Груевски станал Унгарец?: Истражувачка мрежа открива дека екс-премиерот зел државјанство уште во 2022 година - Канал 5

Груевски станал Унгарец?: Истражувачка мрежа открива дека екс-премиерот зел државјанство уште во 2022 година

„Паѓа ли во вода“ најавуваната екстрадиција на екс-премиерот Никола Груевски?

Груевски станал Унгарец?: Истражувачка мрежа открива дека екс-премиерот зел државјанство уште во 2022 година

„Паѓа ли во вода“ најавуваната екстрадиција на екс-премиерот Никола Груевски од Унгарија? – По објавата на унгарската истражувачката мрежа VSquare, дека поранешниот премиер добил целосно Унгарско државјанство уште во 2022 година, повторно се отвори прашањето дали Будимпешта воопшто ќе го испорача во Македонија – оти државата јавно има декларирано дека генерално не екстрадира свои државјани.

Од Министерството за правда, кои во изминатиов период ја интензивираа постапката за екстрадиција велат дека внимателно ги следат информациите во јавноста и дека независно од истите продолжуваат со постапката согласно домашните закони и билатералните договори.

-Независно од сите шпекулации и неофицијални информации за евентуалниот статус што го има во Унгарија, Никола Груевски останува државјанин на Република Македонија и е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки. Министерството за правда нагласува дека постапката за негова екстрадиција продолжува согласно домашното законодавство, билатералните договори и меѓународните конвенции. Во рамки на своите наджености, Министерството и натаму ќе ги презема сите неопходни правни и дипломатски чекори во комуникација со надлжените органи во Унгарија. - Министерство за правда

За ова беше прашан и премиерот Мицкоски, на што тој кратко одговори:

-Немам таква информација.

И да биде одземен политичкиот азил, кој го најавуваше новиот премиер Петер Маѓар, одземањето или поништувањето на државјанстово е значително потешко, оти не почива само врз политичка волја, туку тоа значи институционален процес, кој на Груевски му нуди правни механизми и поголема сигурност, според тамошната легислатива. Токму поради ова, дел од правниците сметаат дека ваквиот момент би можел речиси целосно да ја закочи ионака долгогодишната и неизвесна постапка за негова екстрадиција.

-Во секој случај, ако добил и Унгарско државјанство ќе ја отежни целата постапка околу екстрадицијата, дополнително, што во мигот кога доби азил, го доби меѓудругото затоа што сметаа унгарските власти дека е политички прогон. Сево ова заедно ја отежнува, ако не ја прави и малку невозможна екстрадицијата. Ако Унгарија има таква пракса, може да се повика било кој на таа судска нивна пракса, но верувам дека и нивни билатерални спогодби, и во нивните прописи постои ваква одлука. Унгарија е членка на ЕУ, таму законодавната власт е одделена од извршната, и судската од извршната и законодавната, па верувам ќе се почитуваат правните правила, за разлика од некои други земји каде што е пресудна политичката волја и моќ.- Звонко Давидовиќ – Адвокат

Министерството за правда минатиот месец најави дека повторно ја активира постапката за екстрадиција на Груевски и побараа компетна документација од судовите, обвинителствата и МВР за сите актвини и стари предмети против него како подготвка за евентуално ново барање до Будимпешта. Првото барање за екстрадиција беше испратено во 2018 година, дополнувањето во јуни 2019, а во август истата година Унгарија официјално го одби барањето, оти екс – премиерот добил азил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата  на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус.  

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико.

Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис.

Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата.

Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата.

Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата.

Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат.

До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

76-годишен скопјанец во својот дом бил нападнат и ограбен од двајца познаници. 

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

-Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари. информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер