Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20%, не се задоволни од откупната цена
2Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20%, не се задоволни од откупната цена
СветСкандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахтиПолското министерство за европски фондови вчера ги запре сите исплати од програмата на Европската Унија за финансирање на хотели, ресторани и културни простори, откако иницијативата за транспарентност откри дека средствата биле искористени за јахти.Полското министерство за европски фондови вчера ги запре сите исплати од програмата на Европската Унија за финансирање на хотели, ресторани и културни простори, откако иницијативата за транспарентност откри дека средствата биле искористени за јахти, вотка-барови и фирма регистрирана на истата адреса како секс-клуб, јавија денеска локални медиуми. Министерката за европски фондови, Катажина Пелчинска-Налеч, изјави дека ниту еден злот повеќе нема да биде исплатен сè додека не се ревидираат сите околу 2.400 субвенции, чија вкупна вредност изнесува околу 1,2 милијарди злоти (282,3 милиони евра), јави Политико. - Секој злот ќе биде проверен, рече таа за новинарите, ставајќи ја вината на правилата што ги поставила претходната влада на партијата „Право и правда“ (ПиС). Нејзината цел, додаде Пелчинска-Налеч, е да се заштити довербата на јавноста во европските фондови и да се осигура дека средствата ќе стигнат до наменетите корисници. Досега се исплатени околу 110 милиони злоти (25,8 милиони евра), оставајќи го поголемиот дел од буџетот на програмата замрзнат. Шемата HoReCa, дел од полскиот план за закрепнување од Ковид-19, беше наменета за поддршка на малите бизниси во туризмот и угостителството за диверзификација по пандемијата. Брисел години наназад ги блокираше исплатите од фондот за закрепнување вреден 59,8 милијарди евра за Полска поради спорови околу владеењето на правото со претходната влада, што го направи неговото конечно одмрзнување клучен успех на премиерот Доналд Туск по неговата изборна победа во 2023 година. Сепак, интерактивната онлајн карта на корисници, објавена минатата недела, предизвика незадоволство меѓу полската јавност поради купувања што предизвикаа изненадување, вклучувајќи пловни објекти, луксузен мебел и субвенции регистрирани на адреса на свингерски клуб. ПиС ја искористи контроверзата за да ја обвини владата на Туск за клиентелизам и расипништво, истакнувајќи пукнатини во владејачката коалиција. „Овие средства беа наменети за обновата на Полска по пандемијата и создавањето нови работни места. Туск вети развој што сите ќе го почувствуваат. Она што го чувствуваме е огромен смрдеа и огромен долг што сите ќе мора да го исплатиме, се посочува во соопштението на портпаролот на ПиС, Рафал Бохенек. Од друга страна, Туск ја брани својата влада, обвинувајќи ја претходната администрација на ПиС дека години наназад ги блокирала средствата, принудувајќи ги на брза имплементација. „Сто проценти одговорност за овој долгогодишен хаос паѓа на нашите претходници кои ги блокираа средствата и ни оставија многу малку време да ги потрошиме правилно“, рече тој. Туск додаде дека министерството за европски фондови ги олабави процедурите и контролите за да се осигура дека средствата ќе стигнат до корисниците, но некои го искористиле тоа, трошејќи на начини што луѓето, со право, ги сметаат за сомнителни, ако не и отворено криминални. Портпаролот на Европската комисија за радио RMF FM изјави дека извршната институција на ЕУ „внимателно ја следи ситуацијата“, но нагласи дека одговорноста за управувањето со средствата лежи на Варшава. Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОколу 50 тони небезбедна храна открила АХВ во првата половина од годинатаРечиси педесет тони небезбедна храна уништиле или вратиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство.Најчеста причина за заплена на небезбедната храна биле изминат рок на употреба, непознато потекло, нерегистрирани оператори.. Повеќе од Елизабета Дамјановска Спасеноска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20%, не се задоволни од откупната ценаЛозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20% во однос на лани заради пролетните оштетувања на родот од мрзнењата како и од летните горештини Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20% во однос на лани заради пролетните оштетувања на родот од мрзнењата како и од летните горештини и неможноста да се обезбеди доволно наводнување за сите лозови површини. На три недели пред почетоко на бербите тие укажуваат дека откупните цени кои се најавени за годинава дека ќе бидат за половина денар повисоки за врнацот како најзастена црна сорта и денар повеќе за смедерваката ни од далеку не ги покриваата трошоците кои ги имаат направено. Лозарите укажуваат дека по брзана постапка мора да се измени законот за вино кој на винариите им дава можност ако исплатат веднаш да им ја намалат за 8% откупната цена на грозјето, законска дупка што многу се злоупотребуваше лани кога сите се исплаќаа по пониски цени и не им се даваше можност на лозарите за избор на исплата во целост на рати. Очекуваат и изнаоѓање на решение за откуп на црното грозје за кое винариите уште од лани укажуваат дека има намелен интерес за продажба и имаат залихи па не планираат да откупат многу годинава. За ова недомна според Серафимовски неодамна имало средба а владата излезе со информација дека со пренамена ќе се овозможат финансии со 1% фиксна камата и ти месеци грејс период наменски за откуп на црно грозје и оризова арпа како најпроблематични. Во пелагониско пак жетвата на пченицата за неколку дена финишира и таму големи проблеми имаат со ниските откупни цени. Според пелагониските сточари проблемот со млекарниците не е решен бидејќи дел од нив продолжуваат да им ги намалуваат откупните цена на суровото млеко . Заради многуте насобрани проблеми националнаат земјоделска мрежа упатила барање до новиот министер за земјдеолство Серафимовски за средба во најголемата житница пелагонија за преку дијалог да се најдат решенија за проблемите кои ги мачат земјдоелците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
ЗдравјеМЗ: Нема нови случаи на западно-нилска трескаНема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска која ја пренесуваат комарците во земјава, а последните ПСР тестови за последните случаи се негативни, информира Министерството за здравство.Од министерството посочуваат дека до институтот за јавно здравје не се пристигнати нови потврдени случаи, а од Инфективната клиника за Канал 5 пак велат дека состојбата на тројцата скопјани кои деновиве беа ставени на респиратор поради тешка форма на западно нилска треска со воспаление на мозокот и мозочните обвивки останува иста, ниту се подобрува ниту се влошува. Вкупниот број на потврдени и суспектни на „западен нил“ е 16, вели директорот на Инфективна д-р Фадил Цана.. Сите се над 60 години со придружни хронични болести и сите инфекцијата ја добиле во Македонија, никој не патувал во странство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09