седмо место), Џастин Бибер (осмо место), Ен Хатавеј (деветто место)...Крис Браун е на 20-то место на најомразени. На прашањето како ја доживеала титулата на најомразена славна личност, Гвинет одговори: - Прво се прашав - јас најомразена? Повеќе од Крис Браун? Што направив? - Се што можам да направам е да бидам автентична, да бидам јас, но мислам дека има работи во врска со мене кои ги тера луѓето да извлекуваат некакви заклучоци - вели Гвинет на забелешката на новинарот на Би Би Си кој ја праша дали таа прави нешто за луѓето да се чувствуваат лошо. - Веројатно има перцепција дека сум пораснала во богато семејство, со сребрена лажичка во устата, а тоа прави отпор - вели Гвинет. - Моите родители беа имотни, јас можев да посетувам фантастични училишта и пораснав во Њујорк Сити, но во моментот кога завршив со школувањето и почнав да ја бркам актерската кариера, мојот татко ( продуцентот Брус Палтроу) иако ми беше поддршка, ми рече - сега си оставена сама на себе. Никогаш не ми даде ништо. Не ми помогна со киријата, не ми остави фонд за трошење. Според тоа идејата дека сум размазена и не сум го одработила она што го имам е неточна, но сфаќам ако некој има таква перцепција - вели Гвинет. Причините за несимпатиите кон неа Гвинет ги гледа и во уште една перцепција - дека премногу избира што ќе јаде. - Луѓето мислат дека јадам само алги и користам по малку воздух. Но никогаш не сум имала непријатно искуство со помфритот - тоа е мојот живот! - вели Гвинет Палтроу. Меѓу најомразените славни личности се и Кристен Стјуарт (второ место), Мадона (седмо место), Џастин Бибер (осмо место), Ен Хатавеј (деветто место), Линдзи Лохан (16 место)...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштијаСамо за храна и пијалаци во октомври на граѓаните им биле потребни 26.170 денари. Од јануари трошокот за храна и пијалаци пораснал за речиси 2.000 денари. Потрошувачката кошничка е над 70 илјади денари а со стан оди и над 90 илјади денари. Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци. Работниците во Македонија едвај врзвуваат крај со крај, со најниски плати во Европа. Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно. 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата. Овие луѓе одат на работа, работат, вложуваат труд и немаат доволно за достоинствен живот – буквално живеат во сиромаштија. Наместо да ги зголеми платите арамијата размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници а Мицкоски над 100.000. Ова сурова реалност е одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат за малку пари, и да бидат сиромашни. Скопје, 21.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ЕвропаФранцускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во саботаВо пресрет на протестите најавени за оваа сабота ширум Франција, францускиот премиер Себастиен Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, откако властите признаа дека полицијата ја загубила контролата.Во пресрет на протестите најавени за оваа сабота ширум Франција, францускиот премиер Себастиен Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, откако властите признаа дека полицијата ја загубила контролата во некои градови за време на немирите и насилствата од минатиот викенд. Откако вчера беше воведен полициски час во неколку критични области зафатени од минатонеделниот хаос, ноќва ширум Франција поминала мирно, велат властите. Во меѓувреме, досегашната проценета материјална штета од немирите и грабежите особено во Париз, Марсеј и Лион, се проценува на милијарда евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаОбвинителите бараат итно одлучување за намалените платиСоветот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат Уставниот суд итно да одлучи за намалувањето на коефициентите за пресметка на нивните плати.Во заедничко соопштение изразуваат сериозна загриженост поради осуммесечното непостапување по поднесените иницијативи.Тие ги оспоруваат измените на законите со кои платите на јавните обвинители и членовите на советот беа намалени во три наврати. Како аргумент го посочуваат и решението на Уставниот суд од 24 декември 2025 година, со кое беше поведена постапка за оценување на уставноста на законските измени.Во него судот изразил сомнеж дека намалувањето на коефициентите може да ја доведе во прашање уставно загарантираната самостојност и независност на Јавното обвинителство.Од јавнообвинителската фела предупредуваат дека одложувањето на одлуката создава диспаритет меѓу судската и јавнообвинителската функција.Според нив, намалувањето на платите е спротивно на европските стандарди за владеење на правото.Предупредуваат и на можен одлив на обвинителски кадар, што би можело да го загрози нормалното функционирање на Обвинителството. Како дополнителни проблеми ги наведуваат ниските плати, недостигот од кадар, ограничениот буџет и несоодветните услови за работа.Сметаат дека ваквата состојба директно може да се одрази врз остварувањето на правата и заштитата на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22