Груевски: Скопје 2014 одличен проект со значајна суштина поврзана со нашиот идентитет и историја

Скопје 2014-та е одличен проект, со значајна суштина, поврзана со нашиот толку многу негиран идентитет и историја, со разубавување на главниот град, со негово правење поатрактивен за туристите, со активирање на градежниот сектор во време на најголемата светска криза, со обезбедување сопствени простории на државните институции, наместо плаќање кирија итн., но можеби беше наша грешка што сакавме да направиме се што се пропуштило во 50 години.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски во обраќањето на 15.Конгрес на партијата, кој се одржува во Куманово. Посочи дека има и различни коментари околу естетиката и вкусот, но, појасни, секаде во сите големи градови било исто кога се правеле вакви крупни проекти и зафати во центрите на главните градови.

- Некои биле против и жестоко протестирале други биле за, и од естетски агол и од секој друг агол. Овој проект за среќа има многу повеќе поддржувачи отколку противници, како во Скопје, така и на ниво на Македонија. Но, сепак се чини предолго се развлече и надгради, а имајки го предвид дека на некои луѓе им пречи. Сега е во завршна фаза, рече Груевски.

Во делот на спомен обележјата, посочи, ни преостана уште изградбата на спомен обележјето на светски познатата хуманистка скопјанката Мајка Тереза, чие проектирање е при крај и наскоро ќе почне градбата и тоа е последниот споменик, кој е предвиден во овој проект за кој ќе инвестираме буџетски средства.

- Запознат сум од медиумите дека едно здружение, подготвува со сопствени средства и споменик на прогонетите Македонци од граѓанската војна во Грција. Завршно со ова, мислам дека за овој период е направено повеќе од доволно во поглед на спомен обележјата. Тие споменици и настаните и ликовите на тие споменици, ќе го држат рбетот на македонската нациија низ иднината, како што преку нивното делување низ историјата ја држеле кичмата исправена на македонската нација токму тие ликови кога биле живи и делувале, и станале херои и големи личности со кои најголем дел од нас се идентификуваат, истакна Груевски.

Во таков контекст, но поширок од самиот овој проект, рече Груевски, имаше и многу забелешки дека имаме преголем фокус на историјата.

- Мое мислење е дека ни требаше еден таков период заради потиснувањата и искривувањата претходно, и сега тој дел е надокнаден. Потребен е и поголем фокус на здравјето на луѓето и на животната средина, додаде Груевски.

Италија активира воен авион за да спаси бебе во Британија

Италијанската влада испрати медицински тим со воен авион да го собере новороденчето од болницата во Бристол и да го донесе на лекување во Италија.

Необичниот потег дојде откако родителите на момчето изјавија дека лекарите во Британија не можат ништо да направат за нивното дете.

Бебето, кое има неполн месец, имало сериозно оштетување на срцето и итно е пренесено во Италија на понатамошно лекување. SkyNews наведува дека родителите се по потекло од Италија и Нигерија, но живеат во Британија.

Италијанската влада објави дека „детето има многу сериозни срцеви малформации“ и дека интервенирале затоа што Кралската детска болница во Бристол повеќе не можела да направи ништо за момчето.

Италијанскиот адвокат и поранешен сенатор Симоне Пилон рече дека болницата била на работ на правна постапка со родителите поради прекинот на лекувањето, но тоа било прекинато пред да започне сослушувањето во Високиот суд, во корист на соработката со италијанската влада.

Пилон, кој претходно интервенираше за да им помогне и на другите родители да ги однесат своите деца на лекување во Италија, го нарече ова значаен случај во педијатриската грижа.

Тој рече дека со тоа се отвора патот на децата да им се понуди лекување во странство, без родителите да бидат изведени на суд.

„Верувам дека ако најдеме начин да соработуваме во најдобар интерес на децата, сите ќе победиме - нема губитници“, рече тој.

Пилон им се заблагодари на болницата и на британските лекари и во негово име и во име на семејството на момчето.

Од болницата во Бристол соопштија дека соработувале со детската болница Бамбино Гесу за да се обезбеди безбедно префрлање на бебето во Рим.

Електричниот Lotus Evija X го направи третиот најбрз круг на Нирбургринг (ВИДЕО)

Lotus Evija X, мошне модифициран и уникатен електричен хиперавтомобил, го помина германскиот Нирбургринг за само 6 минути и 24.047 секунди, а Lotus верува дека тоа може да го направи уште побрзо.

Овој пат го прави третото најбрзо возило досега што ја покривало патеката, зад само наменските тркачки автомобили.

Lotus објави многу малку технички информации за Evia X, кој е наведен како прототип во официјалната табела за рекорди во Нирбургринг.

Измените вклучуваат екстремни аеродинамични надградби и соголена внатрешност, фокусирана на перформанси.

Автомобилот наводно ги има истите батерии и електрични мотори како и патничката верзија, што значи 1500 kW/2039 КС и 1704 Nm вртежен момент.

Единствените автомобили побрзи од Evia X се Volkswagen ID.R (6:05.336 минути) и Porsche 919 Hybrid Evo (5:19.546 минути), и двата произведени од основата како тркачки автомобили.

Лотус верува дека Evija X може да постигне подобро време на Нирбургринг. Производителот известува дека возењето било забележано на влажен ден, па очекувањата биле мали. Сепак, кругот беше доволно добар, што Лотус сакаше да го сподели.

Во моментов не е јасно што планира производителот да направи следно со Evia X. Довербата на Lotus сугерира дека може да се обиде да ги подобри времињата на круговите или да се обиде да постави рекорди на кругови на различни патеки. Исто така, може да претвори уникатен автомобил во специјално издание.

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево.

„Борбата почнува од нула, како да немало прв круг“, рече Пендаровски пред крушевчани негирајќи ги обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори.

„Дали е логично да дојдам јас во Крушево, ако мислам да бојкотирам? Јас мислам со сите вас да победам! Кој сака нека бојкотира, ниту сум бојкотирал 2014-та, ни 2019-та, ни 2016-та, ни оваа 2024-та нема да бојкотирам. Тие нека му ја мислат за крајниот резултат. Ние сите го знаеме и наместо бојкот ние ќе прославуваме’, истакна Пендаровски денеска во Крушево,соопшти неговиот тим.

притисни ентер