ГРОМ: Хакерски напади на профилот на Фејсбук на Јакимовски

Од ГРОМ велат дека е извршен хакерскинапад на Фејсбук профлилот на Стевчо Јакимовски.

Почитувани,

Сакам да Ве известам дека во последниот период мојот профил на фејсбук каде што комуницирам со граѓаните е цел на континуирани хакерски напади на социјалните мрежи преку лажни кинески профили. Ги замолувам политичките противници за коректен финиш на политичката кампања!

Со почит,

Центар за комуникации на ГРОМ

Србија: Дадилка го киднапирала бебето што го чувала

Полицијата во Крушевац, Србија поднесе кривична пријава против 35-годишна жена поради сомнение дека сторила кривично дело киднапирање малолетно лице.

Жената е осомничена дека го однела бебето старо 40 дена, кое повремено го чувала, кај своето момче, пишува „Новости“.

Таа го изнела детето на прошетка и не го врати во договореното време.

Мајката на детето утрово пријавила дека бебето исчезнало и во полиција рекла дека бебиситерката ја пронашла преку Фејсбук. Таа им кажала и дека мобилниот телефон на 35-годишниот е недостапен.

„Сите расположливи полициски сили веднаш тргнаа во потрага по бебето и набрзо беше пронајдено во куќата на момчето на 35-годишната жена“, соопштија од полицијата.

Бебето е пронајдено без никакви повреди, а полицијата продолжува да работи на околностите на случајот.

Град Скопје наскоро ќе презентира план за штедење на електрична енергија

Град Скопје наскоро ќе го презентира планот за штедење на електрична енергија. Планот, како што денеска изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, е сеопфатен и содржи интервентни мерки на штедење.

Несакајќи да открива детали, Арсовска најави дека деновиве ќе биде презентиран планот пред јавноста.

– Верувам дека сите институции треба соодветно пред оваа енергетска криза што следи во зимскиот период да се добро подготвени и да направиме се што е можно да ја надминеме оваа енергетска криза, а понатаму да прибегнеме кон штедење на непродуктивните трошења, рече Арсовска, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Радишани.

МЗШВ започнува со авансна исплата од 40 отсто на грантот за млад земјоделец

Мерките кои МЗШВ ги креира за младите земјоделци даваат ефект и се повеќе млади лица активно да се вклучуваат во земјоделскиот сектор. 

Преку програмата за финансиска поддршка на руралниот развој Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) нуди мерки со кои ги поддржува младите земјоделци и тоа преку мерката 112 – помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност, каде се доделува грант во висина од 10.000 евра и мерката 113 – поддршка за поттикнување на земјоделското производство, со грант од 20.000 евра, информираат од ресорното Министерство.

– Мерките кои МЗШВ ги креира за младите земјоделци даваат ефект и се повеќе млади лица активно да се вклучуваат во земјоделскиот сектор. Изминативе пет години повеќе од 1.000 млади лица аплицирале и ги искористиле мерките за поддршка на млад земјоделец. Големиот интерес кај младите беше мотив како министерство да предложиме законски измени на законот за земјоделство и рурален развој со кој овозможуваме услови за започнување со авансна исплата на финансиската поддршка за млад земјоделец. Па така со оваа измена младите земјоделци ќе можат авансно да добијат 40 отсто од вкупната вредност на грантот за поддршка за млад земјоделец, велат од МЗШВ.

На овој начин, додаваат од таму, директно им помагаме на младите земјоделци побрзо да започнат со земјоделската дејност, но и со реализација на планираните инвестиции, дополнително со оваа нова можност ги мотивираме младите уште поактивно да се вклучат во земјоделскиот сектор.

притисни ентер