Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицата
1Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицата
БалканГрците со невидени мерки кон богаташите- 20 години затвор за предизвикување пожар со огномет од јахтитеСè повеќе луѓе продолжуваат да палат огномет во области склони кон пожари, честопати со катастрофални последици.Сега, група разгалени буржоази и ентузијасти за огномет во Грција ќе научат лекција за одговорно однесување на потешкиот начин. Вкупно 13 патници на приватна јахта, вклучувајќи членови на екипажот, беа уапсени откако огнометот бил пален од приватна јахта без дозвола, објави TCD. Според официјалните лица, пиротехниката потоа предизвикала голем шумски пожар на островот Хидра. „Згрозени сме“, изјави за државната телевизија Георгиос Кукудакис, градоначалник на Хидра, додавајќи: „Ако е вистина, тоа е нешто што навистина ме растажува“. Authorities arrest 13 on private yacht for allegedly sparking devastating forest fire: 'We are outraged' https://t.co/OmdAqTEqrS via @@YahooNews — James Campbell (@JamesCa14047260) November 17, 2025 Според локалните власти, пожарот изгорел 1.200 хектари борова шума, а биле потребни шест авиони и две противпожарни бригади за да го изгаснат, во време кога овие ресурси веќе биле потребни на друго место. Грчките власти издадоа екстремно предупредување за пожар и забрана за пожар, што патниците и екипажот го игнорирале. Откако друг брод пријавил дека од јахта фрлаат огномет, властите се сретнаа со патниците и екипажот во атинската марина. Таму, тие уапсија 13 членови на екипажот. Сепак, тие беа ослободени следниот ден без многу медиумска помпа. Неодговорната употреба на огномет е фрустрирачки честа појава, иако ризикот од пожар е добро познат. Секоја година во Соединетите Американски Држави, речиси двојно повеќе пожари избувнуваат на Четврти јули отколку во кој било друг ден. И огнометите не се единствената закана; постојат многу причини за пожари, од нелегални логорски огнови до забави за откривање на полот. Покрај тоа, овие пожари предизвикани од човекот горат повеќе од двојно побрзо од природните пожари, според истражувањето на Американската геофизичка унија. Шумските пожари и нивните поврзани интензивни температури, загадување на воздухот и долгорочно уништување, се поврзани и со негативни влијанија врз здравјето. Тие вклучуваат намалено ментално здравје, компликации врз бременоста, поголем ризик од проблеми со срцето и белите дробови, закани за биодиверзитетот и друго. Доколку членовите на екипажот на грчката јахта бидат осудени за палење, известува Поморската администрација, „тие би можеле да се соочат со сериозни казни, вклучително и до 20 години затвор“. Се очекува нивниот случај да ја одврати следната група потенцијални пиромани и наместо тоа да ги охрабри туристите да слават без огномет. Уапсените туристи од јахтата „Персефона“ се државјани на Казахстан. Јахтата, наречена „Персефона“, ја изнајмиле туристи од Казахстан, имено група од 17 лица, објави Прототема.Тагови: јахти пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаГерасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицатаОпштина Центар го асфалтираше и последниот дел од улицата „Ленинова“, од „Илинденска“ до Министерството за земјоделство. Паралелно се уредуваат пешачките површини, рабниците и зеленилото, со што се привршува целосната реконструкција на улицата. Во изминатите три дена засадени се 16 нови липи, а хортикултурното уредување продолжува со садење украсни грмушки по должината на целиот потег. „Се работи за комплексен зафат, реконструкција на ,,Ленионова“ од „Партизански одреди“ до Паркот на Франкофонија. Со обновено осветлување, нови пешачки зони и коловоз, санирање на кружниот тек на кростосница со „Орце Николов“ и ново зеленило, „Ленинова“ го менува ликот, но уште поважно, станува побезбедна за сите што ја користат: пешаци, велосипедисти и возачи. Ова е улица со која центарци ќе се гордеат“, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Во 2023 година беше реконструиран првиот дел од „Ленинова“, од булеварот „Партизански одреди“ до булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Тогаш беа поставени нов асфалт, водоводна и атмосферска канализација, реконструирани тротоарите, поставено ЛЕД-осветлување и воведен резидентен паркинг. Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита ОрбанВо рамките на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан.На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, како на билатерален план, така и во рамките на регионалните и мултилатералните формати. Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на европската перспектива на Западниот Балкан и на потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување на Европската Унија, како важен поттик за реформите, развојот и стабилноста на регионот. Министерот Муцунски ја поздрави силната и континуирана поддршка од Унгарија за европската интеграција на Западниот Балкан. Воедно, беа разменети мислења за актуелните регионални и безбедносни предизвици, при што беше нагласена заедничката определба за зачувување на мирот, стабилноста и натамошно унапредување на регионалната соработка.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноемвриИзведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди. Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања. Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски. Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции. Национална опера и балетТагови: балетска приказна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter