Гвардиола го напушта Манчестер Сити и се сели во Италија?!

Трофејниот шпански фудбалски стратег Пеп Гвардиола  размислува за својата иднина и  се подготвува да  го напушта богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити?!

Најплатениот светски фудбалски тренер одбил да го потпише понудениот договор од Сити за продолжување на соработката. Актуелниот договор на Пеп со граѓаните од Манчестер завршува следното лето.

Англиските медиуми пренесуваат дека Гвардиола го одбил понудениот договор кој важи до следната сезона, што е скоро сигурен знак дека Каталонецот по веќе утврдениот шаблон се подготвува да го напушти клубот.

Постапката на Пеп предизвика фудбалски земјотрес, медиумите веќе започнаа да шпекулираат со името на новиот клуб на Гвардиола. Според актуелната состојба најголем фаворит за ангажман на Гвардиола е италијанскиот великан Јувентус. Пеп според шпекулациите веќе добил одврзани раце и огромен буџет, што за него се услови во кои обожува да работи.

Гвардиола како предводник на Барселона, и Барен Минхен освои се што може да се освои во клупскиот фудбал.

Бил Гејст: Состојбата со корона во САД ќе се врати во нормала до пролет

Гејтс смета дека епидемиолошката состојба ќе се подобри со помош на напредни медицински третмани и, како што рече, „неверојатните“ вакцини.

Еден од најбогатите луѓе на светот, милијардерот Бил Гејтс, коосновачот на „Мајкрософт“ , очекува дека состојбата со корона вирусот во Соединетите Американски Држави, со појавата на „ветувачки вакцини“ и терапија за ковид-19, ќе се врати во нормала до пролетта следната година.

– Следните четири или пет месеци ќе бидат доста тешки, освен ако не ги удвоиме нашите напори и не станеме сериозни – изјави Гејтс за НБЦ Њуз.Тој истакна дека само одговорното однесување може да придонесе за сузбивање на пандемијата и додаде дека затоа е потребно дополнително да се намали бројот на физички контакти и да се носи заштитна маска секаде каде што постои ризик од инфекција.

Гејтс смета дека епидемиолошката состојба ќе се подобри со помош на напредни медицински третмани и, како што рече, „неверојатните“ вакцини.

Тој се надева дека луѓето кои се во дилема дали да примат вакцина против коронавирус ќе бидат поохрабрени по податоците за позитивните искуства и дека тоа навистина помага.

ОЈО: Притвор за осомничен за недозволена трговија со марихуана

На 2 декември, при личен преглед на осомничениот, овластени полициски службеници кај него пронашле 147,6 грама наркотична дрога – марихуана. Дрогата му била одземена, а осомничениот бил приведен информираат од ОЈО.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 2 декември, при личен преглед на осомничениот, овластени полициски службеници кај него пронашле 147,6 грама наркотична дрога – марихуана. Дрогата му била одземена, а осомничениот бил приведен.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, проценувајќи дека осомниченото лице би можело да се даде во бегство или да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Без вода денеска „Марко Орешковиќ" и дел од „Димо Хаџи Димов"

Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Марко Орешковиќ" и дел од улицата „Димо Хаџи Димов" во Општина Кисела Вода.

Како што соопштија од ЈП „Водовод и Канализација" – Скопје, причината за прекинот е дефектот ф-80мм на улицата „Марко Орешковиќ".

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со активностите.

притисни ентер