Астронаутка испрати порака од вселената: Само фудбалот и вселенските летови го обединуваат светот (ВИДЕО)
1Астронаутка испрати порака од вселената: Само фудбалот и вселенските летови го обединуваат светот (ВИДЕО)
МакедонијаГрета Тунберг дојде во МакедонијаШведската климатска активистка Грета Тунберг во четвртокот ненадејно се појави во Тетово, каде што го посети Oпштествено-културниот центар Тетово.Таа се запозна со активностите на организацијата и со регионалниот волонтерски ангажман, кој се реализира со поддршка од партнери од Белгија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Тунберг, заедно со тимот, ја посети и новата локација на центарот, која деновиве се подготвува со ангажман на над 100 волонтери. Официјалното отворање на новиот простор е закажано за сабота, во 18 часот. Нема потврдени информации дали таа ќе учествува на други настани во земјава, но неофицијално се шпекулира дека може да се појави и во Скопје за време на викендот. Посетата на Тунберг доаѓа по серија активности на Балканот, во рамки на нејзината ангажираност за поддршка на палестинскиот народ. Пред да пристигне во Македонија, таа присуствуваше на протест во Тирана, каде што се обрати пред голем број граѓани со порака за итен прекин на опсадата врз Газа.Тагови: Грета Тунберг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција ја ограничува продажбата на алкохол за време на топлотниот бранФранцуските власти воведоа забрани за консумирање и продажба на алкохол на јавни места во Париз, во обид да го намалат притисокот врз болниците во главниот град за време на топлотниот бран.На парижаните ќе им биде забрането да пијат алкохол на јавни места од пладне во петок до 7 часот наутро во сабота. Мерките ќе бидат во сила во истото време од сабота до недела. Топлотниот бран што ги остави шпанија, Велика Британија и Франција прегреани со денови ќе се помести кон исток, а метеоролозите во Германија и Чешка предупредуваат на екстремни температури. Температурите во Германија би можеле да достигнат 40 степени целзиусови низ целата земја во петок. во поголемиот дел од Чешка е во сила предупредување за екстремни временски услови. Забраната за продажба на алкохол ќе биде во сила од 18:00 часот во петок до 7:00 часот во сабота во главниот град, а повторно во истото време од сабота до недела.Тагови: Алкохол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаСпасена Венецуелка: Се држев за довратокот, додека сите катови се уриваа (ВИДЕО)Спасувачките екипи се тркаат со времето додека ги пребаруваат урнатините за преживеани откако два силни земјотреси ја погодија Венецуела во близина на главниот град.Грасиела Мора беше свесна додека вработените во службите за итни случаи и волонтерите ја извлекуваа од урнатините на срушената зграда во Ла Гваира. „Кога започна тресењето, ја зграпчив рамката на вратата најсилно што можев“, вели таа, „толку силно што си го скршив прстот“. Зборувајќи пред камера неколку моменти по спасувањето, додека сè уште беше на носилка, таа рече дека се држела за рамката на вратата „сè додека сите катови не се срушија“. „И тогаш видов рака и ја зграпчив“, го опиша моментот кога сфатила дека ќе биде спасена. Помош пристигнува од целиот свет, а американската војска испраќа бродови и транспортни авиони. Бројот на исчезнати лица моментално изнесува 50.113. Најмалку 589 лица загинаа, а најмалку 4300 се повредени. Луѓето спиеја на улиците, плашејќи се да се вратат во своите домови, додека спасувачите немаа опрема, а граѓаните копаа и со голи раце за да помогнат во извлекувањето на луѓето од урнатините. Шест тима кучиња-трагачи со водичи беа испратени во Венецуела. Потсетете се дека првиот земјотрес со магнитуда од 7,2 степени беше проследен со уште посилен, со магнитуда од 7,5 степени. И двата земјотреси се случија близу до површината, предизвикувајќи уште поголеми разурнувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДали пензионерите би можеле да се соочат со значително пониски пензии?Вистинска паника меѓу сегашните и идните пензионери предизвикаа најавите дека тие би можеле да се соочат со значително пониски пензии доколку не се спроведат реформи во пензискиот систем.На оваа тема пред малку со директорот на ПИОМ Никола Мемов разговараше колегата Дејан Трајковски, го имаме во живо... Дејан, што вели Мемов дали има место за загриженост околу пензиите? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook