3Царинска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓаните
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
БалканГрчките медиуми за изборите кај насИзбори трилер во Скопје",Зоран Заев победник на парламентарните избори"; „Избори во Скопје: Зоран Заев победник со мала разлика"...Атина, 16 јули 2020 (МИА) – „С. Македонија: Владејачката партија на Заев победник на парламентарните избори"; „Избори трилер во Скопје"; „С.Македонија: Зоран Заев победник на парламентарните избори"; „Избори во Скопје: Зоран Заев победник со мала разлика"; „Мала предност за партијата на Заев"; „Изборен трилер со мало водство на Заев", се дел од насловите во грчките медиуми, во текстовите објавени во текот на ноќта и рано утрово, а посветени на изборите кај нас. Медиумите кај јужниот сосед, акцентот го ставаат на тесната битка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, на излезноста, за која коментираат дека е мала, но сепак солидна во период на епидемија, ги пренесуваат изјавите на Зоран Заев, а го споменуваат и проблемот со интернет страницата на Државната изборна комисија, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката новинска агенција АНА-МПА, во текстот што го преземаа речиси сите онлајн изданија на медиумите, пишува дека СДСМ е победник на изборите, со мала разлика, а според проценките не е можен пресврт во резултатите. Паралелно, го пренесува и распоредот на силите и додава дека во новото Собрание влегуваат и „левичарската партија Левица и Демократската партија на Албанците (ДПА)". -Како што оценуваат аналитичарите во Скопје, веројатното сценарио е да формираат влада СДСМ на Зоран Заев, ДУИ на Али Ахмети и ДПА на Мендух Тачи. Во овој случај, овие три партии кои учествуваа и во владата во заминување, обезбедуваат парламентарно мнозинство од 62 пратенички места, пишува АНА-МПА. Со сличен коментар е и новинарот од онлајн изданието на весникот „Етнос", кој од Скопје пишува дека можно сценарио е СДСМ, ДУИ и ДПА да формираат влада, а додава дека излезноста била помала од онаа во 2016 година, „но поголема од очекуваното поради пандемијата на коронавирусот". -Со две пратенички места повеќе од ВМРО-ДПМНЕ, владејачката социјалистичка партија СДСМ и коалицијата „Можеме" е победник на десеттите парламентарни избори во Македонија, пишува „Етнос". Новинар од грчката телевизија „Мега" во директното вклучување од Скопје, рано утрово коментираше дека воопшто не владее изборна атмосфера поради коронавирусот, објасни дека победата на СДСМ е со мала разлика, додаде дека излесносна не била голема, но и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не излезе со изјава за медиумите. Онлајн изданието на весникот „Прото тема", освен што го пренесува распоредот на силите, како и изјавата на Зоран Заев, коментира дека „и Атина и Брисел со особен интерес ги очекуваат изборните резултати" . -Јасно е дека Атина не посакува победа на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа би значело дека земјата одново би го сменила тонот, присвојувајќи националистичка реторика. Но, дури и да загубеше Зоран Заев, поништување на Договорот од Преспа не би било возможно. Дури и да сакаше ВМРО-ДПМНЕ да го измени Уставот во прашањето за името на земјата, освен тоа што тоа го забранува Договорот од Преспа, практично е невозможно поради политичките корелации, пишува „Прото тема". Медиумите во Грција, ги споменуваат и проблемите со сајтот на ДИК во објавувањето на резултатите. -Државната изборна комисија не можеше официјално да ги соопшти конечните податоци иако резултатите пристигнуваа. Според комисијата, имаше проблем во софтверот, но информациите беа дека Државната изборна комисија била на мета на хакерски напад. Оваа вест, за „Ethnos.gr" ја потврдија и дипломатски извори до Скопје. Проблемот беше решен во раните утрински часови, пишува онлајн изданието на „Етнос", пренесе МИА. -Пренесувањето на резултатите од вчерашните избори беше со многу проблеми, бидејќи доцна синоќа беше прекината работата на компјутерскиот систем на Државната изборна комисија, коментира АНА-МПА. Грчката новинска агенција објави текст и доцна синоќа, по затворањето на гласачките места и информираше дека гласањето поминало без проблеми, гласачките места се затвориле во 21 часот, а излезноста била помала во споредба со претходните парламентарни избори. -Сепак и овој процент би можел да се смета за „задоволителен", бидејќи дел од гласачите преферираа да не излезат на гласање поради стравот од ширење на коронавирусот, кое што е регистрирано во земјата во последниот еден и пол месец, пишува АНА-МПА. Изборите кај нас беа дел и од вечерните централни изданија на вестите на грчките телевизии. Коментарите на новинарите беа дека ова се први парламентарни избори по Договорот од Преспа, но и избори во време на пандемија и во сенка на коронавирусот. Грчката државна телевизија „ЕРТ" коментираше дека за време на гласањето задолжително беше носењето маска, антисептици беа поставени на повеќе места како и ознаки за одржување дистанца Дел од медиумите пренесоа и изјави од македонските граѓани веднаш откако го исполнија нивното право на глас, кои го коментираа начинот на гласање во период на епидемија./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Иднината на младите се гради денес - со можности, поддршка и довербаКако градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС, верувам дека нашата одговорност започнува со подготвеноста да ги слушнеме младите и да им дадеме вистински простор да учествуваат во одлуките. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, постојаниот координатор на ОН, Рита Колумбија, директорот на НАЛАС, Келменд Заза, како и градоначалници и претставници на локалните власти од земјата и регионот, учествуваа на регионалниот форум во Скопје посветен на локалното лидерство за млади, мир и безбедност. - Како градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС, верувам дека нашата одговорност започнува со подготвеноста да ги слушнеме младите и да им дадеме вистински простор да учествуваат во одлуките. Нивните идеи, потреби и предизвици мора да бидат дел од политиките што ги создаваме, затоа што тие најдобро знаат со какви пречки се соочуваат и какви промени очекуваат во своите средини. Токму во нашите општини се гради довербата во институциите, чувството на припадност и сигурноста дека секој има еднаква шанса. Затоа ни се потребни активни младински совети, достапни младински центри и службеници за млади кои ќе бидат вистинска врска меѓу младите и локалната власт. Особено внимание мора да им посветиме на младите кои се соочуваат со сиромаштија, исклученост или нееднакви можности. Секој заслужува поддршка, почит и можност да го оствари својот потенцијал – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски на форумот ја истакна и важноста на соработката меѓу ЗЕЛС, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Националниот младински совет на Македонија. - Преку Мрежата на службеници за млади, размената на искуства и јакнењето на нивните капацитети, создаваме услови младинските иницијативи полесно да стигнат до институциите и да се претворат во конкретни дела. Остануваме посветени на посилна поддршка за младите и на создавање безбедни и отворени заедници, во кои секој млад човек ќе има можност да напредува. Младите заслужуваат да знаат дека тука има место за нивните идеи, труд и амбиции – рече Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски упати честитки до петте наградени општини од регионот, чии практики покажуваат како младинското учество придонесува за помирни, побезбедни и посолидарни заедници, а изрази и благодарност до УНДП, НАЛАС и сите партнери за поддршката и заедничката работа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПутин ослободи 74-годишен Американец од затвор по разговорите со ТрампРусија го ослободи 74-годишниот Американец Стивен Хабард, кој беше во притвор повеќе од четири години. Според руските државни медиуми, за што извести Си-Ен-Ен, неговото ослободување уследи по посетата на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф на Санкт Петербург. Q: Can you confirm that the U.S. is on the verge of a deal to free the American teacher, Stephen Hubbard, from Russia? Trump: Just stick with me. Nobody else was able to do it. Just stick with me. I don't want to talk about it. https://t.co/yrsdPY7ZVM — Clash Report (@clashreport) October 20, 2026 Кој е Стивен Хабард? Хабард е пензиониран наставник од Мичиген, а Стејт департментот на САД официјално го класифицираше како „неправедно притворен“. Во вторникот, претседателот Доналд Трамп потврди дека разговарал за случајот на Хабард со рускиот претседател Владимир Путин. Со децении работел во странство како наставник по англиски јазик. Во 2014 година се преселил во градот Изјум, во источна Украина. Руските сили го окупираа градот на самиот почеток од инвазијата врз Украина во 2022 година. Посета на специјалниот пратеник Пред патувањето на Виткоф во Санкт Петербург, еден американски функционер најави дека посетата ќе биде насочена кон обезбедување на ослободувањето на Хабард. „Посетата на специјалниот пратеник ќе вклучува и напори за ослободување на Хабард.“ Руски обвинувања Руските државни медиуми пренесоа тврдења на обвинителството дека Хабард се борел на страната на Изјум, откако потпишал договор за плата од околу 1.000 долари годишно. Неговата сестра, Патриша Хабард Фокс, ги отфрли овие наводи како лажни. Претходни случаи Хабард е најновиот во низата Американци ослободени од руски притвор. Во август, Роберт Гилман беше ослободен од хуманитарни причини поради неговата сериозна здравствена состојба. Ветеранот од Корпусот на маринците бил екстремно слаб и неухранет кога бил префрлен назад во САД со медицински авион. Организацијата што го застапува соопшти дека Гилман бил изложен на тортура додека бил во руски притвор. Извор: Индекс.хрТагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦаринска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓанитеМобилен тим од Одделението за оперативни работи заплени вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош. Станува збор за лек чиј увоз е строго регулиран со дозволи од надлежни институции и чиј транспорт подлежи на строго пропишани стандарди. Случајот е откриен на влез во државата на граничниот премин Богородица, каде при контрола на автобусот, во кутија за прва помош, се откриени вкупно 29 вијали во вредност од 336 илјади денари, 29 кутивчиња, но и 30 самолепливи етикети спакувани во најлонска црна кеса. Од страна на Одделението за истраги против сторителот е поднесена кривична пријава за „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик. Годинава од мобилните тимови и царинските службеници на граничните премини, запленети се над 30 илјади парчиња лекови, со што јасно ја покажуваме нашата улога во заштита на здравјето на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22