БалканГрција ќе го надгради граничниот премин ЕвзониИтна надградба на граничниот премин Евзони, со воведување дополнителни мерки што ќе ги забрзаат контролите и ќе го намалат повеќечасовното чекање за влез и излез од Грција.Итна надградба на граничниот премин Евзони, со воведување дополнителни мерки што ќе ги забрзаат контролите и ќе го намалат повеќечасовното чекање за влез и излез од Грција, било одлучено на состанокот свикан од заменик-министерот за внатрешни работи надлежен за областа Македонија-Тракија Константинос Јулекас и секретарот на децентрализираната администрација на истиот регион Јоанис Савас, јави дописничката на МИА од Атина. Надградбата на копнените гранични премини на Грција, меѓу кои и оној кон нашата земја беше најавена на почетокот на годинава, а се очекува да се намали времето на чекање, кое минатото лето на Богородица-Евзони, поради големиот број туристи, во одредени денови достигнуваше и до пет часа. Од Министерството за внатрешни работи на Грција, од секторот Македонија и Тракија соопштија дека на состанокот одржан вчера на граничниот премин Евзони се разговарало за надградбата што ќе се одвива на две нивоа. Едното се однесува на зајакнување персоналот на граничниот премин, „барање доставено до политичкото раководство на надлежните министерства со цел да се скрати времето за проверка на податоците“. Второто се однесува на функционалното подобрување на инфраструктурата и според планот, целосното реновирање на објектите ќе биде завршено во текот на 2026 година со целосна промена на изгледот на целиот граничен премин. Заменик-министерот за Македонија и Тракија Константинос Јулекас по состанокот рече дека покрај целокупната надградба на објектите, се обидуваат да преземат мерки за решавање на проблемите, особено во текот на летниот период. - Овие мерки се однесуваат на тоа како можеме при влезот и излезот да го олесниме поминувањето за да немаме повеќечасовни застои. Се обидуваме да ја зголемиме и брзината на информацискиот систем, за побрзо да се завршува контролата при влез во Грција. Она што разговаравме е да се забрзаат царинските и пасошките контроли и како да успееме, оние што доаѓаат во нашата земја или заминуваат да го видат токму со она што сме, сликата на Европа, рече Јулекас. Секретарот на Децентрализираната администрација на конкретната област посочи дека приоритет на Владата е надградбата на граничните премини и објасни дека тие подготвиле студија што е испратена до надлежните министерства, а потоа ќе следат следните чекори. - Средбата што се одржа беше за да се утврди како ова лето да помине во подобри услови, нагласи секретарот. Според информациите од состанокот, во 2024 година на граничниот премин Евзони биле проверени околу пет милиони пасоши, а во првите четири месеци од годинава околу еден милион. На состанокот свикан од Јулекас и Савас присуствувале и генералниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Грција, градоначалникот на општина Пеонија, заменик-префектот за инфраструктура и мрежи на областа централна Македонија, заменик-префектот на Кукуш, регионалниот директор на полицијата на областа централна Македонија и други. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средината на јануари годинава, како што тогаш објави МИА, осврнувајќи се на заложбите на Владата за 2025 година, го спомена и подобрувањето на работата на граничните премини и објасни дека надградбата започнува со преминот Кипи во Еврос кон Турција, а потоа ќе следи надградба на сите главни копнени гранични премини (Кастаниес кај Еврос, Евзонои, Лемос во Преспа, Какавија и Кристалопиги). - Нивната сегашна слика не е соодветна за европска држава како Грција. За прв пат по децении, ќе се изврши градежна и технолошка обнова на сите централни влезни/излезни точки во земјата, со цел побрзо да се опслужуваат посетителите и трговскиот транспорт. Намалувањето на времето на чекање на влезовите и излезите на земјата ќе придонесе за економска и туристичка стимулација на северна Грција, од Тракија до Епир, напиша тогаш Мицотакис. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски исто така во јануари, соопшти дека „со Грција работиме на забрзување на граничниот премин Богородица и за многу кратко време ќе работиме на реконструкција на граничните премини на Дојран и на Меџитлија со цел тие три гранични премини да се функционални“. Тагови: евзони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУапсени се повеќе лица во контрола на угостителски објекти во СкопјеНоќеска акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, лишени од слобода повеќе лица, меѓу нив и малолетници.Секторот за внатрешни работи Скопје, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, ноќеска изврши контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. За време на контролата легитимирани се 37 лица и лишени од слобода се осум лица, од кои три малолетници. Притоа, во два угостителски објекти констатирано е пречекорување на работното време, а во еден од угостителските објекти констатирано е точење на алкохол на малолетни лица, како и лица кои поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина АеродромСе уредува нова парковска површина од околу 3.000 м2 во непосредна близина на комплексот „Џевахир Скај Сити“ во Општина Аеродром.Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во активностите за расчистување на просторот што ќе прерасне во нов парк со детско игралиште, пешачки патеки, урбана опрема и зеленило. На целиот простот ќе биде поставен и систем за наводнување, како и комплетно нови линии за осветлување. Благодарност до компанијата „Џевахир“ за поддршката и соработката во реализацијата на овој проект со кој аеродромци добиваат ново место за одмор, рекреација и дружење. Општина АеродромКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаВо Општина Кисела Вода се одржа втората едукативна трибина за женското здравје Вчера, во Големата сала на Општина Кисела Вода, се одржа втората едукативна трибина за женското здравје. Овој настан е дел од низата активности на Општина Кисела Вода заедно со Здружението „ХЕМА-ОНКО“ во рамките на овогодишната кампања „Розев Октомври“. Настанот беше посветен на превенцијата, раното откривање и лекувањето на цервикалниот канцер. Целта на оваа средба беше преку стручни совети и реални искуства да се подигне свеста кај јавноста за важноста на редовните прегледи. За овие клучни медицински теми, пред присутните говореа еминентни експерти: проф. д-р Ирена Алексиевска Папештиев, специјалист гинеколог-акушер и директор на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, како и проф. д-р Виолета Клисаровска, онколог при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Посебен белег на трибината остави обраќањето на Анита Бошкова, правничка и поетеса, која пред присутните го сподели своето лично искуство како пациентка, истакнувајќи го огромното значење на навременото откривање на болеста во битката за животот. -Здравјето на жената е столб на секое здраво семејство и општество. Со континуираното организирање на вакви настани, сакаме гласно да порачаме дека раната дијагностика е од пресудно значење и дека ниту една жена не смее да биде оставена сама кога станува збор за нејзиното здравје. Општина Кисела Вода продолжува да биде силен сојузник на сите иницијативи кои нудат едукација, надеж и вистинска поддршка-изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска Кампањата, која стартуваше од општина Кисела Вода, ќе биде заокружена со голем „Розев пикник“ на Школка во Градскиот парк на 4 октомври, соопштуваат од Општината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter