Како почнаа судирите во Лос Анџелес? - Канал 5

Како почнаа судирите во Лос Анџелес?

Трамп од Њу Џерси, на заминување кон претседателскиот авион Ер Форс Уан, даде изјава за новинарите: „Таму има насилни луѓе и нема да им го дозволиме тоа.“

Како почнаа судирите во Лос Анџелес?

Во предградието на Лос Анџелес наречено Парамаунт, каде што повеќе од 82 проценти од населението се Латиноамериканци, изминатиот викенд настана паника поради рација на илегални мигранти и информации дека мигранти без документи биле уапсени пред продавницата Хоум Депо. Иако американското Министерство за домашна безбедност подоцна ги демантираше тие информации, штетата веќе беше направена – градот експлодираше во протести кои ескалираа во насилство кое сè уште трае.

Во неделата наутро, еден ден по ескалацијата, паркингот пред продавницата изгледаше необично празен. Инаку место за собирање на десетици дневни работници кои таму бараат работа, главно меѓу купувачите и градежните изведувачи, тој ден беше речиси пуст. Само два мали камионети нудеа помош за поправки, бојадисување и покриви.

- Всушност, никој не знае што точно се случило. Сите се исплашени, рече Хуан, кој со двајца пријатели се потпираше на задниот дел од својот пикап Тојота.

Локалните жители за Би-Би-Си изјавија дека ден претходно виделе возила на имиграциската служба во близина, а потоа се прошириле гласини дека работници без документи биле фатени и однесени. Следеа демонстрации кои многу брзо станаа насилни – летаа камења и молотови коктели, а властите одговорија со солзавец, гумени куршуми и димни бомби.

И покрај тоа, американското Министерство за домашна безбедност (ДХС) порача: „И покрај лажните извештаи, немаше рација на ICE во Хоум Депо во Лос Анџелес.“

Националната гарда на улиците

Насилството не запре само во Парамаунт. Автомобили гореа, продавници беа ограбени, а федералните власти немирите ги нарекоа бунт кој се прошири низ целиот град.

Поради ескалацијата, актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, одлучи да ја испрати Националната гарда во Лос Анџелес — потег кој обично го повлекува гувернерот, а не претседателот. До неделата, вооружени припадници на гардата го чуваа деловниот комплекс наспроти продавницата Хоум Депо, опкружени со возила Хамви и барикади, додека демонстранти со мексикански знамиња викаа и ги навредуваа.

- Вие не сте добредојдени овде! викаше еден маж со капа од LA Angels, додека друг со спреј пишуваше пцости на ѕидот кон имиграциската служба ICE.

ДХС објасни дека во тој ограден комплекс се наоѓа една од нивните филијали и дека просторот го користеле за оперативна подготовка, но „бунтовниците ги откриле“.

Според податоците на ДХС, оваа недела во Лос Анџелес биле уапсени 118 мигранти без документи, од кои петмина наводно припаѓале на банди. Некои од нив, велат, веќе имале криминални досиеја за нелегална трговија со дрога, напади и грабежи.

„Време беше да се стане“

Трамп од Њу Џерси, на заминување кон претседателскиот авион Ер Форс Уан, даде изјава за новинарите: „Таму има насилни луѓе и нема да им го дозволиме тоа.“

Во Парамаунт, Дора Санчез сè уште се обидуваше да сфати што се случило претходната ноќ. Во неделата, со други локални жители, дојде во црквата Chapel of Change, само една улица подалеку од центарот на протестите.

- Со години ја градевме оваа заедница, станавме семејство, рече таа. „А сега сè се распадна во една ноќ. Ова беше точка на прекршување за нашата заедница.“

Лос Анџелес е еден од најголемите американски градови каде малцинствата сочинуваат мнозинство од населението. Латиноамериканците се најзастапената етничка група, а мигрантите – особено оние од Мексико – го сочинуваат јадрото на културниот и историскиот идентитет на градот.

Градот се гордее со статусот на „засолниште“, што значи дека градските власти одбиваат соработка со федералните имиграциски власти. Сепак, многумина овде чувствуваат дека администрацијата на Трамп токму нив сака да ги протера. „Време беше да се стане“, рече Марија Гутиерез, која протестираше во Парамаунт. „Ова се моите луѓе.“

Таа е родена во Мексико, но живее во Лос Анџелес уште од детството. Како и многумина во заедницата, има роднини без документи. „Ова е Л.А.“, додаде таа. „Сите знаеме некој што нема документи. Сите сме погодени.“

Индекс. хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Современа терапија за 126 пациенти со цистична фиброза

Децата од две до 12 години со цистична фиброза се вклучени на терапија и имаат одлични резултати. 

Клековски: Современа терапија за 126 пациенти со цистична фиброза

Вкупно има 79 деца, додека седум деца не се бидејќи имаат одредени мутации за што лекот не може да помогне.Најважно е што за сите пациенти има лекови и нема на листа на чекање, објасни министерот за здравство Сашо Клековски. Од 2027 година на листата за лекување на цистична фиброза ќе има нови лек што треба да им помогне на сите пацинети кои имаат гентески мутации.

По објавувањето на ревизорскиот извшетај со забелешки за системот „Мој Термин“ што во периодот од 2021 до 2026 година, од вкупно 1.945 дена, системот „Мој Термин“ поминал дури 737 дена без активен договор.

Министерот Клековски објасни дека побарал да се видат сите недостатоци и ќе реагираат за тоа која фирма ќе продолжи да работи. Конечниот извештај на ревизорите открива дека државното здравство се потпира на застарена опрема, додека листите на чекање за хируршки интервенции се манипулираат со упати без термин, оставајќи илјадници пациенти во неизвесност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руска пропагандна мрежа ширела лажни вести преку псевдо-портали, претрес кај осоминчен за ширење дезинформации

Пропагандна мрежа која преку клонирани псевдо-портали со македонски интернет-домени ширела лажни вести и дезинформации во функција на руски интереси е предмет на истрага на безбедносните институции. 

Руска пропагандна мрежа ширела лажни вести преку псевдо-портали, претрес кај осоминчен за ширење дезинформации

Агенцијата за национална безбедност во координација со МВР и Обвинителството преземаат опсежни активности за откривање и попречување на мрежата, која работела во корист на странски интереси, наведуваат од АНБ.

Во рамки на истрагата, на 18 септември бил извршен и претрес во домот на македонски државјанин, за кого постои основано сомнение дека бил дел од странскиот пропаганден апарат.При претресот биле пронајдени и одземени предмети кои во моментов се на дополнително вештачење, А лицето е осомничено за три кривични дела...

-Поради основано сомнение дека е сторител на КД „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ по член 319 од КЗ, „Одавање службена тајна“ по член 360 од КЗ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ, извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени предмети кои во моментов се предмет на дополнително вештачење.

---Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во фунција на руски интереси се кријат преку креиорани псевдо портали, регистрарни преку кои се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост. – соопштија од АНБ

Според информации на „Слободен печат“, лицето во чиј дом бил извршен претресот е А.С., македонски државјанин кој бил во постапка за добивање бугарско државјанство и бил поврзан со мрежа интернет-портали преку кои се пласирале пробугарски содржини. Истото лице се поврзува и со сомнежите за оддавање службена тајна, односно со дипломатската нота поврзана со патувањето на семејството на премиерот Христијан Мицкоски во Пампорово, Бугарија, која подоцна беше објавена и споделувана низ бугарски и македонски портали.

Од АНБ велат дека актуелните активности се продолжение на претходно попречени проруски хибридни активности поврзани со македонски државјанин, против кого претходно била поднесена кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Костадиновски на средба со амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и заменик-амбасадорката Ника Ротар.

Костадиновски на средба со амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер

Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот Прескер за актуелностите и предизвиците со кои се соочува Уставниот суд, како и за активностите насочени кон зголемување на ефикасноста, транспарентноста и зголемување на довербата на јавноста во Судот.

На средбата беше нагласено и значењето на добрата соработка меѓу уставните судови на Македонија и Словенија, како и потребата таа и во иднина да се развива преку организирање на заеднички активности и настани на кои ќе се разменуваат искуства и добри практики.

Соговорниците ги истакнаа традиционално пријателските односи меѓу двете земји како добра основа за натамошно продлабочување на соработката, соопштуваат од Уставниот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер