„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
Пет вечери, пет бендови и десет диџеи: Аero street food festival 2026 со феноменална музичката програма!
1„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
2Пет вечери, пет бендови и десет диџеи: Аero street food festival 2026 со феноменална музичката програма!
ФудбалГвардиола по елиминацијата од Реал: Ми се допаѓа работа на тренерот Арбелоа Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, искажа пофални зборови за неговиот колега од Реал Мадрид, Алваро Арбелоа. Реал синоќа го победи Сити на гостински терен со 2:1 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. - Дадовме сè од себе во овој натпревар. Имаме неверојатен тим, неверојатна група играчи. Сепак, нивниот голман Тибо Куртоа бранеше фантастично, тој беше во најдобра форма и во првиот натпревар. Ми се допаѓа Алваро Арбелоа и неговата работа. Тој ќе има долга тренерска кариера, изјави Гвардиола по мечот. Реал Мадрид го доби првиот натпревар со 3:0 и се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе се соочи со победникот од натпреварот Аталанта - Баерн (првиот натпревар заврши со 6:1 за германскиот тим). Арбелоа постави рекорд во тренерската кариера на Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Четириесет и тригодишниот фудбалски стручњак стана првиот тренер на „Лос Бланкос“ што ги добил сите четири од нивните први нокаут натпревари во Лигата на шампионите. Во плејофот, Реал ја победи Бенфика во двата натпревари (1:0, 2:1), а во осминафиналето го победи Манчестер сити (3:0, 2:1). Тагови: Лига на шампионите Манчестер сити Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
БалканПочина Ратко МладиќГенералот Младиќ беше во притворската болница во Хаг од 2024 година.Поранешниот командант на Главниот штаб на Армијата на Република Српска, генерал Ратко Младиќ, почина во притворската болница во Хаг на 84-годишна возраст, изјави за Срна државната секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Србија, Лидија Павичевиќ. Таа рече дека оваа информација ја добила од синот на генералот, Дарко Младиќ. Генералот Младиќ беше во притворската болница во Хаг од 2024 година, каде што беше врзан за кревет изминатата година и пол, а Механизмот за кривични судови во Хаг ги игнорираше барањата да биде пуштен на лекување во Србија од хуманитарни причини. Српскиот генерал претрпе неколку мозочни удари, од кои последниот беше на 10 април. Тој имаше сериозни кардиоваскуларни заболувања, висок крвен притисок, невролошки оштетувања и проблеми со бубрезите. Поради оваа причина беше хоспитализиран неколку пати и беше подложен на разни медицински и терапевтски процедури, вклучително и хируршки интервенции на срцето и ногата.Тагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Живот„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари во следната деценија и ќе го ограничува начинот на кој тинејџерите ги користат Фејсбук и Инстаграм, согласно договорот со речиси сите сојузни држави во САД.„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари во следната деценија и ќе го ограничува начинот на кој тинејџерите ги користат Фејсбук и Инстаграм, согласно договорот со речиси сите сојузни држави во САД, откако компанијата беше обвинета дека ги дизајнирала овие социјални мрежи за да создаваат зависност кај децата, „Мета“ се согласи во следната деценија да го ограничи користењето на Фејсбук и на Инстаграм на тинејџерите на два часа дневно, а и да го блокира целосното користење од полноќ до 6 часот наутро, освен ако родителите не дадат согласност. Овие ограничувања би можеле да бидат заострени доколку социјалните платформи Снепчет, Тикток и Јутјуб усвојат слични услови. „Мета“, исто така, ќе ги исклучи повеќето известувања за тинејџерите во текот на наставата, од 8 до 15 часот, и ќе ги зајакне мерките за спречување на пристапот на децата до содржини со старосни ограничувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗабраната за движење во шуми продолжена до 30-ти септември Поради зголемениот ризик од појава и ширење на шумски пожари, движењето низ шумите и шумските земјишта низ целата држава останува ограничено сè до 30 септември 2026 година.Поради зголемениот ризик од појава и ширење на шумски пожари, движењето низ шумите и шумските земјишта низ целата држава останува ограничено сè до 30 септември 2026 година, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Оваа одлука е донесена со цел директна заштита на природните богатства и зачувување на шумскиот фонд во овој критичен период. Од надлежното министерство апелираат до сите граѓани на максимална одговорност и претпазливост, со цел да се избегнат инциденти и појава на нови пожари на отворен простор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26