Гувернерот на Калифорнија ќе ја тужи администрацијата на Трамп поради Националната гарда во ЛА - Канал 5

Гувернерот на Калифорнија ќе ја тужи администрацијата на Трамп поради Националната гарда во ЛА

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом најави тужба против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање на Националната гарда во Лос Анџелес без согласност на државата.

Гувернерот на Калифорнија ќе ја тужи администрацијата на Трамп поради Националната гарда во ЛА

Њусом најави дека на суд ќе ја оспори извршната наредба на Трамп со која ја федерализирал калифорниската Национална гарда без да се консултира со државната власт.

- Во таа наредба и во документот издаден од Пентагон јасно е наведено дека тие мора да се координираат со гувернерот на државата. Тие никогаш не го направија тоа, посочи Њусом.

Тој наведе дека Трамп е „неодговорен и неморален“ и оти ги загрозува животите.

Трамп нареди испраќање на Националната гарда на улиците на Лос Анџелес без согласност од гувернерот на Калифонија. Таква мерка беше преземена пред 60 години, кога тогашниот претседател Линдон Б. Џонсон нареди распоредување на армијата и Националната гарда во Алабама за да ги заштити 10.000 учесници во маршот за граѓански права, предводени од Мартин Лутер Кинг.

Властите во Лос Анџелес ги повикаа демонстрантите да останат смирени додека Националната гарда е распоредена во градот.

Потпретседателката на Владата на Калифорнија, Елени Куналакис истакна дека „тоа што се случува во Лос Анџелес не е прашање на безбедност, туку заплашување“.

- Бидете смирени. Не му давајте на Трамп она што го сака. Нашата сила е во единството, а не во хаосот, посочи Куналакис.

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција, ќе го гради кумановската „Рапид билд“

Во близина на Неготино денеска ќе почне изградбата на гасниот интерконектор со Грција кој од македонска страна ќе го гради кумановската компанија „Рапид Билд“ со која во мај беше потпишан договор. 

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција, ќе го гради кумановската „Рапид билд“

На настанот, што е во организација на државната компанија која управува со националната гасоводна мрежа НОМАГАС, најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и други владини претставници и меѓународни партнери.

Компанијата „Рапид Билд“ понуди најниска цена од 59,9 милиони евра, што беше за 12 милиони евра пониска од второрангираната понуда на фирма од Србија.

Министерката за енергетика, во мај кога се потпишуваше договорот, изјави дека очекувањата се изградбата да трае 22 месеца, а интерконекторот да биде готов во 2027 година.

Вкупната инвестиција е околу 60 милиони евра. Македонскиот дел од интерконекторот е во должина од 67 километри и е протега од Гевгелија до Неготино. Од грчка страна интерконекторот е со должина од 123 километри и тој е речиси готов.

Гасното поврзување со Грција ќе и овозможи на земјава да има повеќе извори на природен гас затоа што во моментот единствената врска за природен гас е преку Бугарија.

Активни седум пожари, два локализирани, ЦУК регистрирал вкупно 31 пожар на отворен простор

Центарот за управување со кризи утринава информира дека заклучно до седум часот на територија на цела држава активни се седум пожари, а два се локализирани. 

Активни седум пожари, два локализирани, ЦУК регистрирал вкупно 31 пожар на отворен простор

Според информациите на ЦУК, имало вкупно 31 пожар на отворен простор од кои 22 се изгаснати.

Активни остануваат пожарите кај селото Самоков и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатин во општина Македонски Брод, потоа меѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, кај селото Љубанци во општина Бутел, кај селото Николич во општина Дојран, како и пожарите под Солунска глава меѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка и селото Крушевица во општина Кавадарци.

Локализирани се пожарите кај селото Рамне во општина Македонски Брод и кај Градската депонија во општина Делчево.

Трамп планира нови царини за фармацевтските производи до 200 проценти

 Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување на дополнителни царини од 200 отсто на увоз на фармацевтски производи и 50 проценти на увозот на бакар.

Трамп планира нови царини за фармацевтските производи до 200 проценти

- Наскоро ќе објавиме нешто за фармацевтските производи. Ќе им дадеме на луѓето една година, една и пол година да дојдат тука, а потоа ќе имаат царини, посочи Трамп.

Тој веќе воведе царини од 50 проценти за увоз на челик и алуминиум, во обид да ја поттикне реиндустријализацијата на САД.

Трамп вчера наведе дека од 1 август ќе стапат дополнителни царини за десетици земји кои имаат трговски суфицит со САД и оти повеќе нема да има одложување на мерката.

притисни ентер