ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија
2ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија
3Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
БалканГрција: Сеуште не сме го признале Косово и немаме намера тоа да го направимеГрција нема намера да ја признае независноста на Косово, иако минатата недела беше воздржана за време на гласањето за нејзиниот прием во Советот на Европа, изјави вчера советникот за национална безбедност на грчкиот премиер Танос Докос.Советот на Европа, организација која ги промовира човековите права, во понеделникот му даде зелено светло на Косово да се приклучи бидејќи 33 земји-членки гласаа за, седум против и пет беа воздржани. Многумина беа изненадени што Грција беше воздржана, една од петте земји на ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово. „Мислевме дека е добро за спроведувањето на владеењето на правото и за смирување на тензиите меѓу двете страни“, рече Докос на економскиот форум во грчкиот град Делфи. Подоцна, тој додаде дека Србија, како дел од договорот за нормализација на односите, ветила дека нема да го блокира членството на Косово во меѓународните организации. Атина се осврна на тоа во својата одлука. Во 2008 година Косово еднострано прогласи независност од Србија. „Ние сè уште не сме го признале Косово и нема да го сториме тоа. Се обидуваме да бидеме конструктивни колку што можеме“, рече Докос. Советот на Европа ја усвои одлуката за прием на Косово една недела пред новата рунда преговори меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел. Средбата закажана за 2 мај е особено важна бидејќи на неа ќе биде претставен нацрт-статусот на општините на северот на Косово, кои се претежно населени со Срби, што со месеци е пречка во нормализацијата на односите. Курти учествуваше на економскиот форум во Делфи, но никој од српската влада не дојде. Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во понеделникот за новинската агенција Танјуг изјави дека е разочаран од односот на Грција. Ова ѝ било пренесено на владата на премиерот Киријакос Мицотакис, кој се очекува да има парламентарни избори на 21 мај. „Се надевам дека нашите српски пријатели ќе се сетат дека со години ги поддржуваме во тоа“, рече Докос. Грција го поддржува проширувањето на Европската унија во југоисточните земји кандидати - Србија, БиХ, Црна Гора и Македонија - и не се спротивстави на одлуката Косоварите со своите пасоши да можат да патуваат низ Европската унија без визи. „Имаме тежок амбиент од сите страни и затоа ни е важно да го завршиме процесот на проширување или барем да го задржиме духот на состанокот во Солун од пред 20 години“, рече Докос. Грција со години има затегнати односи со соседна Турција поради граничниот спор и поделениот Кипар, што е причина за нејзиното непризнавање на Косово. За време на грчкото претседавање со ЕУ во 2003 година, се одржа средба меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, на која за прв пат во декларација беше споменато дека иднината на тие земји е во ЕУ. Оттогаш само Хрватска стана членка на Унијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка. Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година. Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување. Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година. Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес. Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисијаДвижењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ.Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата всушност ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венецијанската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството. Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем. Напротив, побараното мислење од Венецијанската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди. Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења. Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури. За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на Парискиот мировен форум се обрати на панел дискусијата насловена „Одбрана на линијата: суверенитет во ера на хибридни закани“.. „Ние живееме во интерегнум , така да се изразам, во меѓувластие, кога старото општество е заминато, а новото уште не се појавило и монструми нѐ опкружуваат. Во време на вештачка интелигенција и дигитализација овие насилници се скриени, но многу моќни. Оттаму ние мериме чекори, документи, политики ,а тие не. Она што мислам дека е многу важно, посебно за ЕУ и секако за НАТО нема никогаш политички вакуум, никогаш. Особено нема политички вакуум на Балканот. Секогаш Балканот бил карта за поткусуравање и големите сили си ги мерат своите сили, за несреќа, на Балканот. Затоа според мое мислење ова е многу важно. Не е важно само за да нѐ охрабрите нас во регионот, за да бидете силни, да бидете трпеливи и така натаму. Не, ние треба да ги направиме вистински чекори. Зашто од внатре ние сме 70 проценти поврзани со економијата на ЕУ. Тогаш, ако ние сме економски партнер и ако сме во НАТО, го знам одговорот. Доколку сме корисни, доколку сме кредибилни, доколку толку многу пати сме биле пофалени како одлични тркачи, тогаш имаме право и да го завршиме нашиот пат кон Брисел. И тогаш нема да речам дека нашиот маратон кон Брисел е како „Чекајќи го Годо“. “ , рече претседателката Сиљановска Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21