„Ова е време на сите Венецуелци, на оние кои се во униформа и оние кои не се. Сите треба да излезат на улиците, во мир”, изјави Лопес во своето прво појавување во јавноста, откако во 2014 година беше приведен поради организирање протести против владата. ГУаидо во снимката направена утрово на воен аеродром во Каракас, во присуство на војници и неколку оклопни возила, рече дека тие војници го штитат Уставот.