Гутереш против употреба на касетна муниција - Канал 5

Гутереш против употреба на касетна муниција

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, се противи на употребата на касетна муниција, соопшти денеска неговиот кабинет.

Гутереш против употреба на касетна муниција

- Генералниот секретар ја поддржува Конвенцијата за касетна муниција (ЦЦМ), која, како што знаете, е усвоена пред 15 години и сака земјите да ги почитуваат условите на конвенцијата. Така, се разбира, тој не ја поддржува употреба на касетна муниција на бојното поле, стои во соопштението.

Конвенцијата забранува секаква употреба, складирање, производство и пренос на касетна муниција.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг претходно изрази разбирање за тековните дебати во САД за вооружување на Украина со касетни бомби против Русија.

- Соочени сме со брутална војна, рече тој, истакнувајќи дека двете страни користат касетни бомби. Сепак, Столтенберг истакна дека Украина користи касетна муниција само во одбрана.

- Русија користи касетна муниција за да нападне, да ја нападне Украина. Украина користи касетна муниција за да се заштити од агресорот, рече тој.

Столтенберг рече дека на поединечни сојузници е да одлучат какво оружје и опрема ќе и испратат на Украина, но подвлече дека НАТО нема заеднички став околу употребата на касетни бомби.

Според извештаите објавени вчера во американските медиуми, САД треба да испратат касетна муниција во Украина за да и помогнат на земјата разорена од војна дополнително да ја одбие руската инвазија. Според Си-Ен-Ен, официјалното соопштение би можело да биде објавено денеска.

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (ОХЦХР) во Женева го осуди планот, истакнувајќи дека меѓународната Конвенција за касетна муниција се обиде да го забрани оружјето. САД, Русија и Украина не ја потпишаа конвенцијата.

- Касетната муниција расфрла мали бомби на широк простор, рече Марта Хуртадо, портпаролка на ОХЦХР.

- Тие убиваат и осакатуваат луѓе години подоцна по завршувањето на конфликтот, нагласи таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците

50-годишна жена била пренесена во болница откако доживеала срцев удар во областа на полициската станица во Илиополи, предградие на Атина.

Трагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците

Директорката на Второто средно училиште во Илиополи, која наводно доживеала срцев удар пред училиште во областа, откако била удрена од гром, според неофицијални информации.

Според информациите, жената била преземена од екипата на Итната медицинска помош (EKAB), која веднаш започнала со кардиопулмонална реанимација (CPR) и ја продолжила постапката континуирано во текот на целиот нејзин транспорт. Пред да ја преземат Итните служби, медицински техничар од основното училиште ѝ обезбедил и CPR.

50-годишната жена немала витални знаци кога амбулантното возило пристигнало во болницата, но лекарите успеале да ја реанимираат. Според информациите, таа е интубирана во болницата.

Првичните извештаи дека срцев удар може да биде поврзан со удар од гром во областа не се потврдени. Околностите околу инцидентот се испитуваат. Жената се струполила на улицата пред училиштето, што ги натерало минувачите да повикаат помош, а екипа на брза помош веднаш пристигнала на местото на настанот, објавија грчките медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранети

Турскиот министер за правда, Акин Гурлек, изјави дека 11 ученици се повредени во вооружениот инцидент што утрово се случи пред средно училиште во Маниса, од кои двајца се тешко повредени.

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му.

Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина на Измир. Напаѓачот побегнал од местото на настанот, но брзо потоа бил фатен и уапсен од полицијата. Тој е снимен од камери за видеонадзор – облечен е во темна облека, а во раката држи пушка.

Мотивот за нападот сè уште е непознат, а за случајот е покрената истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

САД планираат повторно да воспостават воена база од времето на студената војна во јужен Гренланд и да отворат уште една на источниот брег, во рамките на договорот што треба да го потпишат со Данска и Гренланд денеска во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Текстот на договорот не е јавно објавен, а три лица запознати со него изјавија дека деталите нема да бидат финализирани сè додека договорот не се потпише.

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

Договорот доаѓа по повеќемесечниот притисок од Доналд Трамп, кој бараше САД да имаат контрола врз Гренланд и во одредени моменти не ја исклучуваше можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на оваа полуавтономна данска територија. Заканите на Трамп, кои го достигнаа својот врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер