Грција и Израел склучија договор од над милијарда долари за воена обука

Израелците и Грците склучија договор за опремување и обука на грчките воздухопловни сили и за организирање заедничка воена вежба, објави израелското Министерство за одбрана.

Договорот е вреден 1,65 милијарди американски долари за формирање грчки центар за обука на воената авијација, кој ќе го води израелската воена компанија „Елбит системи“ во следните 22 години. Вредноста на договорот е најголем во историјата на односите меѓу двете земји. Елбит ќе формира центар по примерот на Израелската академија за воздушни сили и ќе биде опремен со десет училишни авиони М-346 на италијанскиот производител Леонард.

Компанијата исто така ќе набави опрема за грчките авиони Т-6 и ќе организира обука, симулатори и логистичка поддршка.

„Уверен сум дека програмата ќе ги модернизира капацитетите и ќе ги зајакне економиите на Израел и Грција и дека ова ќе го продлабочи партнерството меѓу нашите две земји на воено, економско и политичко ниво“, рече израелскиот министер за одбрана Бени Ганц.

Израелските воени авиони во неколку наврати вежбале во грчкиот воздушен простор, како одговор на противвоздушниот ракетен систем С-300 од руско производство, распореден на Крит, но извор од грчкиот штаб на вооружените сили изјави дека тој не бил активиран на вчерашната вежба. Сирија и Иран, земји кои Израел ги смета за непријатели, исто така имаат системи.

Кон крајот на минатата недела министрите за надворешни работи на Грција, Кипар, Израел и ОАЕ се состанале на Кипар и се согласиле за посилна соработка.

Арсовски: СДСМ сака да украде 600.000 евра преку маркетинг кампања

Влада на СДСМ сака да даде 600.000 евра преку два тендери објавени од Генералниот секретаријат за маркетинг услуги и рекламни кампањи.

300.000 евра за кампања за успешна вакцинација и уште 300.000 евра за кампања за спречување корупција. Ниту едното ниту другото е успешно ниту на едното поле се работи ниту пак на другото поле се работи па за да се тера некаква кампања.

600.000 евра народни пари Заев, Филипче и Љупчо Николовски ќе ги дадат на маркетинг агенции, а кои се зборува веќе дека подоцна ќе им ја прават кампањата за локалните избори.

Еве јавно прашуваме, како ќе се потрошат овие 600.000 евра?

Ова е прашање кое што ја интересира јавноста и треба да се одговори.

Јавно прашуваме каде ќе завршат овие 600.000 евра и како ќе допрат до јавноста овие кампањи за кои што нели ќе се доделат парите, бидејќи се огромни пари, не се малку пари, ако се земе предвид дека Владата не смее да се рекламира?

Двојат 600.000 евра од Буџет за рекламни кампањи, кои се огромни пари и со нив се прави навистина сериозни кампањи, а јасно е дека нема да завршат тие пари за закуп на рекламен простор никаде, што е уште појасно дека од старт кампањите ќе бидат неуспешни и се само начин за крадење на државни буџетски пари.

Еве нека кажат каде ќе се рекламираат за 600.000 евра за овие две кампањи и за што ќе бидат наменети тие пари кои што ги даваат на тендер ?

Владата да каже по кој закон ќе се рекламира и каде ќе се рекламира со оваа сума на пари? Бидејќи сите знаеме дека волкава сума на пари за две кампањи единствено може да се издвои доколку се рекламира некаде владата.

На пример со 600.000 евра ќе се купат 10 амбулантни возила кои што фалат низ градовите, наместо да ги испумпаат и украдат СДСМ овие пари од Буџет.

На пример исто така со 600.000 евра ќе се купат повеќе од 25.000 вакцини наместо граѓаните секојдневно да умираат.

На пример со 600.000 евра ќе се реконструираат градинки и училишта или некоја поликлиника бидејќи граѓаните немаат каде основните здравствени услуги да ги реализираат.

Јасно е, намерата на СДСМ со овие 2 тендера од 600.000 евра е само и само и единствено да се украдат парите и за сметка на овие државни пари да си ги платат кампањите кои им следат за локални избори.

Самите овие тендери за маркетинг и кампањи се основ за сериозна корупција и сериозен криминал. Вакви лопови почитувани граѓани како оваа гарнитура на СДСМ се срам за Република Македонија .

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Бочварски: Започнуваме со реконструкција на околу 450 километри локални улици во сите општини

Од денеска започнуваме со реконструкција на локалните улици во општините, проект вреден 70 милиони евра.  

Во прва фаза реконструираме 27 улици во 17 општини за што инвестираме преку 4 милиони евра само во оваа фаза, истакна министерот Благој Бочварски при денешната посета во општина Богданци.

Министерот Бочварски и градоначалникот на општината, Блаже Шопов, извршијa увид во изгрaдба на улицата Ѓуров дол, како дел од пакетот улици што се реконструираат во општината.

Вкупната вредност на целиот овој проект кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски е 70 милиони евра а се планира да се реконструират околу 450 километри локални улици и патишта во сите општини.

“ Подобрување на урбаното живеење, олеснување на животот на граѓаните и економскиот развој на државата се врвни приоритети што континуирано ги реализира оваа Влада. Денеска сме присутни во општина Богданци уште еднаш тоа да го потврдиме. Од тука стартуваме со проектот “Поврзување на општините со локални патишта”. Планираме да реконструираме околу 450 километри локални улици и патишта во сите општини. Во текот на оваа година сите овие улици во Богданци очекувме да бидат целосно реконстурирани, со што општината ќе добие нов урбан лик, а граѓаните подобри услови за живот и безбеден сообраќај.

Општина Богданци се наоѓа на стратешко место и сметаме дека со овој проект, не само што ќе го подобриме урбаното живеење, создаваме услови за економски развој на општината и привлекување на нови инвестиции”, изјави Благој Бочварски министер за транспорт и врски.

“На општина Богданци и беа доделени 600 илјади евра, така да во првата фаза се реконструираат шест улици, а во втората фаза уште една улица.

Ние ја реализираме и Програма на општината од сопствени средства каде планираме реконструкција на уште дваесет и една улица со што очекувам големо подобрување на патната инфраструктутра а со тоа и условите за живот на граѓаните”, изјави Блжо Шопов, градоначалник на општина Богданци.

На новинарско прашање за обиколница Богданици, министерот Бочварски истакна дека инфраструктураниот проект за Обиколницата е во завршна фаза и набрзо ЈП за државни патишта ќе распише повик за Изведувач.

Најмалку седум жртви во поплави во Таџикистан

 Најмалку седум лица загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови во планинските зони во Таџикистан, јави агенцијата Анадолија.

Според соопштението на Комитетот за итни состојби и цивилна заштита на Таџикистан, поројните дождови предизвикале поплави во планинските зони во земјата.

Во соопштението се наведува дека во поплавите загинале седум лица во подрачјата на Хатлан, Кулјаб и Хисар.

Се истакнува дека голем број куќи и инфраструктурни градби се оштетени, а дека тимовите за спасување продолжуваат со операциите во поплавените зони.

Според соопштението што го пренесува Анадолија, по инструкции на претседателот на Таџикистан, Имамали Рахман, формирана е владина комисија под водство на премиерот Кахир Расулзода, со цел откривање и покривање на штетата предизвикана од оваа катастрофа.

Вкупно 93 отсто од териториите на Таџикистан се состојат од планински зони, а во земјата напролет и наесен се случуваат поплави и свлечишта, кои резултираат со загуба на животи.

притисни ентер