„Pалност е што меѓународната заедница не може да најде механизам за цврсто лидерство во борбата против пандемијата“, рече тој на прес-конференција.
„Очигледно е дека меѓународната заедница е поделена во време кога обединувањето е поважно од кога и да било “, истакна Гутереш.
Тој посочи на исклучување помеѓу „лидерството и моќта“.
„Ние гледаме примери на лидерство, но тие обично не се поврзани со моќта. И, каде гледаме моќ, понекогаш нема неопходно лидерство“, рече тој.
Гутереш призна дека има несогласувања во рамките на Советот за безбедност на ООН, кој не успева да донесе резолуција повеќе од еден месец што ќе ја потенцира итната потреба за посилна соработка од сите земји во борбата против пандемијата.
„Советот за безбедност е група на земји и знаеме дека односите меѓу големите сили денес се многу нефункционалнен и затоа Советот за безбедност тешко може да донесе одлуки“.
Дипломатите не успеваат да се договорат за резолуцијата до Светската здравствена организација, чие финансирање го укина американскиот претседател Доналд Трамп.