Гвардиола нема намера го напушти Манчестер сити по раната елиминација во ЛШ - Канал 5

Гвардиола нема намера го напушти Манчестер сити по раната елиминација во ЛШ

 Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, не ја доведува во прашање неговата иднина во тимот по поразот од Реал Мадрид (1:3) во реваншот од плејоф рундата во Лигата на шампионите.

Гвардиола нема намера го напушти Манчестер сити по раната елиминација во ЛШ

Реал Мадрид го доби и првиот натпревар (3:2) и се пласираше во осминафиналето на елитното фудбалско натпреварување.

- Сакам да продолжам во Манчестер сити. На овие два натпревара победи подобриот тим, тоа мора да го прифатиме. Не само Мбапе. Имаат многу квалитетни играчи, фантастичен тим. Само им честитам, заслужуваат да одат понатаму. Ние се фокусираме на Премиер лигата. Ова е прва година кога не успеваме да се претставиме добро во Лигата на шампионите. Треба да го прифатиме тоа и да се бориме следната сезона повторно да бидеме тука, изјави Гвардиола за „City Xtra“.

Манчестер сити не успеа да се пласира во осминафиналето за прв пат откако Гвардиола беше назначен за тренер во 2016 година.

Фудбалерите на Реал Мадрид, ПСЖ и Борусија Дортмунд обезбедија вечерва место во жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони која е закажана за в петок напладне.

Мадридски Реал по триумфот на гостински терен од 3-2 ја потврди доминацијата над Манчестер сити, совладувајќи го пред своите гледачи англискиот шампион со 3-1 и со вкупен резултат од 6-3 обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи во елитното клупско натпреварување.

Во француската пресметка, ПСЖ убедливо го совлада на домашен терен Брест со 7-0, откако триумфираше и на првиот натпревар со 1-0.

Настапот во Лигата на шампиони го продолжува Борусија Дортмунд, откако вечерва одигра без голови на домашен терен против Спортинг и ја зачува предноста од 3-0 која германскиот тим ја стекна на гостувањето во Лисабон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајката на судијата Ристов: Парите се наши, ги чувавме за стари години, не ни ги даде Ѓоко

-Не ни ги даде Ѓоко, парите се наши,  ги чувавме за стари години, мајката на судијата Ристов на денешното рочеште сведочеше дека созиданите 350 илјади евра биле нивни заработени на пазари од земјоделие а не на нивниот син.

Мајката на судијата Ристов:  Парите се наши, ги чувавме за стари години, не ни ги даде Ѓоко

.Се што ќе останело од паричињата во фолиичка ги ставала зад плочките.. Обвинителката смета дека сведоштвата на родителите немаат некое поголемо значење, а одбраната пак уверува дека имаат аргументи против Обвинението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напад со нож во училиште во Полска, ученик ги нападнал директорот и домарот

 Три лица се повредени во уште еден напад со нож во училиште во Полска.

Напад со нож во училиште во Полска, ученик ги нападнал директорот и домарот

Петнаесетгодишник вооружен со нож наводно упаднал во училиште во близина на Вишково и со нож нападнал три лица, меѓу кои директорот на училиштето и домарот.

Министерот за внатрешни работи Марчин Кирвински изјави дека осомничениот е уапсен и додаде дека врз домарот се врши реанимација.

Според полицијата, директорот бил повреден додека се обидувал да го совлада ученикот пред пристигнувањето на полицијата на местото на настанот.

Напаѓачот наводно бил ученик во завршната година од средното училиште, соопшти полицијата. Тинејџерот е задржан во притвор додека трае истрагата.

Во соопштение, полицијата наведе дека осомничениот влегол во училиштето и „повредил тројца вработени со остар предмет“. „Полицијата пристигна на местото на настанот само неколку минути по пријавата.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул

Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9 октомври, во организација на Министерството за правда на Република Турција.

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул

Самитот ги обединува министрите за правда од повеќе земји, високи претставници на правосудните институции и меѓународните организации, претставувајќи значајна платформа за дијалог, размена на искуства и унапредување на меѓународната соработка во областа на правосудството.

Под мотото „Иднината на правдата: Заедничка одговорност за човештвото“, на Самитот ќе се дебатира за современите предизвици во правосудството, владеењето на правото, заштитата на човековите права и потребата од зајакнување на соработката меѓу државите во справувањето со глобалните предизвици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер