Нетанјаху: Рано е да се каже кои биле мотивите за нападот на пилотот и обидот за уривање на авионот на „Флајдубаи“
1Нетанјаху: Рано е да се каже кои биле мотивите за нападот на пилотот и обидот за уривање на авионот на „Флајдубаи“
3Филипче: Дали причините на Петровска се поради хеликоптерите, да не излезе дека Гета може вода да ѝ носи?
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
2„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
3Европските експерти: „Драматични подобрувања во условите, стручноста на лекарите и исходите за пациентите“
БалканГрција утре парализирана од генерален штрајк за втората годишнина од железничката несреќа Грција утре парализирана од генерален штрајк за втората годишнина од железничката несреќа кај Темпи.Двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица, утре во Грција ќе биде одбележана со генерален штрајк што буквално ќе ја парализира земјата, нема да функционира бродскиот, авионскиот и железничкиот сообраќај, дел од рестораните, таверните, кафулињата, ноќните клубови, театрите ќе бидат затворени, а закажани се над 340 протести во земјата и странство, јави дописничката на МИА од Атина. Железничката несреќа се случи на 28 февруари 2023 година при директен судир на товарен и патнички воз, кои се движеа на истата шина во различни правци, по сударот следеше и експлозија, а животот го загубија 57 лица, од кои поголемиот број беа студенти. Иако поминаа две години од една од поголемите трагедии во Грција, несреќата во изминатиот период одново е актуелна во земјата и поради тоа што две години подоцна остануваат многу неодговорени прашања, но и поради тоа што во медиумите континуирано се објавуваат нови информации и аудио и видео документи. Во рамките на генералниот штрајк закажани се вкупно 345 протести, од кои 243 се на различни локации во Грција, а 102 се низ целиот свет, додека пак според најавите и судејќи според демонстрациите што се одржаа минатиот месец, се очекува утрешните протести да бидат особено масовни. Исто како и за време на масовниот протестот одржан на крајот на јануари, така и сега главниот слоган е „Немам кислород“ по објавениот аудиозапис од телефонски повик на бројот 112 за итни случаи во кои се слушаат повиците за помош, меѓу кои и женски глас што вели „Немам кислород“, а главното барање е правда за жртвите. Генералниот штрајк е закажан од најголемите грчки синдикати на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ), како и синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија, а 24-часовниот штрајк го поддржуваат низа здруженија, федерации итн. Во штрајкот ќе учествуваат и адвокати, фармацевти, лекари, студенти, ученици, просветни работници, голем дел од угостителските објекти нема да отворат, а ноќните клубови и клубовите со жива музика, односно популарните бузуки, во кои настапуваат познати грчки пејачи, утре ќе останат затворени во спомен на жртвите. Бродовите ќе останат закотвени на пристаништата од раните утрински часови, железничкиот сообраќај ќе биде целосно во прекин, а 24-часовен штрајк најавија и контролорите на летање, со што откажани се сите летови од и кон Грција со исклучок на: летови кои со шефови на држави, премиери; летови на грчките воздухопловни сили кои учествуваат во оперативни мисии и закажани вежби; летови од медицински или хуманитарна причини; летови на авиони за потрага и спасување. Јавниот превоз во Атина, односно автобусите, тролејбусите, трамваите ќе учествуваат во штрајкот и нема да сообраќаат, а единствено метрото ќе работи од 9 до 17 часот со цел да им овозможи на граѓаните да стигнат на протестот во центарот на градот. Грчката метропола ќе биде и без такси превоз, со оглед на тоа што такси возачите организирани од нивниот синдикат учествуваат во штрајкот, меѓутоа започнаа иницијатива „такси на солидарноста“ – нешто што првпат се спроведува во Грција, односно на четири различни локации ќе има таксисти волонтери, кои бесплатно ќе ги пренесуваат граѓаните до плоштадот Синтагма каде што ќе се одржи протестот. Во Атина собирот е закажан за 11 часот по локално време, а ќе се преземат зголемени безбедносни мерки, според грчките медиуми, со ангажирани над 5.000 полицајци. Министерот за заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис во чија надлежност е и полицијата во интервју за радиото „Параполитика“ вчера рече дека „се прават големи подготовки за полицијата да ја постигне својата централна цел, а тоа е демонстрациите да завршат мирно и пред сè безбедно за граѓаните кои ќе учествуваат“. Непосредно пред утрешната годишнина, грчката Национална управа за истрага на авионски и железнички несреќи и безбедност на транспортот, претпладнево ќе го презентира извештајот од истрагата на експертите за причините за железничката несреќа и експлозијата што следеше по судирот на патничкиот и товарниот воз. На вчерашната владина седница грчкиот премиер Кирјакос Мицотаки се осврна на втората годишнина од железничката несреќа кај Темпи, посочувајќи дека „мнозинството Грци сакаат вистината да блесне, правдата да биде задоволена и никогаш повеќе да не доживееме слична трагедија“, истакна дека „националната драма треба да го обединува општеството под заедничко барање за вистина и правда“, а за протестите нагласи дека се уставно загарантирано право на граѓаните, но и дека државата треба да ги заштити демонстрантите, а „одредени ќе протестираат против Владата“. Следната седмица, односно во вторник и среда во Парламентот ќе се одржи расправа за формирање предистражна комисија за несреќата, а Мицотакис посочи дека тогаш партиите ќе можат да ги претстават своите ставови, но и дека ако опозицијата сака, ќе може да достави предлог за гласање недоверба на Владата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху: Рано е да се каже кои биле мотивите за нападот на пилотот и обидот за уривање на авионот на „Флајдубаи“Изралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави оти е прерано да се каже што стои зад спречениот обид на копилотот да предизвика уривање на авионот на „Флајдубаи“ кој летал од Дубаи кон Тел Авив.Властите, како што пренесува Би-Би-Си, сè уште немаат информации за мотивот на копилотот кој со нож го нападна својот колега, пилот во авионот..Изралескиот премиер рекол дека напаѓачот е под истрага во Саудиска Арабија, каде е упасен откако авионот на „Флајдубаи“ принудно слета на аеродромот во табук, по совладувањето на копилотот од страна на патниците. Вознемирените патници раскажаа како упаднале во пилотската кабина и се бореле со напаѓачот додека авионот нагло почнал да губи висина..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава Скопје во недела ќе трча во ритамот на Виз Ер Скопскиот маратонСè е подготвено за 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, кој ќе се одржи во недела, 4 октомври, кога Скопје повторно ќе биде во знакот на трчањето, спортот и позитивната енергија. На традиционалната прес-конференција по повод годинешното издание, која се одржа денеска во Europe House, беа презентирани најважните информации за организацијата, трките и подготовките за големиот спортски настан. Годинава маратонот поставува нов рекорд со пријавени 15.050 натпреварувачи од 63 земји, што уште еднаш потврдува дека Виз Ер Скопскиот маратон одамна ги надмина локалните рамки и прерасна во значаен меѓународен спортски настан. Покрај рекордниот број учесници, на стартот ќе има и елитни тркачи од повеќе земји, кои ќе се борат за најдобрите резултати. Најбројни по земји, покрај учесниците од Македонија, се натпреварувачите од Србија, Германија, Велика Британија и Турција. За значењето на маратонот за градот зборуваше Зоран Стојановиќ, претседател на Сојузот на спортови на Скопје, кој истакна дека Виз Ер Скопскиот маратон со секое ново издание ја потврдува својата спортска традиција и значењето за Скопје. „Виз Ер Скопскиот маратон е спортска традиција која со секое ново издание го обединува Скопје. Оваа година имаме рекорден број учесници и голем број тркачи од странство, што е потврда дека маратонот има свое место на меѓународната спортска мапа. Нашата цел е сите учесници да имаат одлични услови за трката и да понесат убаво искуство од Скопје.“ Масовноста и вклученоста на граѓаните се важен дел од приказната на маратонот, а токму спортот и активното учество на заедницата се во фокусот и на Министерството за спорт. Министерот за спорт Борко Ристовски посочи дека ваквите настани имаат значење и за промовирањето на спортот кај младите. „Маратонот е пример како спортот може да ги обедини граѓаните и да испрати позитивна порака до целото општество. Министерството за спорт продолжува да ги поддржува настаните кои го промовираат спортот и активното учество на граѓаните,“ истакна Ристовски. Поддршката за маратонот доаѓа и од Делегацијата на Европската Унија, а Бен Нупнау, заменик-шеф на Мисијата на ЕУ во Македонија, истакна дека голема чест и задоволство е што и оваа година ја поддржуваат манифестацијата. „Голема чест и задоволство е за нас што и оваа година ја поддржуваме оваа голема спортска манифестација. Спортот ги поврзува луѓето без оглед на нивното потекло и граници, а Виз Ер Скопскиот маратон е убав пример за тоа како еден настан може да ги поврзе Скопје, државата и европската спортска заедница.“ Подготвеноста на градот да биде домаќин на големиот спортски настан ја потврди и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој упати и повик до скопјани да бидат дел од атмосферата на 4 октомври. „Град Скопје ја дава својата целосна поддршка на маратонот, со сета расположливост на јавните претпријатија и службите кои се вклучени во организацијата, за настанот да помине безбедно и во најдобар ред. Ги повикувам скопјани да излезат, да ги бодрат тркачите и да бидат дел од енергијата која го прави маратонот посебен.“ Спортскиот директор на Виз Ер Скопскиот маратон, Кире Синадиновски, посочи дека рекордниот број учесници е голем предизвик, но и дополнителна мотивација за тимот. „Со рекордниот број пријавени учесници, ова е голем предизвик за сите нас, но и голема мотивација. На 4 октомври очекуваме уште едно големо тркачко доживување и ги повикуваме сите да бидат дел од него.“ Зад успешната организација стои и голем број луѓе кои со месеци работат на подготовките. Секретарот на Виз Ер Скопскиот маратон, Гордана Николовска, посебно ја истакна улогата на околу 500 волонтери кои ќе бидат распоредени на различни позиции долж патеките. „Зад секое издание на Скопскиот маратон стои голем број луѓе кои посветено работат со месеци. Оваа година имаме околу 500 волонтери кои ќе бидат на различни позиции долж патеките и ќе бидат важен дел од целата организација. Од организацискиот тим и волонтерите, до институциите, партнерите и сите кои ја поддржуваат трката – секој има свој удел во успехот на маратонот.“ Годинешното издание повторно носи четири трки – маратон на 42,195 километри, полумаратон на 21 километар, трка на 5 километри и ЕУ фор Спорт штафетна трка. Покрај натпреварувачкиот дел, Виз Ер Скопскиот маратон и годинава подготвува активности со кои дополнително ќе се збогати искуството на учесниците и публиката. Посебно внимание е посветено и на поддршката долж патеката, која традиционално е еден од препознатливите делови на маратонот. На 4 октомври, улиците на Скопје повторно ќе бидат исполнети со маратонци, полумаратонци, рекреативци, навивачи и поддржувачи. Рекордните 15.050 учесници од 63 земји ќе трчаат низ главниот град, а Скопје ќе има уште една можност да покаже дека знае да биде добар домаќин на големите спортски настани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Дали Филипче е пред договор за ново предавство на Македонија кон Бугарите? Венко Филипче, кој е познат како личност која се спротивставува на се, само колку да биде против се што е корисно за граѓаните и државата, исто така е познат заедно со неговиот другар и учител Зоран Заев и како предавник.Филипче вели – прво Бугари во Устав, па се друго. Добро знаеме дека предавничкиот момент им е карактеристика, но ова укажува дека е на повидок договор за ново предавство. Ова отвора низа дилеми и прашања, меѓу кои главно е тоа дали има комуникација помеѓу Румен Радев и Заев? Потоа следи и прашањето зошто Филипче не зборува за заштита на македонскиот идентитет? Јавноста заслужува да знае дали навистина зад овој став на Филипче е некој нов бизнис договор? И додека талогот од СДС и Филипче и неговиот учител знаат само да продаваат се македонско за да им поминуваат бизнис интересите, ВМРО-ДПМНЕ има јасен став. ВМРО-ДПМНЕ е за Македонија во ЕУ, но не прифаќа ништо што се прави под диктат од официјална Софија. Затоа, и на поканата од креаторот на бугарското вето, Красимир Каракачанов, кон претседателот Христијан Мицкоски да присуствува во Софија на пречекот на моштите на Цар Самуил, одговорот е јасен – адресата е погрешна, поканата треба да оди на адреса на Заев и Филипче. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05