Гвардиола: Тактичке не погрешив против Монако

Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола по елиминацијата на неговиот тим од Монако оцени дека во реваншот не направил тактички грешки туку дека едноставно не успеал да ги убеди фудбалерите да играат напаѓачки односно да не го бранат резултатот од првиот дуел што заврши 5-3.

Британските медиуми прокоментираа дека овој тим на сити не е по теркот на Гвардиола и дека му е потребно време да оформи нов состав. Гардијан открива дека по завршувањето на сезоната дури 18 фудбалери ќе го напуштат Манчестер Сити меѓу кои и некои сегашни суперѕвезди и дека Шпанецот ке добие 350 милиони евра за засилувања.

Речиси сигурно ќе си весникот тврди дека сигурно ќе си заминат Агуеро, Коларов, Компани, Клиши, Забалета, Хесус Навас, Сања,

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Ново реално шоу - „Диетално Максимално“

Денеска во 16:00 часот започнува ново реално шоу - „Диетално Максимално“.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати, со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

притисни ентер