Министерката Божиновска во Виена: Енергетски приоритети, нови партнерства и зајакнување на европската соработка
2Министерката Божиновска во Виена: Енергетски приоритети, нови партнерства и зајакнување на европската соработка
Видео: Шакира започна нова правна битка со Пике: Музичката ѕвезда бара измена на договорот за старателство
2Видео: Шакира започна нова правна битка со Пике: Музичката ѕвезда бара измена на договорот за старателство
БалканГрција ја потресуваат штрајкови против новиот закон за работни односи (ВИДЕО)Грција вчера ја потресоа серија штрајкови и протести кои обединија илјадници луѓе за да изразат незадоволство од контроверзниот нацрт закон за работни односи што треба да го одобри парламентот.Градскиот превоз во главниот град Атина и траектниот сообраќај кон грчките острови беа 24 часа во прекин. И некои јавни служби не работеле за да можат да протестираат против законот што треба да ја зголеми флексибилноста на работното време и да го ограничи правото на штрајк. Повеќе од 7.000 луѓе учествувале на протестен марш во Атина, а околу 8.000 демонстранти се собрале пред зградата на парламентот во текот на вечерта, соопшти полицијата. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис проценува дека реформата „што е исклучително погодна за раст“, ја прилагодува земјата кон европските регулативи и носи поголема транспарентност во процесите на синдикатот. Секој четврти работник во моментов не е регистриран или е делумно регистриран, рече премиерот. Но, генералниот секретар на Комунистичката партија Димитрис Куцумбас смета дека новиот систем легитимира еден вид џунгла на работното место, каде вработените ќе бидат „целосно незаштитени“. Опозицискиот лидер Алексис Ципрас, пак, смета дека „овој предлог-закон значи повеќе работа за помалку плата, без обезбедување“. „Ова е враќање во средниот век“, рече тој вчера во говорот пред парламентот. Владата тврди дека реформата ќе овозможи пофлексибилно работно време со одобрување на 10-часовен работен ден, воведување правила за онлајн работа, спречување на сексуално вознемирување на работното место и услови за породилно отсуство. Thousands have started gathering in front of the #Greece Parliament to protest the conservative government’s draft labor bill. #απεργια #απεργια_16Ιουνη pic.twitter.com/IuAtcxR9hr — Savvas Karmaniolas (@savvaskarma) June 16, 2021 Минатата недела околу 16.000 луѓе учествувале на протестите организирани од синдикатите и опозициските партии во Атина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
Култура„Аматери“ со награда за најдобра колективна актерска игра – вечер во Куманово што ќе се паметиПонекогаш театарската награда не доаѓа само како признание за добро одиграна претстава, туку како потврда дека на сцената се случило нешто што ја надминало самата изведба. Токму таква вечер беа „Аматери“ на Театар Комедија на 29. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово, каде ансамблот беше награден за најдобра актерска колективна игра. Во полна сала, „Аматери“ не ја остави публиката само во улога на набљудувач. Напротив – уште од првите сцени воспостави жив сценско-публицитетен нерв, во кој секоја реплика, гест, пауза и актерска реакција го наоѓаа својот точен одглас во салата. Комичниот материјал беше пласиран со прецизност, но она што особено се наметна беше компактноста на ансамблот – чувството дека актерите дишат во ист ритам и дека секоја сцена е градена како заеднички механизам, во кој ниту еден елемент не останува изолиран. Фото: Facebook НУЦК "Трајко Прокопиев" Куманово/Никола Ивановски и Неда Арсениевска „Аматери“, во режија, авторство и музика на Синиша Евтимов, е поставена врз намерно хибриден сценски јазик, во кој историјата, поп-културата, апсурдот и фарсичната игра се судираат и меѓусебно се надополнуваат. Таа постојано ја поместува границата меѓу реалното и фиктивното, меѓу препознатливото и апсурдното, создавајќи динамична сценска структура во која актерот е истовремено лик, коментатор и двигател на комичкиот настан. Фото: Facebook НУЦК "Трајко Прокопиев" Куманово/Никола Ивановски и Неда Арсениевска Но кумановската изведба покажа и нешто дополнително – моќта на непосредниот контакт со публика. Особено силен сценски одѕив предизвика сцената со Куманово, во која играат Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Виктор Арсов, Столе Мицов, Тони Денковски, Илија Илиоски и Сергеј Димоски. Кумановскиот дијалект, внесен како органски дел од актерската игра, не функционираше само како јазична досетка, туку како драматуршки инструмент – му даде на материјалот локална препознатливост, дополнителна боја и еден вид непосредност што публиката веднаш ја препозна. Актерите со сигурност и прецизност го носеа дијалектот, без тој да стане површна имитација. Напротив, јазикот се претвори во составен дел од карактеризацијата и комичниот ритам на сцената. А потоа дојде кулминацијата. Во завршницата на сцената, една реплика ја доведе актерската игра до точката на вриење. Реакцијата на публиката беше речиси физички опиплива – целата сала во ист миг експлодираше во смеа, толку компактна и силна што индивидуалните гласови престанаа да постојат и се претворија во еден единствен звучен бран. За миг, смеата веќе не беше само реакција на комедијата. Таа стана сценски настан сама по себе. Фото: Facebook НУЦК "Трајко Прокопиев" Куманово/Никола Ивановски и Неда Арсениевска Ѕидовите и сцената буквално пулсираа од звукот на публиката, а интензитетот на реакцијата беше таков што во еден момент наместо препознатливата смеа се слушаше само висок, продорен звук – како салата колективно да ја проби звучната бариера. Токму во ваквите мигови театарот ја покажува својата најголема моќ. Не онаа што може да се измери со аплауз, туку онаа што се случува во заедничкиот простор меѓу актерот и гледачот, кога сценската енергија се враќа назад кон сцената и создава нешто што не може да се репродуцира со ист интензитет ниту на следната изведба. Актерите по претставата сведочеа дека одамна немале доживеано ваква реакција од публика – а токму ваквите непредвидливи, колективни и речиси катарзични моменти се оние поради кои театарот останува жив и неповторлив. Целиот ансамбл на „Аматери“ – Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Сергеј Димоски, Тони Денковски, Виктор Арсов, Јаков Спасов, Столе Мицов, Илија Илиоски, Жаклина Петровска, Маја Љутков и Елена Кузманов – го носи товарот на една необична и актерски исклучително захтевна форма, во која брзината, промените, жанровските пресврти и прецизното темпирање на комичниот импулс бараат висока сценска концентрација. Но токму во моќта на целината, а не во издвоениот момент, лежи најголемиот квалитет на оваа изведба – секој од актерите, независно од сцената во која настапува, го носи својот дел од ритамот, прецизноста и сценската енергија што ја направија „Аматери“ исклучително силна претстава. Токму затоа наградата за најдобра актерска колективна игра е особено соодветно признание. Таа не издвојува еден актер од ансамблот, туку ја препознава силата на заедничката сценска архитектура – способноста повеќе различни актерски индивидуалности да функционираат како една прецизно усогласена целина. Во Куманово, „Аматери“ ја доби и онаа највредна потврда што не ја доделува ниту едно жири: публиката ја препозна претставата, ѝ се препушти и ѝ возврати со смеа каква што долго ќе се прераскажува. Фото: Facebook НУЦК "Трајко Прокопиев" Куманово/Никола Ивановски и Неда Арсениевска А кога сцената и салата ќе се сретнат во таков миг, театарот престанува да биде само изведба. Станува спомен.Тагови: културата Театар Комедија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
ЗабаваФото: Сексапилната Ирина Шајк се уште ужива во бикини Летната сезона сè уште трае за руската манекенка атрактивната Ирина Шајк, а судејќи според фотографиите, таа нема намера да се откаже од бикините.Иако летната сезона одамна заврши, некои ѕвезди одбиваат да се разделат од своето омилено летно парче – бикините. Убавата Ирина Шајк неодамна привлече внимание позирајќи во неколку впечатливи костими за капење за едно фотосесија. Таа беше модел за колекцијата „Resort '27“ на брендот „Hunza G“, а модниот едиторијал беше снимен на Ибица. Според фотките таа гордо носи неколку впечатливи модели на бикини кои на уникатен начин ја истакнаа нејзината препознатлива убавина. На сликите јасно дојдоа до израз нејзината витка фигура и заводливиот поглед, а вреди да се истакне и акцентот на природната убавина, која таа дополнително ја покажа на фотографија на која е без горен дел од костимот за капење. „Со години го сакам брендот 'Hunza G', па соработката со нив ми дојде сосема природно. Целата колекција е секси и има разигран дух со нота на носталгија по 2000-тите – детал што навистина го обожавам. Снимањето на Ибица, опкружена со пријатели, беше посебен момент за мене“, изјави моделот. На официјалниот профил на брендот на Инстаграм беше објавена компилација од фотографии од снимањето, а бројни фанови упатија само пофалби за колекцијата костими за капење, како и за прекрасниот изглед на познатата Русинка.Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
Шоу бизВидео: Шакира започна нова правна битка со Пике: Музичката ѕвезда бара измена на договорот за старателствоСветската музичка ѕвезда Шакира и легендарниот фудбалер Жерар Пике повторно се појавија пред суд во Барселона во врска со договорот за нивните синови, Милан и Саша. Новата постапка произлегува од барањето на колумбиската пејачка да се изменат условите за патување на момчињата, кои се движат меѓу Мајами и Барселона за да поминуваат време со својот татко. Шакира и Пике постигнаа договор за старателство по разделбата во 2022 година, но пејачката сега бара измени што првенствено се однесуваат на логистиката на меѓународните патувања на нивните синови, кои сега имаат 13 и 11 години. Според изјавата на претставникот на пејачката, пренесена од шпанските медиуми, Шакира не сака Милан и Саша да поминуваат помалку време со својот татко. Нејзиното барање се однесува на поинаков договор околу обврските за патување меѓу САД и Шпанија, со цел товарот од долгите патувања порамномерно да се распредели меѓу родителите. „Целта е да се осигура дека напорот и тешкотиите при патувањето меѓу Мајами и Барселона нема да паднат исклучиво врз децата“, се наведува во соопштението. Во основата на барањето лежи практичен проблем што произлегува од големото растојание меѓу местата на живеење на родителите, како и од временската разлика. Así fue el reencuentro de Shakira con Gerard Piqué… ¡y no fue de lo más cordial! 😬🔥 El encuentro se llevó a cabo en los juzgados de Barcelona, luego de que la intérprete de “Día de Enero” solicitara una modificación al régimen de visitas de Piqué con sus hijos. 👀⚖️ La cantante busca que sea él quien viaje a Miami para verlos y no que los niños tengan que trasladarse constantemente a Barcelona, como lo han estado haciendo hasta ahora. ✈️🌴 ¡Y así fue este nuevo capítulo de la historia entre Shakira y Piqué! 🫣 📹: Vanitatis — Raul Gutierrez🇲🇽 (@Raulgutierrez) October 6, 2026 Момчињата живеат со мајка им во Мајами, додека Пике живее во Барселона. Следствено, патувањето меѓу двете земји може да биде особено напорно, особено за време на кратките училишни распусти. Шакира предлага во такви ситуации Пике да патува во Мајами за да помине време со своите синови, наместо момчињата да патуваат во Барселона. Таа сака да ја заштити нивната рутина. Правниот тим на пејачката смета дека таквата промена би им овозможила на Милан и Саша да ги одржуваат своите вообичаени училишни, социјални и семејни рутини за време на пократките распусти. Тие наведуваат дека овој пристап подобро би ја заштитил емоционалната, физичката и академската благосостојба на момчињата. Посебен акцент се става на фактот дека самото патување меѓу Флорида и Шпанија може да одземе значителен дел од времето со кое момчињата располагаат за време на училишните распусти. Тимот на Шакира нагласува дека целта не е да се ограничи времето што синовите го поминуваат со својот татко, туку поинаку да се организира логистиката на нивните посети. Новата правна постапка доаѓа речиси четири години откако Шакира и Пике постигнаа договор за старателството над Милан и Саша по нивната разделба. Откако се пресели во Мајами во 2023 година, Шакира јавно апелираше до медиумите и фотографите да им овозможат поголем мир и приватност на нејзините синови, по периодот на силен медиумски интерес. Тогаш таа нагласи дека, покрај својата јавна кариера, таа пред сè е мајка посветена на заштитата на менталната и емоционалната благосостојба на своите деца.Тагови: Пике Шакира Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00