ГРОМ: Ја напуштивме коалицијата со Мицскоски поради неговата неодговорност, дволичност, лажење

Причината за напуштање на коалицијата од страна на ГРОМ со Христијан Мицкоски е токму неговата неодговорност, дволичност, лажење и превртливост.

Причината за напуштање на коалицијата од страна на ГРОМ со Христијан Мицкоски е токму неговата неодговорност дволичност, лажење и превртливост.

Неговите главни маани излегоа на виделина токму со бугарскиот договор и потребата за промена на Устав за влез на Бугарите во највисокиот законодавен акт.

Нели Мицкоски земаше нотарски изјави од пратениците дека нема да гласаат за влез на Бугарите во Уставот?

Веројатно овие изјави ќе ги употреби наместо тоалет хартија.

Се колнеше ако пратениците гласаат за оваа измена тој ќе си даде оставка.

Еве зошто минатата година не гласаше против бугарскиот договор туку само го напушти парламентот за да може сега да гласа.

Врв на неговото фолирантство беа минатогодишните фингирани протести. Дали сега се уверија граѓаните дека тоа беше фарса и дека само глумеше шетање по скопските улици малтретирајќи го своето членство и мамејќи ги граѓаните на Македонија за наводна грижа за Македонците оценувајќи го бугарскиот договор како неприфатлив?

Уште поцинично е неговото гласање на договорот со Бехтел и Енка. Затоа ниту еднаш не рече дека договорот е проблематичен, туку плаќањето пенали. Згора на тоа тврди дека тие кога ќе дошле на власт ќе изграделе уште 100 километри автопат со истата компанија.

Тоа значи зад грб на народот гласа и го поддржува договорот а јавно продава демагогии со некакви си пенали.

Токму од овие причини и ваквите залутани луѓе, граѓаните политиката ја споредуваат со најстариот занает, се наведува во соопштението од партијата ГРОМ.

Инфлуенсер од Дубаи има зоолошка градина во својот дом (ВИДЕО)

Хумаид Абдула Албукаиш, инфлуенсер од Дубаи, чува разни животни во својот дом - од тигри, лавови, змии до мечки.

Своите авантури ги објавува речиси секој ден на Инстаграм каде има 4,6 милиони следбеници.

Хумаид ги храни овие животни и си игра со нив без страв. Многумина го критикуваат дека ги чува овие животни во својот дом, но тој не се навраќа на негативните коментари бидејќи овие животни не ги чува во својот дом само поради содржината на Инстаграм, како што многумина му пишуваат, туку тој отворил и приватна зоолошка градина.

Приватната зоолошка градина Ал Букаиш се наоѓа во неговиот дом и секој може да дојде да ги посети животните, исто како и во обичните зоолошки градини. „Ниту едно од нашите животни не е купено или одземено од нивната природна средина. Ние посвојуваме диви животни кои се напуштени од нивните сопственици“, објаснува Хумаид на официјалната веб-страница на ЗОО.

„Би можеле да ги пуштиме во дивината, но нивните шанси за преживување би биле речиси нула. Често ги наоѓаме во мизерна состојба, многу слаби. Се грижиме за нив и им даваме втора шанса за живот“, додава тој.

Мисијата на неговата приватна зоолошка градина, вели тој, е да ги заштити животните што ги пронаоѓаат и за кои се грижат. „Ние се стремиме да обезбедиме нашите животни да бидат среќни и здрави, со многу храна, чиста вода и засолниште за сите идни генерации“, заклучува Хумаид.

Американец избега од авион преку вратата за итни случаи, го уапсија на писта (ВИДЕО)

Патник на летот 3172 на Southwest Airlines од Њу Орлеанс до Атланта бил уапсен на меѓународниот аеродром Луис Армстронг (MSY) по бизарен обид за бегство.

Според извештајот од Канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон (JPSO), авионот на Southwest Airlines сè уште бил паркиран на терминалот кога, пред авионот да започне дас е движи кон пистат, еден Афроамериканец панично избегал преку излезот за итни случаи од страна на крилото!

Мажот е пренесен во болница на психијатриска евалуација, а неговиот идентитет не е соопштен.

Како и секогаш во вакви случаи, натамошната истрага ќе ја преземат федералните власти, пишува магазинот Newsweek на својата веб-страница.

„Ги пофалуваме нашиот екипаж и копнениот персонал за нивната брза и ефикасна реакција и им се извинуваме на патниците за непријатностите“, се вели во соопштението за печатот на Southwest Airlines.

Поради овој бизарен инцидент во кој, за среќа, нема повредени, летот од Њу Орлеанс до Атланта бил одложен нешто повеќе од два и пол часа, пишува веб-страницата View From The Wing.

Сличен инцидент се случил во јули 2021 година, кога патник на летот на Американ Ерлајнс од Шарлот до Балтимор скокнал од излезот за итни случаи на пистата на меѓународниот аеродром Шарлот Даглас (CLT) откако авионот, кој доцнеше два часа, се откажа. А потоа патникот во брза акција бил уапсен и испратен на набљудување.

Изминатиот викенд беше еден од најфреквентните во воздушниот сообраќај во Соединетите Американски Држави поради големите попусти што авиокомпаниите им ги даваа на своите клиенти на Денот на благодарноста.

Четворица рудари загинаа во рудник во Полска

Четири лица загинале во рудникот Собиески во Јаворжно, јужна Полска, објави денеска портпаролката на државната агенција за рударство WUG.

Несреќата во рудникот за јаглен се случила во 15:30 часот по локално време кога пукнала цевка, јавуваат полските медиуми. Повредени се уште две лица.

„Додека цевката се полнела со вода, таа неконтролирано пукнала, при што три лица загинале на лице место“, изјави за новинската агенција ПАП, Пјотр Стрзода од WUG. Четвртото лице починало во 17:10 часот, додаде тој. Рудникот Собиески е во сопственост на полската државна енергетска компанија Таурон.

притисни ентер