Гувернерот на Флорида со порака до Бајден: Претседателе, дозволете му на Ѓоковиќ да игра тенис - Канал 5

Гувернерот на Флорида со порака до Бајден: Претседателе, дозволете му на Ѓоковиќ да игра тенис

Во САД стартуваше престижниот АТП турнир во Индијана Велс на кој го нема водечкиот играч на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ.

Гувернерот на Флорида со порака до Бајден: Претседателе, дозволете му на Ѓоковиќ да игра тенис

Да потсетиме, српскиот тенисер не се вакцинираше против коронавирусот и јасно стави до знаење дека не планира да го направи тоа, поради што веќе пропушти голем број турнири.

Најпрестижен е Австралија Опен, од кој лани беше исфрлен, а годинава му беше дозволен влез во Австралија и ја освои 22. Грен слем титула. Според сегашните американски регулативи, странските патници во земјата мора да имаат доказ за вакцинација.

Организаторите на Индијана Велс минатиот викенд објавија дека Ѓоковиќ нема да учествува на турнирот, а се уште не е познато дали Србинот ќе игра на АТП Мајами, турнир кој започнува на 22 март.

Сегашните регулативи го спречуваат да го стори тоа, но Ѓоковиќ би можел да добие специјална дозвола за влез во САД, за што се залагаат бројни влијателни луѓе. Меѓу нив е и републиканскиот гувернер на Флорида, Рон Де Сантис, кого некои го гледаат дури и како можен кандидат на претседателските избори.

„Би организирал брод од Бахамите за да го донесам Ѓоковиќ во Мајами доколку е потребно, секако би го направил тоа. Мислам дека неговиот тим ја разгледува таа опција и не сум сигурен кој би бил најлесниот начин да се влезе во земјата. Мислам дека доаѓањето со брод би било одлично.

Единственото нешто што го спречува Ѓоковиќ да учествува на Мајами опен се ненаучните и неоправдани ставови и предлози на претседателот Бајден за статусот на вакцинација на странските патници. Претседателе, укинете ги забраните и пуштете го Ѓоковиќ да игра“, рече Де Сантис на прес-конференција.

Сегашните ограничувања за патување се за луѓето кои пристигнуваат во САД по воздушен пат, но Си-Ен-Ен вели дека тие треба да важат и за другите начини на транспорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

На 22.09.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода С.Д.(30), Р.К.(30) и 24-годишната Д.А., сите од Кочани.

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

При претрес во домот на С.Д. во кој биле затекнати Р.К. и Д.А., извршен со наредба од Основен суд Кочани, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, дигитални ваги и пари во различни апоени. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напаѓачот кој пукаше кај училиште во Маниса го најавил нападот

По вчерашниот вооружениот инцидент во средно улилиште во Маниса во кое беа повредени 11 ученици, истрагата утврдила дека напаѓачот преходно го најавил нападот не негов роднина, но дека не бил сватен сериозно.

Напаѓачот кој пукаше кај училиште во Маниса го најавил нападот

Истрагата утврдила и дека напаѓачот, кој пукаше со пушка кон учениците, претходно околу еден месец пред нападот вежбал пукање со пушката на неговата баба, муницијата ја купил во продавница за ловна опрема за 600 турски лири што му ги дала неговата баба.

Меѓу приведените се и родителите на осомничениот,неговите баба и дедо, како и сопственикот на продавницата за ловна опрема каде што била купена муницијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијата

На две собраниски комисии денеска беше разгледана национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година. 

Во Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијата

Според првиот човек на антикорупциската и дел од рпатениците стратегијата не смее да остане на хартија и порачаа дека е потребна заедничка воља за нејзино спроведување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер