Груевски останува недофатлив за македонските власти 2 месеци

Постапката за азил на поранешниот премиер Никола Груевски може да трае до 60 дена, според процедурите во Унгарија.

На сајтот на унгарската служба за имиграција, стои дека барателот за азил ќе биде интервјуиран за време на постапката со помош на преведувач. За време на интервјуто од Груевски ќе се бара да изложи детали за причините за бегство, околностите за пристигнување во Унгарија и да презентира било какви докази за поткрепа на неговото барање. Во постапката за азил, унгарските служби можат да донесат одлука да му доделат статус на бегалец или да ја прекинат постапката

Во постапката за азил може да се донесе одлука за:

· Доделување статус на бегалец

· Доделување на супсидијарна заштита

· Доделување на привремена заштита, со што на барателот на азил му се овозможува привремено да остане во Унгарија

· Одбивање на апликацијата во целост

· Прекинување на постапката.

Доколку пријавата за азил биде одбиена, подносителот нема право за престој во Унгарија и според унгарските закони ќе биде протеран. Доколку пак добие меѓународна заштита односно статус на бегалец, ќе му се даде право на престој во Унгарија. Тамошните органи доколку одлучат можат и да ја забрзаат постапката и во рок од 15 дена да одлучат за барањето на апликантот. Експертите велат дека додека трае постапката за азил, екс премиерот не може да биде екстрадиран во земјава.

Груевски до унгарските служби треба во дадениот рок да испорача докази за неговото барање и зошто бара азил во Унгарија, вели Буџаковски. Доколку тој добие азил во Унгарија, во тој случај можно е да се бара трансфер на казнената постапка од Македонија во Унгарија.

Екс премиерот Груевски вчера по неколку дневна неизвесност на социјалните мрежи објави дека е во Унгарија, каде побарал азил бидејќи стравувал за својот живот. По него е распишана меѓународна потерница за издржување на 2 годишна казна затвор за случајот Тенк, која додека трае процедурата за азил е без правна важност.

Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија

Петмина милитанти се убиени во руската република Карачај-Черкесија, откако фрлиле бомба врз полицијата и отвориле оган, при што загинале двајца полицајци, а четворица се повредени, соопшти денеска полицијата преку објава на апликацијата Телеграм.

Во полициското соопштение се наведува дека напаѓачите фрлиле бомба од автомобил кон патрола на сообраќајната полиција и отвориле оган од автоматско оружје.

Во конфликтот убиени се двајца полицајци, а ранети се двајца сообраќајни службеници, еден полицаец од областа Курган и еден припадник на Националната гарда.

Убиените напаѓачи беа идентификувани како наводни учесници во нападот врз полицајци на 22 април кога убиле двајца полицајци, а еден го оставиле во критична состојба, откако отвориле оган врз нив и украле оружје и побегнале. Потоа по нив беше распишана потерница. /МИА

За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 286 возачи, соопштија денеска од МВР.

Од нив 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 118 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 168 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија

Постојаната мисија на Малта во ОН потврди дека утре, 30 април, во 21 часот ќе се одржи итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина (БиХ) на барање на Русија.

Како што јави Н1 БиХ, повикувајќи се на извори од мисијата на Малта во Њујорк, списокот на говорници за седницата се уште не е утврден.

На седниците на Советот за безбедност на ОН, списокот на говорници може да се утврди на самиот почеток на седницата на предлог на претседавачот, но и на заинтересираните земји членки на Советот за безбедност на ОН.

Од Бањалука беше соопштено дека на оваа седница на СБ на ОН ќе се обрати и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, но преку видеоврска бидејќи не побарала виза за САД.

За нејзиното обраќање, како и за сите други, ќе се одлучува пред почетокот на седницата со гласање на членките на Советот за безбедност на ОН.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачич, претходно изјави дека Цвијановиќ и веројатно некој од бошњачката страна ќе се обратат на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина на барање на Русија. /МИА

притисни ентер