Груби: Една третина од рамковните административци од денеска на работа

Една третина од рамковните административци или вкупно 349 вчера ги потпишаа решенијата и од денеска  може да почнат со работа, рече синоќа во телевизиско гостување  првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби.

Груби напомена дека повеќето од овие лица, 143, се распределени во МВР, а останатите во царинската управа, УЈП, Агенцијата за вработување,… согласно етничката структура, се работи, претежно за Албанци, но и има и Роми, Македонци, Срби и турци.

До крајот на неделата, нагласи Груби, ќе се заврши со решенијата за сите рамковно вработени, а најдоцна за две недели сите ќе почнат со работа.

Тој тврди дека рамковните вработувања не се нови, со нив нема да се зголеми бројот на јавната администрација, ниту ќе има какви било финансиски импликации.

Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија

Во три координирани напади на жени-самоубијци во Нигерија, најмалку 18 лица загинаа, додека 30 се ранети, соопштија денеска локалните власти.

Сите три напади се случиле во градот Гвоза во североисточна Нигерија. Првиот се случил околу 15 часот на свадбена веселба, а само неколку минути подоцна дошло до експлозија во близина на општата болница, каде според лекарите имало мртви деца и трудници. Третиот напад се случил на погреб каде што жената самоубиец се појавила како ожалостена.

Властите воведоа полициски час во градот, а заедницата остана во состојба на готовност по извештаите за уште една осомничена жена бомбаш во Пулка, град на околу два километра од Гвоза.

Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападите, но Гвоза се наоѓа во државата Борно, која беше тешко погодена од бунтот во 2009 година што го започна исламската екстремистичка група Боко Харам.

Во минатото Боко Харам користеше жени и девојки во самоубиствени напади. /МИА

Завршија внатрепартиските избори за лидер на СДСМ

Во 20 часот заврши гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ за избор на нов лидер, откако Димитар Ковачевски си даде оставка по изборниот дебакл на 8 мај. 

По одлуката на Славјанка Петровска да се повлече поради сомнежи за нерегуларности, во претседатлската трка останаа тројца - Венко Филипче, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски.

Во живо од седиштето на партијата ја вклучуваме Јана Јосифовска.

Кога се очекуваат резултатите и дали вечерва ќе има победник?

Спалети ќе продолжи да ја води Италија и покрај лошиот настап на ЕП 2024

 Селекторот на Италија, Лучано Спалети ќе продолжи да ја води селекцијата на Светското првенство во 2026. Ова го изјави првиот човек на Италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина на прес-конференција.

„Азурите“ синоќа загубија од Швајцарија со 0:2 во осминафиналето на Европското првенство во Германија и не успеаја да ја одбранат шампионската титула.

-Не можам да го вратам времето назад, се обидувам да се принудам да гледам само напред. Јасно е дека направив нешто погрешно во обидот да го подмладам тимот. Но, бидејќи останувам овде, ќе продолжам со мојата работа, изјави Спалети.

Гравина истакна дека главна цел по поканата на Спалети првично било Светското првенство во 2026 година.

-Спалети ја ужива нашата доверба. Кога разговаравме со него, ја таргетиравме 2026 година. Можеме да ги зголемиме нашите очекувања, но секогаш мораме да ја прифатиме реалноста бидејќи никој не може да гарантира резултати. Не можеме да се откажеме, мораме да го вратиме нашето ниво, да се подобриме и да го извлечеме најдоброто од овие момци. Ќе биде катастрофа ако не се пласираме на следното Светско првенство, изјави шефот на италијанскиот фудбал.

Италијанскиот тим ги пропушти последните две Светски првенства, губејќи двата пати во баражот. Селекцијата на Шведска не им дозволи на Италијанците да учествуваат на Светското првенство во 2018 година, а Македонија ги елиминира од турнирот во 2022 година.

Шеесет и пет-годишниот Спалети беше на чело на Наполи од 2021 до 2023 година, со кој стана шампион на Италија во сезоната 2022/2023. Тимот ја освои титулата во Серија А за прв пат по 33 години. Пред тоа, тој беше на чело на италијанските екипи Емполи, Сампдорија, Венеција, Удинезе, Анкона, Интер и Рома, со кои двапати го освои Купот на Италија и еднаш Суперкупот на земјата. /МИА

притисни ентер