3СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите
3Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
ЖивотКраткорочното спиење може да биде фатално за една група луѓе, еве кои!Во постојаната трка со обврските, прво страда сонот, а сите мечтаат за магичните 8 часа сон.Меѓутоа, овде важи правилото дека мора да внимавате што посакувате, бидејќи данските научници утврдиле дека ако спиете повеќе од девет часа и сте дијабетичар, тоа може да има сериозни последици по вашето здравје. Во ова данско истражување учествувале 400 испитаници на кои им бил дијагностициран дијабетес тип 2 во последните три години. Целта на студијата била да се утврди врската помеѓу должината на спиењето и ризиците по здравјето. Учесниците биле поделени во три групи: првата група спиела помалку од седум часа, втората имала оптимални седум до девет часа сон, а третата спиела повеќе од девет часа. Во текот на 10-те дена истражување, научниците барале знаци на микроваскуларно оштетување, односно оштетување на малите крвни садови, што може да доведе до сериозни проблеми како што се губење на видот и слабеење на функцијата на бубрезите. Ова оштетување било откриено кај 38 отсто од луѓето кои спиеле помалку од седум часа, во 31% отсто било застапено кај луѓето кои спиеле предолго, додека кај оптималната група процентот бил само 18. Статистиката покажува дека кај луѓето кои спиеле помалку од седум часа, ризикот од микроваскуларни заболувања бил 2,6 пати поголем во споредба со оптималната група, додека кај оние кои спиеле повеќе од девет часа, ризикот бил 2,3 пати поголем. Со возраста, бројките стануваат уште полоши - имено, кај луѓето над 62 години, краткото спиење го зголемува ризикот од опасни болести за дури 5,7 пати во споредба со луѓето кои спијат меѓу седум и девет часа. Истражувачите, кои ќе ги претстават своите наоди на состанокот на Европската асоцијација за дијабетес во Мадрид, ја нагласуваат важноста од фокусирање на времетраењето на спиењето. Микроваскуларното оштетување е тесно поврзано со дијабетес тип 2, вклучувајќи нефропатија и ретинопатија. Околу 20 проценти од луѓето со дијабетес ќе развијат дијабетична нефропатија, што може да доведе до бубрежна болест – ова често бара трансплантација или дијализа. Нефропатијата може да доведе до скок на крвниот притисок, како и зголемен ризик од срцев и мозочен удар. Ретинопатија води до постепено влошување на видот, заматен вид и болка во очите, пишува The Sun.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалОдложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда, 28 октомври, по сериозната железничка несреќа во Толедо, во која, според шпанските медиуми, загинаа најмалку 68 лица, а 80 се повредени.Трагедијата се случи кога два брзи возови се судрија помеѓу градовите Лос Хевенес и Урда, а несреќата ја потресе Шпанија. Шпанската фудбалска федерација објави дека целиот распоред на куп натпреварите закажани за среда ќе биде одложен. Меѓу клубовите што требаше да излезат на теренот се Леванте, Алавес, Валенсија, Селта Виго и Бетис, тимови што се натпреваруваат во највисокото ниво на шпанскиот фудбал. Сè уште не е познато кога ќе се играат одложените натпревари, додека сè уште нема официјална одлука за судбината на 14-те натпревари од Купот на кралот закажани за четврток. Според оригиналниот распоред, Севиља, Атлетик Билбао и Хетафе исто така требаше да играат во ова натпреварување во четврток. Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена во сенка на трагедијата што одзеде голем број животи и остави бројни повредени.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаКазнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот. По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзбор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?За неполн час треба да биде познато кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителите галсаа денеска, а резултатите треба да бидат сумирани и објавени на јавна седница. Пред Обвинителството е Михајло Видимлиски, Михајло кој од канидадтите има најголеми шанси да го наследи Абази? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter