Гувернерот на Калифорнија сака да ја ограничи употребата на паметни телефони во училиштата - Канал 5

Гувернерот на Калифорнија сака да ја ограничи употребата на паметни телефони во училиштата

 Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, синоќа објави дека сака да биде ограничена употребата на паметни телефони кај учениците во текот на училишниот ден, наведувајќи ги ризиците за менталното здравје од социјалните мрежи.

Гувернерот на Калифорнија сака да ја ограничи употребата на паметни телефони во училиштата

Најавата доаѓа еден ден откако американскиот министер за здравство Вивек Мурти го повика американскиот Конгрес да бара платформите на социјалните медиуми да бидат означени со предупредувања за нивното влијание врз младите.

Гувернерот на Калифорнија рече дека планира да се заснова на закон што го потпишал во 2019 година, со кој се овластуваат училишните области да ја ограничат или забранат употребата на паметни телефони од учениците додека се на училиште или под надзор на вработен во училиштето.

-Како што потврди секретарот за здравство, социјалните мрежи му штетат на менталното здравје на нашата младина. Со нетрпение очекувам да работам со законодавниот дом за ограничување на употребата на паметни телефони во текот на училишниот ден. Кога децата и тинејџерите се на училиште, тие треба да бидат фокусирани на учење, а не на екраните, рече демократскиот гувернер.

Канцеларијата на Њусом не даде повеќе детали за предлогот.

Постои растечка дебата низ САД за тоа како да се решат ефектите од социјалните медиуми и користењето паметни телефони, особено врз младите луѓе.

Во Флорида, републиканскиот гувернер Рон ДеСантис потпиша една од најрестриктивните забрани во САД за користење на социјалните медиуми од страна на децата оваа година.

Собранието на државата Њујорк овој месец усвои закон кој ќе им овозможи на родителите да ги блокираат децата да примаат објави на социјалните мрежи предложени од алгоритмот на платформата.

Одборот на унифициран училишен округ во Лос Анџелес вчера гласаше округот да развие политики што им забрануваат на учениците да користат мобилни телефони во текот на училишниот ден.

Државниот сенатор на Калифорнија, Хенри Стерн, демократ кој претставува дел од областа на Лос Анџелес, воведе закон оваа година за проширување на овластувањата на училишните области за ограничување на употребата на социјалните медиуми од страна на учениците во училиштата.

-Премногу е тешко за кој било наставник, секое училиште или кој било родител сам да го сфати тоа. Има случаи кога државата едноставно мора да се вклучи и да донесе правила, рече Стерн. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Годишно собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГ

Земјите од Медитеранот имаат поставено политики, стратегии и цели на делувања, но сега мора да се влезе во имплементација кога енергетиката е во прашање .

Годишно собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГ

Земјите од Медитеранот имаат поставено политики, стратегии и цели на делувања, но сега мора да се влезе во имплементација кога енергетиката е во прашање – ова е една од клучните пораки од Годишното собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГ, на кое учествуваше Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Регулатори, креатори на енергетски политики, финансиски институции и учесници во енергетскиот сектор дискутираа за унапредување на регионалната енергетска соработка, интеграцијата на енергетските пазари и забрзувањето на енергетската транзиција на медитеранските земји.

Учесниците посочија дека неопходни се јасни и предвидливи правила за надминување на бариерите, при што нагласија дека неопходно е енергетската инфраструктура да се модернизира за поголема ефикасност и флексибилност.

Во фокусот на дискусиите беше и стратешката иницијативата на Европската Унија T-MED чија цел е поврзување на земјите од јужниот Медитеран со ЕУ со цел поттикнување инвестиции во обновливи извори на енергија и зајакнување на регионалната соработка.

МЕДРЕГ е асоцијација на регулатори којашто обединува 30 членки од 24 држави кои припаѓаат географски на медитеранскиот регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц: „Немаме повеќе пари за се“

Рекордниот буџет на Германија за 2027 година во износ од 560 милијарди евра „може да се оправда“, но во наредните години ќе биде потребно значително намалување на расходите, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во Бундестагот, пренесува ДПА.

Мерц: „Немаме повеќе пари за се“

Канцеларот Мерц зборуваше за владината политика, која е централен дел од последната еднонеделна дебата за буџетот.

Пратениците ја започнаа последната дискусија во вторник. Се очекува пратениците да го усвојат буџетот вечерва.

„Во овие времиња мора да разбереме и да учиме заедно... дека повеќе немаме пари за сè“, рече Мерц.

„Сите ние овде ќе мора да се откажеме од некои идеи што ни се блиски до срцето“. Даночните приходи повеќе нема да можат да покријат сè на што се навикнати Германците, истакна канцеларот и додаде дека без заштеди, идните генерации нема да имаат простор сами да ги одредат буџетските приоритети.

Даночните приходи повеќе нема да можат да покријат сè на што се навикнати Германците, истакна канцеларот и додаде дека без заштеди, идните генерации нема да имаат простор сами да ги одредат буџетските приоритети.

„Имаме должност и одговорност заедно да го спречиме тоа“, рече Мерц.

Тој ги повика граѓаните да пристапат кон одлуките за распределба на јавните пари како „заедница на луѓе со добра волја“. Како што рече, за тоа не постои едноставна формула. „Нема калкулатор што може да пресмета што е совршено фер“, заклучи германскиот канцелар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз Сара

Во Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска.

Во Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз Сара

Со отворање на главната расправа, денеска, во Основниот суд во Охрид, почнува судскиот процес против 31-годишниот охриѓанец Кристијан К., обвинет за нападот врз 26-годишната девојка Сара Ѓ. од Охрид, што се случи на 15 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер