БалканГрција ќе воведе плафон на профитната маржа на горивата и на производите во супермаркетитеВоведување плафон, односно максимална дозволена граница на профитната маржа како на горивата, така и на производите во супермаркетите, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.Воведување плафон, односно максимална дозволена граница на профитната маржа како на горивата, така и на производите во супермаркетите, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со претседателот на Грција Константинос Тасулас и посочи дека освен геополитичката димензија, ги засегаат и „економските последици од оваа криза“, јави дописничката на МИА од Атина. Деталите околу владините мерки за справување со профитерството дополнително ќе бидат соопштени од заменик-претседателот на Владата, министерот за животна средина и енергија и министерот за развој на Грција. Мицотакис на средбата со Тасулас посочи дека е очигледно дека не можат да ги спречат првичните поскапувања на цените, но дека сигурно испраќаат порака дека „оваа економска нестабилност не треба да доведе до појави на профитерство, што дополнително би го влошило проблемот кој и онака постои“. - Значи, плафон на профитните маржи кај горивата и кај производите во супермаркетите ќе бидат објавени денеска, со рок за спроведување во текот на следните три месеци. Оттаму, ќе бидеме во постојана подготвеност за следење на понатамошните економски последици од кризата, секако, секогаш изразувајќи ја нашата желба наскоро да дојде до деескалација, за да не се зголеми дополнително проблемот што денес изгледа голем, нагласи грчкиот премиер. Претседателот на Грција посочи дека будноста што државата ја покажа во прашањето на одбранбената заштита на Кипар, „треба да се покаже и во случајот на борбата против профитерството“. - Сигурен сум дека мерките што ќе бидат соопштени и предупредувачки и казнени, ќе функционираат така што и оние кои размислуваат да ја искористат оваа ситуација за да профитираат, но и оние кои веќе почнале со тоа, ќе бидат запрени, ќе бидат спречени и ќе сфатат дека не е време оваа криза и оваа тешка состојба да им ги наполни џебовите со прекумерни профити, порача грчкиот претседател. Тасулас и Мицотакис на денешната средба се осврнаа на ситуацијата на Блискиот Исток, на воената помош што земјата ја испрати за Република Кипар, но и на напорите на Министерството за надворешни работи за репатријација на грчките граѓани заглавени во воените зони. Грчкиот премиер рече дека Грција во пракса покажа дека е „столб на геополитичката безбедност“, нагласи дека е исклучително важно тоа што земјата прва го поддржа Кипар, но и посочи дека особено ги интересира стабилноста на Либан. - Го изразивме нашето силно несогласување со каква било обемна копнена воена операција во јужен Либан и ја изразивме нашата поддршка за властите на Либан, за тие самите да се справат со вистинските безбедносни проблеми што произлегуваат од присуството на Хезболах во јужен Либан, рече Мицотакис. Грчкиот претседател рече дека испраќањето на мировна и одбранбена сила на Кипар покажува дека Грција е стабилна, смирена и решителна „за да се соочи со овој период на густи и тешки облаци“. - И треба сите, грчката држава, Владата и опозициските партии, во овој период на големи предизвици да ги задржиме смиреноста и разумноста што се потребни во овие околности, рече Тасулас и додаде дека земјата одигра водечка улога.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНови преговори за Украина во Абу Даби следната неделаПо девет месеци пауза, американските посредници ќе седнат на преговарачка маса со руските и украински претставници во нов обид да се стави крај на војната.Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф објави дека разговорите меѓу Москва и Киев со посредништво на Вашингтон ќе се одржат на 10 и 11 ноември во Абу Даби.. Фокусот на преговорите, како што објави Виткоф, ќе биде ставен на безбедносните аранжмани по завршувањето на војната, хуманитарните напори и следните чекори кон постигнување мир. Очекувањата, според него, е да се награди напредокот постигнат во Киев, Осло и Санкт Петербург, за да се склучи сеопфатен и траен мировен договор, кој ќе обезбеди долгорочна безбедност за идните генерации.Тагови: САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“Апелациониот суд во Скопје донел ослободителна пресуда за Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во предметот „Меѓународен сојуз“. Со оваа одлука е преиначена првостепената пресуда со која Јовановски беше осуден на пет години затвор.Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој го застапуваше Јовановски во судската постапка. „Ете, правдата е спора, но достижна! Апелациониот суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот ‘Меѓународен сојуз’. Со тоа ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од пет години!“, напиша Дуковски. Адвокатот во објавата изрази задоволство од одлуката и оцени дека таа е резултат на недостатоците во обвинението.Тагови: Боки 13 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во ФранцијаСредношколци и студенти денеска повторно организираа блокади и протести во повеќе француски градови, меѓу кои Париз, Рен, Марсеј и Тулуз додека полицијата интервенира за да ги деблокира училишта. Во Нант рано утрината беа уапсени и приведени тројца ученици од средно училиште, кои се задржани во полиција во рамките на истрагата за пожарот што избувна во тоа училиште минатиот месец. Протестите на средношколците и студентите во Франција почнаа кон средината на септември поради недостигот на наставен кадар, лошите услови во училиштата и незадоволството од состојбата во образовниот систем. На демонстрациите минатата сабота учествуваа повеќе од 300 илјади луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00