ГРОМ: Овластувањето не ја брише одговорноста - Канал 5

ГРОМ: Овластувањето не ја брише одговорноста

Овластување дадено на друг човек не го ослободува градоначалникот од одговорност.

ГРОМ: Овластувањето не ја брише одговорноста

Таа работа не оди така.

Не може Карпошани да гласаат за еден човек, а ВМРО-ДПМНЕ потоа да им поставува друг да ја води општината. Не може избран градоначалник да се крие зад партиски заменик, зад адвокати, секретари, супервизори и партиски штабови, а одговорноста да исчезне како ништо да не било.

Шест месеци Карпош живее во целосен застој.

ВМРО-ДПМНЕ денес очајно се обидува да го покрие својот срам, но вистината веќе ја гледаат сите: граѓаните се измачуваат, вработените се оставени во неизвесност, а општината што важеше за една од најфункционалните во државата — денес е парализирана.

Приходите се сведени на минимум, нови проекти нема, а старите — дури и оние за кои нивната Влада одобрила средства — не се реализираат.

Со еден збор: застој.

Градоначалникот Сотир Лукровски, кој на 2 ноември 2025 година го доби мандатот да ја води Општина Карпош во наредните четири години, уште од самиот старт почна да лелека колку му било тешко.

Еднаш му биле сложени процедурите.

Другпат се плашел да потпишува.

Третпат му било тешко да прима граѓани.

Четврти пат не можел да ја сфати работата на општината.

Па добро, за што се кандидираше човекот?

Карпошани гласаа за градоначалник, а добија човек кој ниту сака, ниту

може да ја води општината.

Уште од првиот ден, ВМРО-ДПМНЕ воведе колективно раководење во Карпош.

Имаме наводен секретар без кој, како што велат, не може ни мува да помине. Имаме нови луѓе во урбанизмот. Имаме канцеларија за советничка која изиграва правник. Имаме надворешен супервизор со канцеларија. Имаме претседавач кој цел ден кисне во општината. И згора на сè — уште двајца адвокати кои до доцна во ноќта го проверуваат секој акт.

Значи, Карпош не доби градоначалник.

Карпош доби колективно претседателство како во посттитова Југославија.

И бидејќи очигледно и оваа група „стручњаци“ не им беше доволна, сега на тоа колективно претседателство му додаваат уште еден нов Синан Хасани — фигура која треба да изгледа како решение, а всушност да ја покрие неспособноста на системот што самите го создадоа.

Поплаките на граѓаните веќе кулминираа. Незадоволството е огромно. Затоа ВМРО-ДПМНЕ одлучи проблемот да го „реши“ не со работа, не со отчет, не со нова енергија, туку со поставување партиски заменик-градоначалник кој сега треба да го потпишува тоа што Соте одбивал или не смеел да го потпише.

Не може да седиш дома, да се правиш болен, да земаш плата од околу 2.000 евра, а твојата голема, наводно „народна партија“, да постави партиски човек кој не во име на граѓаните, туку во име на партијата ќе раководи со општината.

Ова е грубо изигрување на волјата на граѓаните.

Карпошани гласаа за еден човек за градоначалник, а сега ВМРО-ДПМНЕ им поставува друг.

Без избори.

Без легитимитет.

Без срам.

Та нели Соте беше другар од детство на Христијан Мицкоски? Толку ли брзо се растури калимерата? Толку ли брзо се покажа дека на Карпош му продале мачка во вреќа?

За ова ли ВМРО-ДПМНЕ уценуваше, се закануваше, вршеше притисоци и спроведуваше класична партиска операција на терен?

За ова ли се делеа пари во Злокуќани и Бардовци?

За ова ли се чистеа долгови на луѓе кои должеле по кладилници?

За ова ли се поставуваа по двајца-тројца членови од исто семејство во избирачки одбори?

За ова ли се правеше бугарски воз и се поништуваа што е можно повеќе гласачки ливчиња за Стевчо Јакимовски?

Само за да дојдат до власт во Карпош — а потоа да не знаат што да прават со неа.

Впрочем, ова ли е партијата која велеше:

„И магаре да ставиме, ќе го изберат“?

Е арно ама, „магарето“ потоа треба да ја води општината.

Сега човекот глуми дека има „шум на ум“, а Карпош го претвора во мртов коњ. И повторно ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го излаже народот дека тие не се виновни за ништо.

Како и секогаш — некој друг им е крив.

Овојпат виновна им е новата Данела со брада и ширум отворени очи.

Каде се сега оние силни доктори кои се резилеа во изборната кампања поддржувајќи го Лукровски?

Како дозволија толку брзо да им се разболи „најдобриот кандидат на светот“?

Па нели пукаше од здравје?

Нели беше најспособниот?

Нели беше најподготвениот?

Нели беше најработливиот?

Или и тоа беше само уште една партиска лага за еднократна употреба?

Вистината е дека оваа операција ВМРО-ДПМНЕ ја прави за да ја поврати огромната инвестиција во изборната кампања на Сотир Лукровски — инвестиција во купување гласови, евтин популизам, притисоци и партиска машинерија.

Карпошани добро се сеќаваат: во изборната кампања, на булеварот „Партизански одреди“, токму под билбордот на кој беа Христијан Мицкоски и Сотир Лукровски, јавно кажав дека Христијан се обидува на граѓаните на Карпош да им продаде мачка во вреќа.

За жал, таа мачка шест месеци изигрува болен мајмун, а последиците ги трпат граѓаните на Карпош.

Не може така.

Не може да си играте со волјата на граѓаните.

Не може Карпош да биде партиски експеримент.

Не може општината да биде приватна канцеларија на ВМРО-ДПМНЕ.

Не може избран градоначалник да се крие, а партиски поставен човек да раководи во негово име.

Од вмровското карпошово буре со лаги веќе тече на сите страни.

А тие дупки не се затвораат со партиски долги прсти.

Се затвораат само со едно: нови избори.

Карпошани заслужуваат градоначалник.

Не партиски заменик.

Не колективно претседателство.

Не мртов коњ.

Туку човек со легитимитет, знаење и одговорност.

Карпош не е играчка.

Карпош не е плен.

Карпош мора да им се врати на граѓаните.

Центар за комуникации на ГРОМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петгодишно девојче ја убила својата помала сестричка со пиштолот на татко им

Петгодишно девојче ја застрелало и убило својата помлада сестра, Оливија Мело Мореира, откако го пронашла наполнетиот пиштол од 9 мм на нејзиниот татко на кујнскиот пулт во нивниот дом. 

Петгодишно девојче ја убила својата помала сестричка со пиштолот на татко им

Трагедијата се случила во недела, 8 ноември, во Рио де Жанеиро, Бразил.

Оливија била пронајдена на подот од нејзината семејна куќа од страна на нејзините родители, а нејзините две сестри биле покрај неа. Девојчето било итно однесено во болница, каде што лекарите се обиделе да ја реанимираат, но за жал, не можеле да ја спасат.

Според истражителите, семејството си легнало доцна претходната ноќ бидејќи улична забава пред нивната куќа траела до 6 часот наутро.

Откако забавата завршила, мајката забележала дека вратата од гаражата е широко отворена и го известила својот партнер. Потоа таткото го зел пиштолот и се симнал долу за да провери дали некој влегол во куќата.

Кога се уверил дека нема натрапници, се вратил во кревет, но го оставил наполнетиот пиштол, кој сè уште бил во футролата, на кујнскиот пулт.

Родителите подоцна се разбудиле од силен шум и ја пронашле Оливија на подот. Според таткото, неговата петгодишна ќерка истрчала кај него и постојано повторувала: „Извини, тато, извини, тато“.

Таткото доброволно отишол во полициската станица за да даде изјава како осомничен, но во тој момент не бил уапсен, меѓу другото поради неговата соработка со истражителите.

Полицијата соопшти дека тој би можел да се соочи со обвиненија за убиство од небрежност и непочитување на прописите за безбедност на огнено оружје затоа што не го спречил детето да го дофати пиштолот. Истражителите не ја исклучиле можноста за покренување случај за убиство со умисла.

Пиштолот бил запленет, а членовите на одделот за убиства спровеле форензичко испитување на семејниот дом на Мореира. Во тек е истрага за да се утврдат сите околности на трагедијата.

Според достапните информации, таткото имал дозвола за оружје и бил регистриран како колекционер, спортски стрелец и ловец.

Неговиот правен тим одбил да коментира за случајот, наведувајќи дека семејството не сака да дава изјави во ова исклучително тешко и трагично време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Ливерпул: Вооружен маж виден покрај училиште, итна реакција на полицијата

Вооружена полиција реагираше на настанот во центарот на Ливерпул откако беше пријавено дека еден маж носи оружје.

Драма во Ливерпул: Вооружен маж виден покрај училиште, итна реакција на полицијата

Полицијата од Мерсисајд соопшти дека полицајците биле повикани поради пријави за маж кој носел оружје во Пел Мол околу 18:45 часот во понеделник. Вооружена полиција била повикана на местото на настанот и мажот бил уапсен во близина во 19:10 часот. Според извештаите, кај него била пронајдена лопата, објави Мирор.

42-годишен маж од Ливерпул бил уапсен под сомнение дека поседувал предмет што може да се користи како офанзивно оружје и бил приведен на испрашување, објави „Мирор“.

Учениците и родителите на Институтот за современа музичка продукција и изведба (ICMP), кој се наоѓа во Пел Мол, изјавија за „Ливерпул Ехо“ дека зградата е ставена во „целосна блокада“ по инцидентот.

Рејчел, чиј син Зак посетува ICMP, изјави во 19:30 часот во понеделник:

„Син ми се јави и ми рече дека сè уште не се враќа дома бидејќи имало лице [со пиштол] на улицата Пел Мол. Трчаше по улицата.“

„Вработените ги спуштија ролетните. Навистина е страшно. Тој е заробен внатре. Мислам дека е повикана полиција.“

Непосредно пред 20 часот, три полициски автомобили и единица со кучиња беа видени паркирани пред МКИП, на улиците Прусија и Хајфилд. Ролетните на зградата беа делумно спуштени и двајца полицајци влегоа внатре.

Неколку минути подоцна, ролетните беа целосно подигнати и десетици ученици почнаа да ја напуштаат зградата. Никој не е повреден, а полицијата потоа ја прекина операцијата.

Лука Пирсон, 19, рече дека тој и неколку други ученици виделе човек со пиштол на улицата Прусија.

„Сите влеговме во зградата на училиштето“, рече тој.

Друг студент рече: „Имаше еден човек во долна облека [со пиштол]. Беше по улицата. Нè погледна, ние го погледнавме него.“

„Потоа веднаш влеговме внатре. Навистина не знаевме што да правиме. Се случи пред околу два часа.“

Секој што има информации за инцидентот се повикува да контактира со полицијата во Мерсисајд преку профилот @MerPolCC на социјалните мрежи или со повик на бројот 101, наведувајќи го референтниот број 907.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Бугарија ѝ се заканува политички земјотрес по трагедијата- опозицијата бара оставка од владата на Радев

Сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во Бугарија, во која загинаа 12 лица, а 50 беа повредени, предизвика политички реакции откако беше откриено дека камерите и системите за надзор снимиле опасно густа магла два часа пред трагедијата.

На Бугарија ѝ се заканува политички земјотрес по трагедијата- опозицијата бара оставка од владата на Радев

Опозицијата тврди дека властите имале доволно време да реагираат, но не ги презеле потребните мерки, поради што сега бара оставка од премиерот и министрите, пренесува БНТ.

Тешката сообраќајна несреќа се случила рано наутро на автопатот Тракија, во близина на раскрсницата Зимница, каде што се судриле десетици автомобили и камиони поради исклучително лоша видливост.

Според официјалните бројки презентирани од министерката за здравство Катја Ивкова, во сообраќајната несреќа животот го загубиле 12 лица, додека 50 повредени лица се лекуваат во болници.

Меѓу тешко повредените е и лекар од Детската болница „Света Анастасија“ во Бургас, што го потврди и директорот на оваа здравствена установа, д-р Благомир Здравков.

Поради големиот број повредени, започната е обемна спасувачка и медицинска операција.

Поголемиот дел од пациентите, 27 од нив, беа сместени во болниците во Сливен, 12 беа префрлени во здравствените установи во Јамбол, додека седум беа лекувани во две болници во Бургас.

Властите, исто така, предвидоа можност најтешко повредените да бидат префрлени со авион во Софија, каде што ќе продолжат со лекувањето. Бугарскиот премиер Румен Радев го прогласи 11 ноември за ден на жалост.

Камерите предупредија на опасноста неколку часа пред несреќата

По трагедијата се постави прашањето за одговорноста на надлежните институции, бидејќи, според експертите и опозицијата, густата магла не беше изненадување.

Георги Галабов од Институтот за безбедност во сообраќајот рече дека камерите на Агенцијата за патна инфраструктура (API) регистрирале спуштање и постепено згуснување на маглата на оваа делница околу два часа пред несреќата.

Според него, интерактивниот систем испратил предупредување до надлежната институција за влошување на временските услови, додека камерите истовремено ги снимиле возилата што се движат со голема брзина и покрај драстично намалената видливост.

Галабов нагласи дека имало доволно време за преземање превентивни мерки.

Меѓу можните решенија, тој ги наведе третирањето на патот за да се спречи формирање мраз, привремено или етапно затворање на ризичниот дел за два до три часа, како и испраќање полициски патроли за регулирање на сообраќајот.

Опозицијата бара оставка од премиерот, се подготвува гласање за недоверба

Трагедијата предизвика жестоки реакции и во бугарскиот парламент, каде што претставниците на опозициската партија ГЕРБ побараа оставка од премиерот Румен Радев и надлежните министри.

Потпретседателот на партијата Даниил Митов, поранешниот регионален министер Николај Нанков и Теменушка Петкова ги обвинија властите за неактивност и обид за префрлање на одговорноста, најавувајќи дека ќе започнат консултации и ќе собираат потписи за гласање за недоверба на владата.

Митов ги отфрли тврдењата на министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев дека нема врска помеѓу системот на Агенцијата за патна инфраструктура и Министерството за внатрешни работи.

Тој истакна дека размената на податоци во реално време функционира преку Националниот координативен центар за безбедност во сообраќајот.

Николај Нанков тврдеше дека информациите за густа магла стигнале до Центарот за ситуации на Агенцијата за патна инфраструктура еден ден пред несреќата, додека камерите покажале исклучително лоша видливост најмалку еден час пред судирот.

Тој ги обвини властите дека не го обезбедиле соодветно патот, наведувајќи дека патот не бил третиран од мраз и дека режимот на зимско одржување не бил воведен дури ни до 10 ноември.

Нанков, исто така, посочи на проблемите во одржувањето на патната инфраструктура. Според него, августовската наредба го ограничила тековното одржување на патиштата, вклучително и сигнализацијата и ознаките, додека договорот од 2020 година за поставување 40 електронски информативни табли на автопатот „Тракија“ бил раскинат две години подоцна, без да биде завршена работата.

Теменушка Петкова ги обвини премиерот и владата дека ги манипулирале наодите од ревизорскиот извештај на Сметковната комора со цел да ја префрлат одговорноста за лошата состојба на патиштата на претходната влада.

Истрагата за околностите на трагедијата и одговорноста на надлежните служби ќе биде клучна за утврдување како се случила една од најсериозните сообраќајни несреќи во Бугарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер