Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
БалканГрција планира да им воведе нов данок на енергетските компании за да ги заштити граѓаните Грција ќе ги проучува финансиите на енергетските компании и ќе воведе данок на вонредната добивка генерирана од растот на цените на енергијата, изјави денеска премиерот Киријакос Мицотакис.„Нема да се двоумам, нашата влада нема да се двоуми да предложи закон за воведување еднократен данок на таквиот профит“, рече Мицотакис во парламентот. Владата му наложи на енергетскиот регулатор да ги анализира финансиските податоци на големите енергетски компании од октомври минатата година и да утврди можни вонредни профити, нагласи премиерот и додаде дека приходите од новиот данок ќе се користат за помош на потрошувачите околу сметките за енергија. Цените на европскиот бензин драстично се зголемија минатата година, достигнувајќи рекордни нивоа, поттикнати од бранот побарувачка што предизвика закрепнување по пандемиската криза. Тие останаа на високо ниво оваа година, поддржани од стравувањата од прекини во снабдувањето по нападот на Русија врз Украина. Европската комисија им порача на земјите од ЕУ дека парите за помош на граѓаните и компаниите може да се добијат со оданочување на извонредната добивка на енергетските компании, заработени по повисоките цени на гасот. Италија веќе воведе данок од 10 проценти на вонредната добивка на производителите и продавачите на електрична енергија, природен гас и нафтени деривати, проценувајќи ги приходите на четири милијарди евра. Италијанските енергетски компании ќе плаќаат нов, вонреден данок доколку нивната добивка во периодот од октомври 2021 до март 2022 година се зголемила за пет милиони евра или повеќе во споредба со истиот период претходната година. Грција од минатата година потрошила повеќе од 2,5 милијарди евра за субвенционирање на сметките за струја за домаќинствата, деловните субјекти и земјоделците, а вети дополнителни 1,1 милијарди евра субвенции и попуст за гориво. Грција покрива околу 40 отсто од потрошувачката на гас со увоз од Русија, а остатокот го обезбедува со договори со Азербејџан и Алжир. Самата не произведува гас, поради што во последниве години го прекина истражувањето на гас и нафта поради ниските цени на нафтата. Премиерот денеска сигнализира промена во политиката, велејќи дека неговата влада ќе го рестартира истражувањето во близина на островот Крит и Јонското Море. „Нашата прва заложба е да знаеме со какви потенцијални резерви располагаме и дали тие можат да се искористат“, рече Мицотакис, додавајќи дека деталите ќе бидат објавени следната недела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Отворена истрага против три лицаНадлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“.Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“, а заедно со останатите двајца осомничени и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош. Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување мерка притвор, јавниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог на тројцата осомничени да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена,стои во соопштението на Јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи на Бит пазарОтстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена .Денес, во раните утрински часови, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над дивите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит пазар. Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена на пешачките и велосипедските патеки. Во координација со комуналните инспектори на Град Скопје на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки. Во заедничка акција со СВР Гостивар, вчера, официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство на приватен имот во село Чајле, запленија и на депонијата Русино нештетно уништија 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизВидео: Баварска принцеза или секс-бомба? Деколтето на Хајди Клум повторно предизвика хаосЛегендарната германска манекенка и модел Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни изданија, но за неодамнешната средба со нејзиниот сопруг Том Каулиц, таа одлучи да се облече традиционално – во баварска носија.Легендарната германска манекенка и модел Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни изданија, но за неодамнешната средба со нејзиниот сопруг Том Каулиц, таа одлучи да се облече традиционално – во баварска носија со симпатичен и разигран дизајн. 53 годишната Хајди и Том беа фотографирани на Октоберфест во Минхен, каде што уживаа во празничната атмосфера и носеа традиционална облека. Манекенката носеше сина фустан-носија (дирндл) со црвени детали, соодветни сатенски чевли со потпетици и бели очила за сонце во ретро стил. Сепак, во препознатливиот стил на Хајди, ниту овојпат не можеше да се пропушти еден смел детал. Горниот дел од нејзиниот фустан во стилот „дирндл“ беше тесен и припиен, додека белата чипкана блуза имаше длабоко деколте, кое дополнително ги истакнуваше нејзините облини наместо целосно да ги покрие. Контроверзната Германка сето тоа го искористи за да објави провокативно видео на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Во видеото што го објави на социјалните мрежи, Хајди покажа дел од подготовките и откри со какви тешкотии се соочила додека се обидувала соодветно да го затегне горниот дел од фустанот. Во еден момент изгледаше како фустанот да ѝ е дури и мал, но Хајди сепак успеа да ги „скроти“ своите гради.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter