За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
2За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
СветГувернерот на Калифорнија бара федерална забрана за вклучување војска во имиграциски апсењаГувернерот на Калифорнија Гавин Њусом поднесе итно барање до федерален суд за да ја спречи администрацијата на Доналд Трамп да користи припадници на Националната гарда и маринци за поддршка на имиграциските власти во Лос Анџелес.Тој предупреди дека таквиот потег ќе го зголеми социјалниот притисок и ќе предизвика јавни нереди. Според него, одлуката на Трамп за распоредување на околу 4.000 припадници на Националната гарда и 700 маринци претставува опасен преседан. Првично испратени да обезбедуваат федерални згради, војниците сега асистираат и при апсења на имигранти. Фотографии објавени од Имиграциската и царинската служба (ICE) покажуваат припадници на гардата како го штитат персоналот за време на акции. Според ICE, тие војници се задолжени за заштита на федерални објекти и службеници кои секојдневно ги спроведуваат имиграциските закони. Гардеристите можат привремено да задржат лица кои напаѓаат службеници, но само полицијата може да врши апсења. Њусом изјави дека имиграциската политика на Трамп одамна ги надминала границите на апсење на криминалци, бидејќи меѓу уапсените има и перачи садови, градинари и шивачки. „Калифорнија можеби е прва, но сигурно нема да биде последна“, предупреди Њусом, додавајќи дека операцијата на Трамп е директно нарушување на државната надлежност.Тагови: Калифорнија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗа шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачитеЗа сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци. Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност. Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци. Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид. За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.Тагови: прекршоци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“. Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter