Груевски на фејсбук најави оставка на пратеничката функција

Поранешниот премиер Груевски кој се наоѓа во бегство во Унгарија за да избегне затворска казна  најави дека ќе си поднесе оставка од пратеничката функција.

Иако правото, уставот и меѓународните документи се на моја страна, јас нема да дозволам нашата партија и пратеници заради мене и мојот мандат да бидат изложени на било какви притисоци, на лажна пропаганда, на непријатности и на медиумски линч од страна на власта и нејзините апологети.

Оттука, одлучив да се повлечам од пратеничката функција, а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови напиша тој на Фејсбук .

Во членот 65 од уставот пишува дека пратеникот може да поднесе оставка и оставката ја поднесува лично на седница на Собранието, истото го пишува и во Деловникот за работа на собранието во членот 57 .Од кабинетот на Џафери велат дека и до сега имало пракса пратеникот писмено да го извести собранието дека се повлекува од функцијата. Спикерот штом ќе го прими тоа известување, свикува директно собраниска седница и оставката ја става пред пратеници да ја констатираат и да ја изгласаат велат од таму. Со ова не се согласува пратеникот и потпретседател на парламентот Горан Мисовски кој за Канал 5 вели дека таквата пракса не е во согласност со уставот членот 65 е јасен вели тој ,пратеникот лично ја поднесува оставката .

По најавата на Груевски за повлекување од пратеничката функција се огласи Социјалдемократскиот сојуз според нив ваквиот потег ја потврдува според нив директната поврзаност на Груевски со Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта, Груевски од таму дава команди, Мицкоски исполнува велат од партијата

Одлуките на партијата , однесувањето на претседателот и однесувањето на пратениците на оваа партија во мандатно- имунитетната комисија, кои не гласаа за одземање на мандатот, е по наредба на Груевски и во директна координација со Мицкоски сметаат тие.

Иако Канал 5 побара став од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицковски тој засега молчи за ваквите тврдења на социјалдемократите.

УЕФА ќе го казни судијата, поради чија одлука Баерн испадна од Лигата на шампионите

Полскиот судија Шимон Марчинијак, кој во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите го оштети Баерн во судиското продолжение против Реал Мадрид и го чинеше испаѓање.

Полскиот судија Шимон Марчинијак, кој во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите го оштети Баерн во судиското продолжение против Реал Мадрид и го чинеше испаѓање, требаше да биде еден од клучните судии на УЕФА на претстојното Евро, но поради оваа грешка го загуби тој статус, пишува Daily Mirror.

Марчинијак, длабоко во судиското надополнување, ја прекина акцијата од која Де Лигт погоди за израмнување, со што натпреварот ќе дојдеше во продолженија, иако протоколот предвидува дека линискиот стручњак треба да ја пушти оваа ситуација до крајот, а потоа, доколку се постигнува гол, потоа со помош на ВАР се одредува дали имало офсајд.

Судијата овде не го направи тоа и затоа играчите на Баерн и тренерот Томас Тухел целосно ги загубија нервите, а УЕФА е незадоволна и од одлуката на Марчинијак и неговиот линиски судија Томаш Лискиевич и им подготвува санкции.

Марчинијак судеше многу големи натпревари, вклучувајќи го и финалето на Светското првенство во Катар, а требаше да го суди и на отворањето на Еврото меѓу домаќинот Германија и Шкотска, но УЕФА сега има намера да му ја одземе таа чест. Нејасно е дали забраната ќе трае во текот на целото Евро или Марчинијак ќе добие шанса во подоцнежна фаза од натпреварувањето.

Германската опозиција не се шегува: Бараат да се ограничи цената на донерот

Поради растот на инфлацијата во Германија, опозицијата предложи да се ограничи цената на донерот, омиленото јадење кое стана популарно благодарение на имигрантите од Турција во 70-тите години на минатиот век.

Како што пренесува „Бизнис инсајдер“, цената на овој популарен оброк е повеќе од двојно зголемена поради зголемената инфлација, поради што германската левичарска партија (Die Linke) му предложила на канцеларот Олаф Шолц неговата цена да биде ограничена.

Германскиот канцелар постојано ја отфрли можноста за воведување ценовни ограничувања и владина интервенција на пазарот.

Во Германија, која има над 83 милиони жители, годишно се продаваат околу 1,3 милијарди порции ќебапи, чија просечна цена е околу осум евра. Пред две години просечната порција донер беше околу четири евра.

„Владата мора да интервенира за да спречи донерот да стане луксузна храна за богатите“, вели Кети Гебел, портпаролка за младински прашања во германската левичарска партија.

Оваа партија планира да и предложи на Владата цената на донерот да се ограничи на 4,9 евра, односно 2,9 евра за студентите и младите кои имаат недоволни приходи, а владата би обезбедила субвенции за цената. Владата во Берлин во февруари објави дека цените на храната во земјата растат поради поскапувањето на енергијата и зголемувањето на платите.

„Високата кирија на простории, енергија и храна се најголемите трошоци на продавниците за донер. Доколку се намалат, ќе падне и цената на донерот. Цената на донерот ќе остане висока ако владата не преземе ништо“, вели Кети Гебел.

За овој проблем претходно зборуваше и германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој изјави дека секогаш каде и да оди ги прашува младите за промената на цените на донерот.

„Разговарајте со Путин, платив осум евра за донер“, му дофрлил еден од случајните минувачи во 2023 година.

Канцеларот Шолц претходно ја отфрли можноста за владина интервенција и поставување на ценовни лимити. Тој ја пофали Европската централна банка за борбата против инфлацијата. Сојузниот завод за статистика соопшти дека инфлацијата во Германија се зголемила за 5,9 отсто во 2023 година, а цените на енергијата се зголемиле за 5,3 отсто минатата година. Како резултат на тоа, цените на енергијата во Германија се зголемија за 29,7 отсто до 2022 година.

Студијата спроведена во Шкотска во 2009 година покажа дека донерот е меѓу најнездравите оброци на таканаречената улична брза храна. Имено, студијата покажала дека просечниот донер ќебап содржи 98 отсто од препорачаниот дневен внес на сол за возрасни и дури 150 отсто од препорачаниот дневен внес на заситени масти за возрасен.

Први разовори за состав на новата македонска влада

Речиси два часа трееше првата средба на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ. Договорени се трите главни начела по кој ќе се води новата Влада. 

Три дена по изборите, челниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Вреди“, го направија првиот чекор - одржаа состанок за да разговараат за формирање на владина коалиција. Идниот мандатар Христијан Мицкоски заедно со партиските потпретседатели, отиде во штабот на албанската коалиција на плоштадот Скендербег, кадешто го пречекаа четворицата партнери – Меџити, Гаши, Касами и Таравари. На влегување лидерот на ВМРО-ДПМНЕ даде само краток коментар за медиумите.

„Прва средба за запознавање.“

По состанокот од неговата партија испратија соопштение за исходот.

„Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото. Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање.“

И од ВМРО-ДПМНЕ и од „Вреди“ претходно ги демантираа низата шпекулации дека меѓу двете страни изминативе денови веќе имало поделба на ресори и директорски места.

Пред два дена пак Мицкоски во Само интервју кажа дека очекува конструктивен дијалог со партнерите и дека распределбата на функциите ќе соодвествуваа на реалноста, а не на фантазиите.

Според неговите очекувања, до конституирањето на Собранието најдоцна до 28 мај, има можност неговата партија од 58 да порасне до 61 пратеник, со поединци од другите коалиции. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ очекува владино мнозинство од 74-75 пратеници, но најави разговори и со останатите партии за да се обезбеди двотретинско мнозинство неопходно за системски реформи.

притисни ентер