3Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решение – оценува академик Попов
СветГрчки „Патриот“ собори дрон и ракети на Хутите за време на нападот на Саудиска Арабија (ВИДЕО)Грчка ракетна батерија „Патриот“ распоредена во Саудиска Арабија пресретна напад на јеменските бунтовници Хути врз рафинерија во близина на градот Јанбу. Според грчки воени извори, батеријата подоцна соборила дрон што се приближувал од јеменска територија. Грчките сили се дел од меѓународната иницијатива „Интегриран концепт за воздушна ракетна одбрана“ за поддршка на саудиската воздушна одбрана, а новите напади од групата Хути, поддржана од Иран, дополнително ги зголемуваат тензиите на Блискиот Исток, објавува „Еуроњуз“. Yemen’s Houthis say they hit a Saudi Aramco oil facility in Jizan with missiles (and possibly drones) overnight, sparking fires. Videos of smoke are circulating and satellite data reportedly shows thermal hotspots at the site. Saudi Civil Defense briefly issued danger… pic.twitter.com/OHN8G41EVw — Clash Report (@clashreport) July 25, 2026 Напади врз саудиски градови Јемените бунтовници Хути претходно ја презедоа одговорноста за ракетен напад врз јужниот саудиски град Џизан. Медиумите поврзани со Хутите на „Телеграм“ објавија во саботата дека „ракетен напад од Јемен“ ги предизвикал пожарите во Џизан, но Ријад не ги коментираше веднаш тврдењата. Саудиската агенција за цивилна одбрана издаде кратки предупредувања до жителите на Џизан и Јанбу во саботата. Houthi missiles reportedly struck Saudi Arabia's Jizan region. pic.twitter.com/D74oJdmouY — Clash Report (@clashreport) July 25, 2026 Одговор на коалицијата Предупредувањата дојдоа откако коалицијата предводена од Саудиска Арабија изврши напади врз воените објекти на Хутите во Јемен. Портпаролот на коалицијата, бригаден генерал Турки ал-Малики, рече дека операцијата е започната како одговор на нападите на Хутите врз трговски бродови. Коалицијата одговори „решително и енергично“ и ги нападна воените објекти на Хутите откако „нивните терористички сили ги таргетираа трговските бродови во Црвеното Море“, рече ал-Малики на платформата X. Тој исто така рече дека воената операција сега е завршена. Поширок регионален конфликт Хутите, од друга страна, го обвинија Ријад за „опасна ескалација“. Јеменски безбедносен извор потврди за АФП дека саудиските цели вклучуваат поморска база во пристаништето Ходеида и воен камп на островот Камаран. Хутите ја презедоа одговорноста за нападите врз два саудиски брода претходно оваа недела, а Саудиска Арабија потврди еден од нападите во Црвеното Море. Најновата ескалација на Блискиот Исток отвора нов фронт во конфликтот што започна по нападите на САД и Израел врз Техеран во февруари оваа година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
ТенисСтрашна повреда на италијанска тенисерка: Ногата ѝ пропадна во земјениот терен (ВИДЕО)Италијанската тенисерка Елеонора Алвизи претрпе една од најтешките повреди на тениската турнеја оваа година и мораше да се повлече од натпреварот во Санта Маргарита ди Пула, турнир на ИТФ.Во тајбрејкот во вториот сет против шведската противничка Елизабет Ског, таа се обиде да влезе на теренот и да стигне до топка, но се сопна на куп земјена подлога и заврши на земја. Повредата на коленото веднаш беше јасна, а судијата истрча за да види што точно се случува. Италијанката беше изнесена од теренот, а ќе видиме дали 23-годишната ќе може да се натпреварува до крајот на сезоната. La italiana Eleonora Alvisi se acaba de lesionar de la rodilla. Por su reacción (no pongáis el volumen muy alto) no tiene muy buena pinta… https://t.co/zMcKxr5VkM — Iván Sánchez (@WTAIvan) October 13, 2026 Таа влезе меѓу првите 1000 на овој турнир, но нејзиното видео привлече големо внимание во врска со подготовката на самиот земјен терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова со Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска.На средбата присуствуваа Горан Садикарио, директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Љиљана Мизрахи и Тодор Чепреганов. Сиљановска-Давкова укажа на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот и од антисемитизам. За неа, Треблинка каде што биле убиени 7.144 македонски Евреи, односно 98 проценти од македонската еврејска заедница е длабоко потресно искуство, но и споменик што сведочи за историските факти, како и причина за прераснување на одбележувањето во традиција. Претседателката му се заблагодари на Баренбаум за експертското и човечко ангажирање во одбраната на историската вистина за Холокаустот врз македонските Евреи, особено за аргументираната заложба да се сочува автентичниот натпис на спомен-плочата во Треблинка, наспроти обидите за негова измена. За професорот, присуството на Претседателката, пратеници и претставници на македонската Eврејска заедница на одбележувањето на 11 Март - Денот на депортацијата на македонските Евреи, во Треблинка, е од исклучителна важност. Баренбаум потсети дека со испишувањето на имињата на македонските Eвреи на ѕидот во Меморијалниот комплекс, секоја жртва ќе добие траен спомен и заслужена заштита од заборав. Тој укажа на важноста од документирање на историјата и едукација на младите генерации за Холокаустот во сите степени од образовниот процес, како и организирање студентски посети на Меморијалниот комплекс во Треблинка. Директорот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија информираше за тековните активности, меѓу кои и иницијативата за формирање на едукативен институт во негови рамки, како и за утрешната изложба посветена на еврејските партизани во Скопје, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево време со температура до 20 степени Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, соопштуваат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 4 Попова Шапка, 8 Маврови Анови, 9 Крушево, Берово, 13 Крива Паланка, Претор, Прилеп, 14 Битола, Охрид, 16 Струмица, Виница, Штип, Тетово, 17 Кавадарци, Скопје Петровец, Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија, Велес, 18 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно со сончеви периоди. Наместа дуваше засилен до силен ветер, кој во источните делови повремено достигнуваше брзина од 60 km/h. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе биде умерено облачно. Ќе дува засилен ветер од северен и северозападен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно и стабилно време, освен во петок кога ќе има слаби локални врнежи од дожд кои на повисоките планини ќе бидат од снег. Утре ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, а од петок до крајот на периодов, ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook