ВМРО-ДПМНЕ: Со позитивна оценка од Европската комисија е потврден реформскиот напредок на Македонија во рамки на Планот за раст
1ВМРО-ДПМНЕ: Со позитивна оценка од Европската комисија е потврден реформскиот напредок на Македонија во рамки на Планот за раст
Франција многу потешко од очекуваното го проби парагвајскиот бункер и се пласираше во четвртфиналето на СП2026
2Франција многу потешко од очекуваното го проби парагвајскиот бункер и се пласираше во четвртфиналето на СП2026
БалканГрчкиот Парламент го изгласа амандманот со построги мерки за мигрантитеСо 177 гласа „за“, 74 „против“ и 42 „воздржани“, грчкиот Парламент го изгласа амандманот што предвидува во следните три месеци да се суспендираат поднесувањата барања за азил од мигранти од северна Африка Со 177 гласа „за“, 74 „против“ и 42 „воздржани“, грчкиот Парламент го изгласа амандманот што предвидува во следните три месеци да се суспендираат поднесувањата барања за азил од мигранти од северна Африка, кои нелегално влегле во Грција со пловно средства и при тоа ќе се враќаат, без регистрација, или во земјата од која дошле или во земјата на потекло, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис рече дека беше изгласан „важен и апсолутно неопходен амандман“, што според него, има за цел да ја „заштити земјата од зголемувањето на нелегалните пристигнувања“ и паралелно упати критики до опозициската ПАСОК затоа што гласала „воздржана“. . Претходно, левичарската Курс на слобода достави барање да се гласа неуставност на амандманот, меѓутоа ова барање не го доби потребното мнозинство. Министерот за миграција и азил на Грција Танос Плеврис посочи дека во 2024 година во земјата пристигнале 4.000 луѓе од северна Африка, додека пак во првите пет месеци од годинава бројката е двојно поголема, а во последните денови имало дури и по 1.000 пристигнувања дневно. За конкретниот амандман, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во изјава за германскиот весник „Билд“ истакна дека нивната порака е дека „Грција не е отворен коридор кон Европа“, изрази подготвеност тесно да соработуваат со либиските власти за да се спречат поаѓањата од Либија, но и додаде дека е потребен „унифициран европски одговор“. Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Со позитивна оценка од Европската комисија е потврден реформскиот напредок на Македонија во рамки на Планот за раст Јули е важен месец за Македонија и проценките што ги прави Европската комисија за сите кандидати.Позитивната оценка од Европската комисија е признание за успешно спроведените реформи во држата. Според информациите со кои располагаме, Македонија, заедно со Албанија и Црна Гора, е меѓу земјите кандидати кои бележат најдобар напредок во спроведувањето на Реформската агенда и обврските што произлегуваат од Планот за раст на Европската Унија. Ова е значајно признание за институциите и за сите кои активно придонесуваат во исполнувањето на реформските приоритети. Оценката од Европската комисија е дополнителен мотив Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со уште посилна динамика во реализацијата на реформите. Оценката од Европската комисија ги фрла во вода лагите на СДС и ги побива обидите за создавање лажна слика дека државата не ги исполнува своите обврски кон Европската унија. Неопходно е сите политички чинители да покажат одговорност и конструктивност во периодот што следува. Усвојувањето на Изборниот законик, како дел од Реформската агенда, претставува обврска која е резултат на широк процес на консултации и договор во рамки на работната група при Министерството за правда, во согласност со препораките на ОБСЕ и ОДИХР. За поздравување е и определбата на Европската комисија реформскиот напредок да биде основа за распределбата на средствата за земјите кандидати. Очекуваме во текот на јули да биде донесена одлука, при што Македонија, како една од најуспешните земји во спроведувањето на Реформската агенда, ќе ја добие заслужената поддршка. Благодарност и до Делегацијата на Европската унија во Скопје, амбасадорот Рокас и неговиот тим за континуираната поддршка и соработка во успешно спроведување на реформите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалДешан за специјалната задача: „Им кажав на двајца од нашите најкрупни фудбалери...“ Селекторот на Франција, Дидие Дешан, изјави дека неговиот тим го очекува тешка задача против Парагвај во осминафиналето на Светското првенство.Фудбалерите на Франција го совладаа Парагвај со минимални 1:0 и обезбедија пласман во четвртфиналето по тежок натпревар во Филаделфија, а единствениот погодок го постигна Килијан Мбапе од пенал во 70-тата минута. Дешан, кој со оваа победа стана првиот селектор со 10 триумфи во нокаут-фазата на светските првенства, откри дека им дал посебна задача на своите играчи пред крајот на натпреварот. „Им реков на двајца од нашите најголеми и најсилни фудбалери да бидат блиску до Килијан, бидејќи знаев дека ќе се обидат да го соборат. Не беше лесно. Тие користат секакви можни трикови. Можеби тоа не е фудбалот што ја привлекува публиката на стадионот, но тие добро се бранеа. Секогаш е тешко да се игра против јужноамерикански репрезентации“, рече Дешан. Мбапе беше цел на противничките играчи во текот на целиот натпревар, но остана смирен и на провокациите одговараше со насмевка, не дозволувајќи грубата игра на ривалите да го исфрли од ритам.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00
МакедонијаСДСМ: Одговор на прашањата на ВМРО: “ВМРО-ОКГ се плаши од КПУ Идризово, Штип и Шутка”Многу нервозно реагираат ВМРО кога се зборува за нов Изборен законик.СДСМ сака нов Изборен законик, но не сака закон за кражба на изборите по мерка на Мицкоски. Сакаме дијаспората да гласа, како што гласаше и досега - само не сакаме Мицкоски да гласа од Белата палата наместо дијаспората. Не се караме со нашите членови, функционери, аналитичари и професори. Оние кои вие ги претставувате како „наши“ се ваши сателити и дел од вашиот проект ЗНАМ 2.0. Тоа е ваша конструкција, а не наша. СДСМ разговара со факти, докази и бројки. Голата реторика, популизмот и нарачаните анкети се ваша територија и територија на Орбановите медиуми. Сега велите дека СДСМ е трета или четврта партија во државата, а во анкетата која ја објавивте денеска, СДСМ е втора партија. Во истата анкета покажавте дека ВМРО-ОКГ има пад од 3,5% за само два месеци. Од изборите, според вашите нарачани анкети, вашиот пад е веќе 8%, додека СДСМ расте. Вашата организирана криминална група го презеде синдромот од шефот на бандата Мицкоски, сите многу лажете. Веќе ни самите не знаете што лажете. Како што вели народот: Кој лаже, тој и краде. А вие, како дел од владеачката тендер коалиција, тоа најдобро го знаете. СДСМ сака ЕУ. Таму судството и обвинителството се независни, а за криминалот се одговара. За организиран криминал следуваат Шутка, Идризово и Штип. Токму од тоа се плаши Мицкоски и неговата екипа. Скопје, 05.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter