Гушкањето пред спиење влијае врз психичкото здравје на децата - Канал 5

Гушкањето пред спиење влијае врз психичкото здравје на децата

Гушкањето пред спиење има големо благотворно влијание врз менталното здравје на децата. Имено, оваа здрава навика, како што велат психолозите, е важен фактор за емотивниот развој.

Гушкањето пред спиење влијае врз психичкото здравје на децата

Психологот Лора Рид од Велика Британија објаснува дека гушкањето придонесува за создавање поцврсти емоционални врски меѓу родителот и детето, што е од клучно значење за емоционалната стабилност. Таа физичката поврзаност пред спиење, му помага на детето да се опушти и да му го намали стресот, бидејќи гушкањето го активира окситоцинот - хормон којшто го зголемува чувството на сигурност и безбедност, а ја намалува анксиозноста.

Прегратката пред спиење е едноставен, но многу важен начин за зајакнување на емоционалното здравје и менталната отпорност на детето.

Според д-р Рид, навиките како гушкањето пред спиење, исто така, го подобруваат квалитетот на сонот, а децата кои добиваат емоционална поддршка полесно заспиваат и се помалку склони кон ноќни стравови, што придонесува за подобра ментална стабилност. Децата кои се чувствуваат безбедно и сакани, обично, се психички поотпорни, па и пoтoa во животот полесно се справуваат со предизвиците и стресот, а развиваат и здрава емоционална рамнотежа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Топлото време ќе продолжи, но метеоролозите најавуваат дека попладнево на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Слично време се очекува и во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби седна на обвинителна клупа откако против него и седум други лица беше поднесено обвинение за злоупотреби при набавка во Државна лотарија.

Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа

По шест месеци во домашен притвор утринава беше спроведен во скопскиот Кривичен суд. Но наместо низ главниот влез на судската зграда каде вообичаено ги спроведуваат обвинетите кои се со мерка домашен притвор, со полициско возило Груби беше спроведен преку гаражите на судот. Во истрагата за случајот беше осомничен за проневера во службата но обвинителството го преквалификува делото во „злоупотреба на службената положба и овластување“, за кое е предвидена поблага казна, односно од 1 до 5 години затвор.

-Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Р. С. Македонија во својство на собрание на Државната лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво, стои во обвинението. - ОЈО Скопје

Првообвинет во случајот е поранешниот генерален директор на Државна Лотарија, Перперим Бајрами кој е во бегство и за кој се уште има активна потерница. Обвинети се и поранешниот генерален секретар на Влада, Методија Димовски, потоа поранешниот претседател и членови на надзорниот одбор Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамаданоски, Александар Димитриоски и Башким Авди.

Во случајот „Државна лотарија“ обвинети се вкупно осум лица:

Перпарим Бајрами – поранешен генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Државна лотарија“ – во бегство.

Артан Груби – поранешен прв вицепремиер

Методија Димовски – поранешен генерален секретар на Владата

Скендер Мехмети – поранешен член/претседател на Надзорниот одбор

Бојан Јанев – поранешен член на Надзорниот одбор

Фатмир Рамаданоски – поранешен член на Надзорниот одбор

Александар Димитриоски – поранешен член на Надзорниот одбор

Башким Авди – поранешен член на Надзорниот одбор.

Сите се товарат за исто кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинението во текот на 2023 и 2024 година заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности и со намера на „Државна лотарија“ ѝ нанеле штета од 8,2 милиони евра.

Пред судот обвинението го застапуваат обвинителите Даниел Коцев и Александар Давчевски од скопското обвинителство. Вина кај обвинетите ќе докажуваат со 231 матертијален доказ и 7 сведоци. На денешното прво рочиште на обвинетите им беа доставени доказите и беше договорена диманиката на рочиштата.

Со оглед на тоа дека се работи за обвинителен предлог и предмет кој се суди по скратена постапка, судијката Билјана Шуплиновска Јовевски им остави простор од десетина дена на одбраната да ги разгледа доказите и следно рочиште закажа за 7 септември.

Сега обвинетиот поранешен прв вицепремиер Артан Груби кој во случајот го застапуваат двајца адвокати, Гоце Ристевски и Владимир Доневски, речиси една година беше во бегство. Во декември 2024 година преку граничниот премин Блаце кон Косово пеш ја преминал границата иако бил на стоп листа. На 23 февруари годинава во утринските часови се појави на истиот гранничен премин каде беше уапсен, но по распитот наместо во затворски притвор кој првично се бараше, обвинителството кое тогаш објасни дека е поради безбедносни причини, побара куќен притвор, мерка која ја определи Кривичниот суд.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лидерката на германската АФД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген

Копретседателката на ултрадесничарската Алтернатива за Германија -АФД, Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната влада, ќе бара Германија да ги напушти еврозоната и шенгенскиот договор.

Лидерката на германската АФД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген

Копретседателката на ултрадесничарската Алтернатива за Германија -АФД, Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната влада, ќе бара Германија да ги напушти еврозоната и шенгенскиот договор, затворање на националните граници и значително заострување на миграциската политика..

Вајдел тоа го изјави во интервјуто за германската телевизија Зе-Де-Еф..

„На Германија ѝ беше значително подобро пред воведувањето на еврото“, рече Вајдел тврдејќи дека заедничката европска валута ја ослабела германската економија и го намалила богатството на домаќинствата..

Во однос на миграцијата, таа најави затворање на германските граници и излез на Германија од Шенген-зоната..Таа се заложи и за поголем број депортации и ограничено доделување германско државјанство. На национално ниво испитувањата на јавното мислење на афд ѝ даваат поддршка од 27 отсто, додека владеачката Це-Де-У има 22 отсто од гласачите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер