Гвардиола се пожали на преголемиот број играчи во Манчестер сити - Канал 5

Гвардиола се пожали на преголемиот број играчи во Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Пеп Гвардиола, изјави дека во моментов има премногу играчи во тимот.

Гвардиола се пожали на преголемиот број играчи во Манчестер сити

- Премногу луѓе. Ми се допаѓа кога силен тим игра во сите натпреварувања, но не сакам да ги оставам играчите дома. Тоа е штетно. Невозможно е да се создаде добра атмосфера. Секој треба да чувствува дека може да игра и да помогне. Клубот знае за ова уште од минатата сезона, не е вест, но ситуацијата е таква каква што е. Во следните две недели ќе разговараме со фудбалерите и нивните агенти за да најдеме решение, рече 54-годишниот шпански специјалист на прес-конференција.

Во првиот натпревар од сезоната 2025/26 во Премиер лигата, Манчестер сити вчеравечер го победи Вулверхемптон на гостински терен со 4:0.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја покажа својата хипокризија на дело за Гостивар, Филипче молчи

СДС ја покажа својата хипокризија на дело за Гостивар, Филипче молчи, ги штити и не бара одговорност за своите функционери.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја покажа својата хипокризија на дело за Гостивар, Филипче молчи

СДС ја покажа својата хипокризија на дело во Гостивар, Филипче молчи, ги штити и не бара одговорност за своите функционери за кои мобилизираше луѓе да гласаат во предизборието на повторените локални избори во Гостивар.

Венко Филипче, јавно повикуваше на поддршка за Валбон Лимани, иако токму локалната власт во Гостивар, во која СДС е дел заедно со ДУИ и Арбен Таравари, потфрли во справувањето со кризата со загадената вода за пиење.

Факт е дека локалната власт не успеа навремено да го заштити здравјето на граѓаните, поради што Владата и државните институции мораа итно да интервенираат. Беше обезбедена флаширана вода, беше воспоставено снабдување со вода за техничка употреба, а во најкус можен рок ќе се создадат услови водата повторно да биде безбедна и за пиење.

СДС нема кредибилитет да зборува за одговорност сè додека ги штити сопствените функционери и ги игнорира нивните неуспеси. Ако навистина веруваат во политичка одговорност, нека почнат од своите редови.

СДС и Филипче секојдневно држат лекции за морал, бараат оставки и глумат борци за одговорност, но кога станува збор за нивните функционери тогаш молчат.

Филипче молчи и не бара одговорност од својот кандидат Валбон Лимани кој управува со општината.

Тоа е вистинското лице на СДС, двојни аршини и лицемерие, бараат одговорност од сите освен за сопствените кадри, за нив целосна амнестија.

Време е СДС да престане со лицемерието и да покаже дека законите, моралот и одговорноста важат еднакво за сите, а не само кога тоа им носи политички поени.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Власта сега признава ризик од хепатит - за труењето во Гостивар мора да има кривична одговорност

По епидемијата предизвикана од загадената вода во Гостивар, власта сега официјално признава дека постои ризик од хепатит А и Е, како и од други заразни заболувања.

СДСМ: Власта сега признава ризик од хепатит - за труењето во Гостивар мора да има кривична одговорност

Ова е токму она за што проф. д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела.

Прво, на институциите доцна им се вклучија „црвените светла“. Додека гостиварчани пиеле вода со фекалии институциите не презеле ништо.

Потоа ги криеја податоците од јавноста. Сега, кога кризата веќе се разгоре, признаваат дека постои ризик од жолтица и други заразни болести.

Граѓаните на Гостивар ја плаќаат цената затоа што наместо стручност, превенција и навремена реакција, добија политички калкулации, прикривање информации и префрлање на одговорноста.

Здравјето на граѓаните повторно беше ставено на второ место, а партиските интереси и тендерите – на прво.

Јавноста сè уште нема добиено официјален и потпишан извештај со анализите за таканаречената „техничка вода“ во Гостивар.

Кој институт ги изработил анализите? Кој го потпишал и одобрил извештајот? Врз основа на кои параметри е утврдено дека водата е безбедна за употреба?

СДСМ бара итно да се направат анализи на водата во сите населени места во Македонија, а резултатите веднаш и целосно да бидат објавени пред јавноста.

А за труењето на граѓаните мора да има кривична одговорност

Не само политички, туку и кривично треба да одговараат Клековски, Андоновска, директорите на локалните центри за јавно здравје и сите што знаеле, а криеле, што не презеле мерки и не го заштитиле здравјето на граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЕФА брутално ја нападна ФИФА!

Европската куќа на фудбалот УЕФА остро ги осуди наводите дека Светската фудбалска асоцијација ФИФА размислува за продажба на малцински удел од Светското првенство на приватни инвестициски фондови

УЕФА брутално ја нападна ФИФА!

По протекувањето на информациите за приватни инвестиции во Светското првенство, УЕФА остро реагираше, повикувајќи на единство во одбраната на фудбалот.

Европската куќа на фудбалот УЕФА остро ги осуди наводите дека Светската фудбалска асоцијација ФИФА размислува за продажба на малцински удел од Светското првенство на приватни инвестициски фондови, испраќајќи јасна порака дека таков потег би претставувал преминување на црвената линија што челниците на светскиот фудбал никогаш не би смееле да ја преминат.

Највисоката организација на европскиот фудбал изјави дека овој предлог го сфаќа „исклучително сериозно“, повикувајќи ги сите национални сојузи, лиги, клубови, играчи, навивачи, како и државните органи, да реагираат обединето.

– Ова ја преминува границата што раководните тела на фудбалот никогаш не би смееле да ја преминат. УЕФА ова го сфаќа исклучително сериозно. Истото треба да го стори и секој национален фудбалски сојуз, како и сите учесници во фудбалот: лигите, клубовите, играчите, навивачите, владите и сите на кои им е важна иднината на оваа игра. Душата и управувањето со фудбалот не се стока со која може да се тргува – особено не при целосен недостиг на транспарентност за тоа кој има финансиска корист. Никој од нас не го поседува фудбалот. Тој не е сопственост на ФИФА што може да се продаде – се наведува во соопштението на УЕФА.

Оваа жестока реакција од Нион дојде откако во јавноста протече информација дека ФИФА планира да основа посебна компанија за управување со комерцијалните права на Светското првенство, при што дел од сопственоста ќе им биде понудена на приватни инвестициски фондови.

Таквото сценарио веќе крена многу прашина меѓу водечките фудбалски лидери, кои предупредуваат дека влезот на приватен капитал може трајно да го наруши календарот на натпревари и да го промени сегашниот формат на најголемото фудбалско шоу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер