Грчките медиуми за посетата на Матис на Скопје

Грчката новинска агенција АНА-МПА во текстот под наслов „Поддршката на САД за Договорот од Преспа ја изрази американскиот министер за одбрана Матис“, ги пренесува ставовите и пораките на Матис во Скопје. 

За американската поддршка на референдумот и на Договорот од Преспа, но и за тврдењата за руско влијание во Македонија, пишуваат грчките медиуми по вчерашната посета на американскиот државен секретар за одбрана, Џејмс Матис и средбите со македонскиот државен врв.

Грчката новинска агенција АНА-МПА во текстот под наслов „Поддршката на САД за Договорот од Преспа ја изрази американскиот министер за одбрана Матис“, ги пренесува ставовите и пораките на Матис во Скопје.

- Осврнувајќи се на референдумот што ќе се одржи во ПЈРМ на 30 септември, господинот Матиси истакна дека граѓаните на земјата имаат една единствена можност да го искористат референдумот и ги повика масовно да излезат на гласање, пишува АНА-МПА, во текстот преземен од онлајн изданијата на грчките медиуми.

Грчката новинска агенција коментира дека посетата на Матис на Скопје е „во рамките на посетите на лидерите и високи претставници на странски земји со цел поддршка на Договорот од Преспа и претстојниот референдум“.

- На учество во претстојниот референдум за ратификација на Договорот од Преспа, одбирајќи „за“, повика од Скопје, министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, обвинувајќи за руски обид за вмешување со fake news, пишува весникот „Ефимерида тон синдактон“.

Носејќи предупредувања за руска вмешаност во референдумот на 30 септември, во понеделникот, во Скопје, пристигна американскиот министер за одбрана Матис, за да поддржи глас за Договорот од Преспа, пишува сервисот на „Euronews“ на грчки јазик.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчките медиуми ја пренесуваат и изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека нема докази за руско влијание во Македонија.

Карактеризирајќи ја Русија „пријател на Македонија“, како што пишува „Катимерини“, премиерот Заев не покажа дека ги дели американските и НАТО обвинувањата за руска вмешаност во референдумскиот процес.

- Без никакво споменување на обвинувањата за вмешаност на Русија во референдумот во ПЈРМ, по предупредувањата од Матис и одговорот од Заев, заврши прес-конференцијата на скопскиот премиер со американскиот министер за одбрана во рамките на неговата посета на Скопје, објави информативниот портал „Ин“./МИА.

Армијата на Конго тврди дека спречила државен удар, три лица загинале во престрелката

Армијата на Конго соопшти денеска дека рано изутрината „спречила државен удар“ и ги уапсила сторителите, меѓу кои и неколку странци, а забележано е и пукање во главниот град Киншаса, при што загинаа три лица.

Портпаролот на армијата на Конго, генерал Силвен Екенге, на прес-конференција соопшти дека обидот за државен удар бил спречен од конгоанските одбранбени и безбедносни сили и дека ситуацијата е под контрола, но не даде повеќе детали.

Покрај тоа, се судриле луѓе во воени униформи и обезбедувањето на локален политичар во неговата куќа, на околу два километри од претседателската палата и делот од градот каде се наоѓаат некои амбасади. /МИА

Сабаленка за поразот од Швјонтек: Сè уште сум среќна со резултатот во Рим

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го коментираше поразот од полската претставничка Ига Швјонтек во финалето на турнирот во Рим. 

Таа истакна дека генерално е задоволна од нејзиниот настап во главниот град на Италија.

- Иако работите не одеа во моја корист, сепак сум среќен со резултатот во Рим. Во првиот сет не играв многу добро и не ја чувствував мојата игра. Во вториот се обидов да бидам малку поагресивна. Имав неколку можности да направам брејк. Можеби ако ги реализирав, натпреварот ќе испаднеше поинаку. Но, јас не го направив тоа. Ќе се обидам подобро следниот пат, рече Сабаленка на прес-конференција.

Во меч што траеше 1 час 29 минути Швјонтек победи со резултат 6:2, 6:3. Првиот светски рекет ја освои својата четврта ВТА титула во сезоната и 21-ва во кариерата.

Ова е втор меч на тенисерките во последните две недели. Швјонтек и Сабаленка се сретнаа на 4 мај во решавачкиот меч на турнирот во Мадрид. Тогаш победи исто така првиот рекет на светот. /МИА

Фјури побара реванш, Усик прифати

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.

Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Триесет и седумгодишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

притисни ентер