Гвардиола: Натпреварите против Челси и Бриж се како финале за нас

Трите нови засилувања на Манчестер Сити - Омар Мармуш, Витор Реиш и Абдукодир Хусанов се во групата за домашниот дуел со Челси, објави менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола на прес-конференцијата пред натпреварот.

Ова е добра вест за шпанскиот тренер на англискиот шампион, кој нема да може да се потпре на крилниот напаѓач Џереми Доку и централниот дефанзивец Рубен Диаш, кои се повредени.

-Витор е млад играч со голем потенцијал, но му треба време. Ако е со нас во групата за натпреварот, тогаш има шанса да биде стартер. Хусанов веќе има искуство во францускиот шампионат, каде што мораше да се справи со силни и брзи играчи. Сепак, тој не зборува добро англиски и комуникацијата со него е нешто на што ќе треба да работиме. Мислам дека Мармуш најбрзо ќе се вклопи во тимот. Сепак, сите тројца ќе не направат посилни и ќе биде основата на тимот уште многу години, рече Гвардиола.

Манчестер Сити заостанува 12 бода зад лидерот во лигата Ливерпул, кој има и натпревар помалку.

Гвардиола не смета дека „граѓаните“ имаат шанси за титулата, но сигурен е дека тимот ќе се бори за место во топ 4.

-Натпреварот во сабота е многу важен. Сè уште сме многу блиску до врвот, и покрај големите проблеми што ги имавме. Така што оваа недела е многу, многу важна. Следните два натпревари (со Челси во ПЛ и Бриж во Лигата на шампионите) се како финале за нас, истакна Шпанецот. /МИА

Саркози ќе се жали до Европскиот суд за човекови права- осуден е на 3 години поради корупција

Поранешниот француски претседател Никола Саркози, осуден за корупција и трговија со влијание во врска со случајот познат како прислушување, рече дека пресудата е „неправедна“ .

Поранешниот француски претседател Никола Саркози, осуден за корупција и трговија со влијание во врска со случајот познат како прислушување, рече дека пресудата е „неправедна“ и најави дека ќе се повлече од своите „јавни активности како поранешен претседател“ и ќе поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права.

Касациониот суд во Париз го осуди Саркози на три години затвор, од кои една година беше условна со електронски мониторинг уред и тригодишна забрана за кандидирање за јавна функција.

Во соопштението објавено на неговиот профил X, Саркози најави дека ќе ги „замрзне (своите) јавни активности како поранешен претседател“ и рече дека нема да се рекламира во медиумите, пренесува порталот BFM TV.

„За мене нема никакви изненадувања и новости. За да не оставам впечаток дека барам некакви привилегии, доброволно се откажав од дел од поволностите на кои имав право. Поднесов жалба до Европскиот суд за човекови права, кој ќе одлучи дали сум жртва на неправда. Жалбата ќе биде поднесена пред крајот на месецот.

Со електронската нараквица, поранешниот француски претседател ќе може да го напушти својот дом само меѓу 8 и 20 часот во вторник, петок, сабота и недела и до 21:30 часот во понеделник, среда и четврток.

Мајмун остави 22 милиони луѓе без струја- цела држава во темнина поради колапс на системот

Прекинот на струја што се случил во Шри Ланка е предизвикан на многу необичен начин - мајмун влегол во трафостаница.

„Мајмунот дошол во контакт со трансформатор, предизвикувајќи прекин во системот за снабдување со електрична енергија“, рече во изјавата министерката за енергетика на Шри Ланка, Кумара Јајакоди.

Министерката Јајакоди наведува, како што пренесува Le Figaro во Париз, дека инцидентот се случил во јужните предградија на главниот град Коломбо. Проблемот сè уште не е целосно решен, иако потрошувачите во некои области ја вратија струјата. Засега не е јасно уште колку време ќе биде потребно за сите да добијат струја.

„Инженерите се на местото на прекинот и работат на што поскоро враќање на струјата“, изјави министерот Јајакоди.

Фигаро потсетува дека Шри Ланка со месеци страдаше од недостиг на електрична енергија во летото 2022 година, кога земјата западна во економска криза, а жителите тогаш имаа струја само 13 часа на ден.

Шри Ланка има население од околу 22 милиони жители.

Примерок од првото издание на книгата за Хари Потер на аукција е продаден за 18.000 фунти

Реткото прво издание на романот на Џ.К.Роулинг, Хари Потер и каменот на мудроста, е продадено на аукција за 18.000 фунти( околу 22.000 евра) , пренесуваат денеска британските медиуми.

Овој примерок е дел од првото издание објавено во 1997 година, пишува весникот Стандард.

Се очекувало примерок од романот да се продаде за 20.000 до 30.000 фунти (24.000 до 36.000 евра).

Ова е копија која е наменета за библиотеки, а на една од првите страници има ознака за библиотека.

Копијата е исто така единствена по тоа што содржи три грешки при печатењето.

Серијата романи за Хари Потер, која вклучува седум книги подоцна адаптирани во блокбастер филмови, стана една од најпопуларните во светот.

притисни ентер