3Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампања
ФудбалГвардиола: Интер е супериорен во однос на Манчестер сити според историјата, но, тоа не е важноТренерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола ги сподели своите очекувања за финалето од Лигата на шампионите против Интер.- Не можам да ги контролирам мислењата на луѓето. Треба само да се фокусираме на она што треба да го направиме. Сè завршува со игра. И ќе победи тимот што ќе има подобри 95 минути. Интер е супериорен од нас по историја. Но, тоа не е важно. Важно е да одиграме подобро од противникот. Тоа е она што може да биде одлучувачки фактор, изјави Гвардиола. Финалето од Лигата на шампионите Манчестер сити - Интер ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот во Истанбул. Интер го „брка“ четвртиот трофеј, Сити ќе игра за прва титула европски шампион. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожариВо текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Попова Шапка на подрачјето на ПСГН Попова Шапка реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и РЦ ГР Север во Скопје и на Граничниот премин Долно Блаце спроведоа превентивни активности за побезбеден сообраќај, укажувајќи им на возачите за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, при тоа информирајќи ги за функционирањето на системот „Безбеден град“. На граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.Тагови: безбеден сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРистовска Додевски: Левица во Центар во служба на СДС, гласаа против намалување на цените на ПОЦЛегалниот рекет на ПОЦ врз центарци е овозможен од коалицијата СДС и Левица кои наутро очигледно прва мисла им е, како денес да му слугуваме на Герасимовски и Зоран Заев.Наместо од денес, да ставиме крај на рекетарството на ПОЦ, овие луѓе ја одбија иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени на паркинг услугите на жителите на Општина Центар. На сила остануваат да важат дуплите и тродупли цени и методи за изнуда на пари од центарци. На сила остануваат да важат политиките кои нѐ прават кираџии во сопствените домови, каде треба да плаќаме кирија за сокаците и тротоарите пред нашите згради. Тоа значи воведување на зонско паркирање. Зонското паркирање значи дека ние центарци можеме бесплатно да се паркираме само во нашата зона, но не и во друга зона. Тоа ако имате дете кое треба да го носите на некоја спортска активност во олимписки базен, вие ако живеете на Водно, ќе го паркирате возилото, ќе мора да плаќате или доколку го носите детето на фудбал во парк повторно мора да плаќате. Зошто центарци да плаќаат кога веќе плаќаат за својата општина? Зошто дополнителни пари ПОЦ да извлекува на граѓаните? Ова не е грижа за граѓаните, како што тие велат. Ова е само начин да се посегне подлабоко во џебовите на центарци, од луѓе кои одамна ја изгубија поддршката од народот. Почитувани, Герасимовски и коалицијата на СДС очигледно немаат намера да ги решаваат проблемите во Општина Центар. Нивна единствена намера е до следните локални избори, да соберат што повеќе пари и да ја соголат општината до коска, само за да ги делат тие пари по тендери и фирми блиски до Венко Филипче и фамилијата Заеви. Ова не се мерки за Центарци, ова се очајни мерки за спас на СДС од пропаст. Диана Ристовска Додевски, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕТагови: Диана Ристовска Додевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампањаРуски ракетен напад врз печатница во близина на Киев уништил огромна количина книги наменети за украинските ученици, во момент кога се интензивирало производството пред почетокот на новата учебна година. Во нападот целосно бил уништен погон во кој требало да се испечатат околу 1,3 милиони учебници, што претставува приближно 10 отсто од сите учебници планирани за печатење во украина, објави Би-Би-Си. Комерцијална директорка на издавачката куќа „Конви“, смета дека нападите врз печатниците и издавачките куќи се намерни. Во последните недели биле погодени повеќе од 35 објекти поврзани со издавачката дејност, а украинските медиуми известуваат дека во нападите биле уништени околу 12 милиони книги.Тагови: Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44