Измените, меѓу другото, им овозможуваат на граѓаните во дијаспората да гласаат во своето место на живеење, парламентот нема да се распушти во случај на неизбор на претседател, а имунитетот на министрите кои се соочуваат со гонење, ќе биде укинат.
Друг усвоен амандман гарантира минимален приход за семејствата, со цел да се обезбедат „пристојни услови за живот за сите граѓани“.
Со новите измени се предвидува пратениците да немаат имунитет од гонење за кривични дела, туку само за собраниски активности.
Независните членови, исто така, се очекува да бидат избрани со мнозинство од три четвртини на претседателска конференција, тело кое има задача да ги назначи, наместо претходното апсолутно мнозинство.
За прв пат, грчкиот Устав ќе им овозможи на граѓаните да достават предлог-закон до парламентот за разгледување, ако се соберат најмалку 500.000 потписи, пренесува Екатимерини.
Сепак, овие предлози од граѓаните не можат да бидат доставени доколку се однесуваат на прашања поврзани со фискалната и надворешната политика и одбраната.
Вкупно 49 амандмани преложени од сите партии , се однесуваат на 28-те членови на грчкиот Устав.
Амандманите на Уставот беа иницирани од претходната левичарска влада на СИРИЗА во 2018 година, во која беше вклучен предлог за одвојување на грчката држава од црквата, што беше одбиено од сега владејачката Нова демократија.
Нова демократија, од друга страна, се обиде да го измени членот 16 од Уставот, кој забранува приватни универзитети, но предлогот беше блокиран од Сириза.
Ова е четврти обид за измена на Уставот на Грција, по 1975 година, кога стапи во сила првиот Устав на пост-диктаторското време.