БалканГрција бара пет милијарди евра од ЕК за зелена транзиција, дигитализација и иновацииКако што соопшти Европската комисија, според најавите, овие дополнителни пет милијарди евра би се користеле за да им се овозможи на компаниите полесен пристап до финансии преку подигнување кредити со помали трошоци.Грција достави барање до Европската комисија за измени на нејзиниот План за закрепнување и отпорност и побара позајмица на пет милијарди евра во рамки на програмата РЕПауерЕУ наменети за поддршка на приватни инвестиции поврзани со зелената транзиција, дигитализацијата и зголемувањето на извозните капацитети и иновациите. Како што соопшти Европската комисија, според најавите, овие дополнителни пет милијарди евра би се користеле за да им се овозможи на компаниите полесен пристап до финансии преку подигнување кредити со помали трошоци. Предложените измени на Планот, меѓу другото, се однесуваат на проверка на сеизмичката отпорност на критичната јавна инфраструктура, на реформи во примарната здравствена заштита, катастарот и даночната политика, како и на поттикнување на електронски трансакции. Грција побара и во Планот за закрепнување и отпорност да пренесе дел од својот удел во резервите за прилагодување на Брегзит, со што заедно со претходно добиените грантови од РЕПауерЕУ и бараната дополнителна поддршка за позајмица, земјата со изментиот План би обезбедила средства за грантови во вредност од 18,22 милијарди евра и за поддршка за кредити од 17,73 милијарди евра. Еврокомисијата има рок од два месеци да процени дали барањето за измени на Планот е во согласност со критериуми на Регулативата на Фондот за обнова и отпорност и доколку даде позитивно мислење, треба да му предложи на Советот на ЕУ да одобри промена на грчкиот План, по што земјите членки на Унијата ќе имаат период од четири недели да се произнесат за предлогот на ЕК. Програмата РЕПауерЕУ е наменета за поддршка на мерки за енергетска ефикасност, како реновирање со цел да се обезбеди поголема енергетска ефиканоста, трансфер кон обновливи извори на енергија или складирање енергија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Кочани, лишени од слобода две лицаНа 27.08.2026 полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.С.(42) и В.З.(26) двајцата од Кочани, по претходни оперативни сознанија дека се сторители на повеќе тешки кражби на подрачјето на ОВР Кочани. Извршен е претрес во нивните домови, со претходно издадена судска наредба, при што биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело по член 236 од Кривичниот законик на РМ. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволенатаНа 27.08.2026 околу 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска. При извршена проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.С. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. М.С. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: поголема брзина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлинаПретседателот на собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упатувам искрени честитки до сите православни верници и до сите граѓани кои го одбележуваат овој значаен празник. Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество. Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков. На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски. Со почит, Африм ГашиТагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook