Гвардиола: Можеме да победиме ривал како Реал М. - Канал 5

Гвардиола: Можеме да победиме ривал како Реал М.

Љубителите на најважната споредна работа на светот, фудбалот се  во исчекување на гигантски судир  во првото полуфинале во Лигата на шампионите Манчестер Сити - Реал Мадрид. 

Гвардиола: Можеме да победиме ривал како Реал М.

Пред утрешното супер полуфинале во шампионската лига, предводникот на популарните „граѓани“ трофејниот Пеп Гвардиола на Итихад во манчестер одржа прес конференција.

Гвардиола, на пресот истакна дека „мисијата во Лигата на шампионите“ за „граѓаните“ секако ќе биде исполнета додека тој е на клупата на овој клуб.

-Што се однесува до мене, моите цели никогаш нема да бидат завршени, бидејќи секогаш имам уште еден сон да осонувам. Во клубот заедно одлучуваме - дали нешто било добро, лошо и дали се исполнети целите. Ако не, одиме од ново. Имаме мотив, можеме да победиме ривал како Реал, ако се држиме заедно, изјави Гвардиола и додаде:

- Кога ќе почне сезоната во Лигата на шампионите,ако некој ти каже дека ќе стигнеш до полуфинале, јас веднаш би прифатил. Секогаш е тешко. Ги добивме сите натпревари во групата, задоволен сум. Но, сега сме тука да се фокусираме само на мечот со Реал. Но, нема да кажам дека сезоната не беше добра доколку не се пласираме во финалето. Многу ги почитувам моите играчи и ривали.

Шпанскиот стратег потоа истакна дека се чувствува одлично секогаш кога неговиот тим е во друштво со најдобрите екипи од Европа.

. - Реалноста е дека сме тука десет години, да се бориме во Лигата на шампионите. Секогаш е убаво чувството да се биде меѓу најдобрите клубови. Мора да одиграме два одлични натпревари и мислам дека можеме да го направиме тоа. Не треба ни да повторувам колку го почитуваме Реал. Нема да кажам дека не би било убаво да се биде во финалето како Реал, како Баерн, како Ливерпул и да победиме, како што направија. Но, исто така, не ја потценувам важноста на тоа што стигнавме до овие два меча, никогаш, изјави Гвардиола и порача дека најважно за неговиот тим е да биде свој и да игра најдобро што може, истакна Гвардиола на прес конференцијата пред големото европско дерби.

Сити и Реал утре во Манчестер со почеток од 21 часот го играат првиот натпревар од полуфиналето. Во второто полуфинале (среда) ќе се сретнат Ливерпул и Виљареал

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола

Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола, откако вчера Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата на Алта банка на бизнисменот Давор Мацура .

Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола

Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола, откако вчера Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата на Алта банка на бизнисменот Давор Мацура и која спред најавите утре ќе влезе во стечај.

Според одлуката на НБРМ грааните во следниот период ќе можат неделно да подигаа само по 10 ооо денари .За само едноноќие од банката се подигнати околу 2 000 000 евра , соопшти на вонредна прес конференција гувернерот Трајко Славевски.

Одлуката за преземање на банката ја донел Ивршниот одбор на НБРМ и мерката која е веќе на сила е од привремен карактер, за најмалку т месеции е вонредна заради зачувување на имото на банката.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кралицата на Ноќта на вештерките шокира со страшен костим: Огромна крвава дланка ги исплаши луѓето

Славниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ 

Кралицата на Ноќта на вештерките шокира со страшен костим: Огромна крвава дланка ги исплаши луѓето

Славниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ – по овие фотографии, сигурно нема да ви биде важно ништо друго.

Познатиот германски модел, Хајди Клум, приреди вистински спектакл на јубилејното, 25-то издание на нејзината прочуена забава за Ноќта на вештерките во Њујорк, појавувајќи се во костим од кој на многумина им застана здивот – стануваше збор за огромна, крвава, отсечена човечка рака!

Иако со денови наназад наговестуваше детали за тоа каков би можел да биде костимот, никој не можеше да претпостави вакво нешто.

Традиционалната забава се одржа во областа „Катедрал“ на Менхетен и собра бројни славни личности, кои вложија максимални напори да привлечат внимание со своите костими. Сепак, како и секоја година, најголем интерес предизвика домаќинката на вечерта, која уште еднаш ги помести границите на креативноста и трансформацијата.

Годинава, Хајди се одлучи за прилично морничава идеја – човечка рака со црвени нокти, масивни златни прстени и верна реплика на нејзиниот венчален прстен.

Целокупниот изглед беше заокружен со крвави детали, поради што моделот изгледаше како огромен, отсечен дел од човечко тело.

Инаку, Хајди низ годинитеизгради репутација на жена која многу сериозно ги сфаќа костимите за Ноќта на вештерките, а нејзините трансформации редовно се главна тема на разговор по секоја забава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите

Според пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите

Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија.

Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас.

Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер