Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата
1Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата
ЖивотГрчки пилот призна дека убил млада Британка: Ме удри и ми рече дека ќе ме остави (ВИДЕО) Сопругот на млада Британка, која наводно била убиена при грабеж во нивниот грчки дом и чие тело било пронајдено покрај нејзиното бебе, го признал злосторството, објави грчката полиција.Бабис Анагностопулос, 32-годишен пилот, со полициски хеликоптер вчера бил пренесен во Атина од островот Алонисос, каде бил на погребот на неговата сопруга Каролин Крауч, пишува Гардијан. Анагностопулос признал сè неколку часа подоцна, објави полицијата на Твитер. 32-годишникот им рекол на истражителите дека ја убил неговата сопруга по расправијата во која таа се заканувала дека ќе го остави и ќе го однесе нивното дете. "Се расправавме таа вечер. Во еден момент таа го фрли детето во креветчето и ми рече да излезам од куќата. Ме турна и ме удри. Ми се затемни, ја убив и потоа наместив да изгледа како грабеж ", им рекол тој на полициските истражители. Тој претходно тврдел дека неговата сопруга е убиена од разбојници кои упаднале во нивниот дом на 11 мај во предградие северо-источно од Атина. 20-годишната Каролин Крауч била пронајдена мртва на таванот. Била задушена на креветот покрај 11-месечното девојче. Детето не е повредено. Полицијата понудила награда од 300.000 евра за информации за злосторството. Грчкиот министер за полиција Михалис Хрисохоидис по убиството изјавил дека е шокиран од варварското злосторство. Анагностопулос претходно тврдел дека тројца мажи упаднале во куќата, го врзале и ја убиле неговата сопруга пред да побегнат со 15.000 евра во кеш и други скапоцености. Разбојниците го убиле и семејното куче, тврел тој. Полицијата не успеала да пронајде трага од разбојниците кои наводно го извршиле злосторството, пренесоа грчките медиуми. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕпилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругатаЕвропското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља.Европското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља, каде на 28 октомври се случи тешка железничка несреќа во која загинаа 69 лица. Агенти на Централната оперативна единица (УЦО) на Цивилната гарда пристигнале во седиштето на Управата за железничка инфраструктура (АДИФ), Државната агенција за безбедност на железницата (АЕСФ) и Ревизорскиот суд за да подигнат документи, пренесува „Паис“. Истрагата е покрената на иницијатива на тоа обвинителство по трагичната несреќа на 28 октомври во Урда. Ова не е прв пат Европското обвинителство, независно тело задолжено за истрага на злосторства кои ги загрозуваат финансиските интереси на ЕУ, да покрене истрага за работите на тој дел од шпанската железница. Тоа тело покрена истрага и по железничката несреќа во Адамуз во јануари годинава, кога загинаа 46 лица. Во двата случаи, фокусот на истрагата е да се утврди како Шпанија искористила субвенција од 111 милиони евра доделена од Брисел во јуни 2024 година за големото реновирање на железничката линија Мадрид-Севилја, која е најстарата брза линија во Шпанија. Европското обвинителство побара договори и досиеја за работи поврзани со делниците каде што се случија несреќите. Обвинителството има истражен модел сличен на оној на многу земји на ЕУ, во кои обвинителите ја водат истрагата, додека судијата назначен во Шпанија е единствено одговорен за надзор над напредокот на постапката во согласност со законските гаранции, надзор на мерките што ги ограничуваат основните права, како што се претреси на куќи или прислушување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаЗастрелан полицаец од блиску пука во напаѓачот во Краков (Вознемирувачко видео) Драматично видео од полициската интервенција по денешната пукотница на главниот градски плоштад во Краков, Полска, во која загинаа пет лица, а повеќе од десет беа повредени, се појави на социјалните мрежи. Видеото го објави и полскиот портал Niezależna.pl, наведувајќи дека го прикажува моментот во кој полицаецот пука во напаѓачот. На видеото се гледа полицаец како стои над маж во маскирна облека и пука во него. Недолго потоа, полицаецот исто така паѓа на земја, веројатно ранет. Moment wyeliminowania zagrożenia, super postawa policjanta, ale wygląda jako że śmieć był nabity sprzętem Kraków #krakow https://t.co/bBiPXkdhRV — London Goldynov (@LondonGoldynov) November 7, 2026 Полицијата потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен Полската полиција потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен за време на интервенцијата. „Во инцидентот на главниот плоштад, пет лица загинаа, а повеќе од десет беа повредени. Полицајците го раниле сторителот и тој во моментов е превезен во болница. Интервенцијата на службите на местото на настанот сè уште е во тек“, објави полицијата. Полицијата, исто така, потврди дека меѓу повредените има полицајци, но сè уште не објавила детали за нивните повреди. Влегол на плоштадот со автомобил и почнал да пука Нападот се случил околу 15 часот во историскиот центар на Краков, една од најпосетуваните туристички области во Полска. Според полициското соопштение, мажот влегол на главниот градски плоштад со автомобил и почнал да пука кон минувачите. „Во тек е полициска операција на главниот плоштад во Краков. Околу 15 часот, еден маж почнал да пука кон случајни луѓе од автомобилот што го користел за да влезе на плоштадот. Сторителот е уапсен“, објави полицијата. Првичните информации беа за двајца мртви, но полицијата подоцна потврди дека бројот на мртви се искачил на пет. Идентитетот на напаѓачот и мотивот за пукањето се уште се непознати. Полицијата продолжува да ги истражува околностите на нападот.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран се закани со ново оружјеИран развил ново оружје со, како што тврдат тамошните претставници, изненадувачки можности, кое би можело да биде употребено во случај на нов воен судир.Ова го соопшти Сејед Зијаедин Агаџанпур, раководител на Организацијата за идеолошки и политички прашања при иранското Министерство за одбрана, испраќајќи директна порака до американскиот претседател Доналд Трамп. Агаџанпур нагласи дека Иран нема намера да попушти пред притисоците од Вашингтон, ниту да прифати каква било форма на принуда од САД. -Никогаш нема да им се покориме на вашите обиди за заплашување, порача иранскиот претставник. Тој оцени дека главната цел на американската администрација е иранскиот народ да биде принуден да ги прифати барањата на Вашингтон и да капитулира. Сепак, според него, Техеран нема да отстапи од своите позиции, ниту ќе ги прифати, како што ги нарече, нелегитимните барања на противниците.Тагови: Иран оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook