ФудбалГвардиола: Го почитуваме Јунајтед и нивната историја, но во последната деценија бевме подобриМенаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека е пријатно изненаден од нивото на перформанси и концентрација на неговите играчи во последните денови пред утрешното финале на ФА Купот. „Граѓаните“ ги чека решавачка пресметка против градскиот ривал, а евентуален успех ќе им гарантира втор последователен „дабл“. Тој потврди дека сите играчи освен Едерсон се на линија. -Тоа е финале на ФА Купот, „Вембли“, сите наши навивачи патуваат во Лондон, последен натпревар од сезоната и последен напор. Сите патуваат. Импресиониран сум колку добро трениравме во последните неколку дена, играчите беа многу фокусирани, сите сакаат да бидат вклучени во натпреварот и сигурен сум дека ќе дадат се од себе. Но, ние одиме во Лондон да се претставиме добро и да го одбраниме трофејот, објасни шпанскиот стручњак. Гвардиола истакна дека особено внимавал на ситуацијата околу Јунајтед и на тоа дека неговите играчи не треба да го потценуваат противникот поради неговата лоша кампања. -Последниве неколку години работиме подобро од нив во Премиер лигата, особено оваа кампања и играчите го чувствуваат тоа. Јасно им кажав на играчите дека тоа е сосема поинаков тип на игра од првенството. Ние го почитуваме Јунајтед и нивната историја, но во последната деценија бевме подобриот тим. Ја почитувам работата на Тен Хаг во минатото, како и она што тој го направи во Јунајтед. Немаа целосен состав цела сезона, имаа многу повреди. Тоа му направи многу проблеми на менаџерот, прокоментира Гвардиола./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦената на бензините се зголемува за 2 денари по литар, дизелот поскап за 1 денарМалопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,55% во однос на одлуката од 26.10.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек кај бензините за 0,793%, кај дизелот има зголемување за 0,409%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,695% и кај мазутот има зголемување од 2,546%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4400%. Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Од 3.11.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 110,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 55,573 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,300 ден/кг и сега ќе изнесува 55,573 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.11.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: Бензин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
Европа Двајца загинати во пожар во магацин во Трст (ВИДЕО)Маж и жена загинаа во пожар што избувна во напуштен магацин во sтарото пристаниште во Трст. Противпожарните екипи ги пронајдоа телата на првиот кат од трикатниот објект.Првичните сознанија укажуваат на тоа дека пожарот настанал откако група мигранти запалиле оган внатре во објектот. Додека пламените јазици се ширеле, поголемиот дел од групата успеал да побегне, но две лица останале заробени внатре. Пожарникарите влегле во зградата опремени со апарати за дишење за да го изгаснат пожарот и да ги пребараат просториите. За време на интервенцијата, се урнала дрвена подна конструкција, но ниту еден пожарникар не бил повреден. Надлежните сè уште не го соопштиле идентитетот на жртвите, ниту пак ги потврдиле точните околности под кои тие настрадале. #Trieste, incendio nella notte in un magazzino al Porto Vecchio: #vigilidelfuoco al lavoro con 2 squadre, durante le operazioni di spegnimento rinvenuti 2 corpi privi di vita. Esclusa la presenza di altre persone coinvolte, intervento concluso poco dopo l’alba con le operazioni di bonifica dell’area #2novembre — Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) November 2, 2026 Тагови: Трст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ побара Надзорна расправа за скандалот со Алта банка во СобраниетоПратеничката група на СДСМ и коалицијата го стави барањето и побара Надзорна расправа во Собранието за скандалот со Алта банка! За улогата на Народна банка, за институционална одговорност за измамата на граѓаните!Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45