ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази
1ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
БалканГрчката Влада го презентираше оперативниот план за целосна примена на забраната за продажба на тутунски производи и алкохол на малолетнициНовата рамка на грчката Влада се базира на пет главни оски. Оперативниот план за целосна примена на забраната за продажба на тутунски производи и алкохол на малолетници во Грција , што вклучува нови дигитални алатки најавени пред четири месеци, денеска беше детално соопштени и објаснети од надлежните грчки министри, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката Влада на крајот на ноември минатата година на состанокот што го свика премиерот на Кирјакос Мицотакис, како што тогаш објави МИА, ги презентираше трите нови дигитални алатки, односно електронски регистар за приватни настани, забави, матурски прослави итн., со планирано присуство на малолетни лица; електронски регистар за контрола на продажба на тутунски производи и алкохол, како и безбеден механизам за проверка на реалната возраста на купувачите на конкретните производи. Овие дигитални алатки се за зголемување на ефикасноста на контролите за забраната за продажба на алкохолни пијалаци и тутунски производи на малолетници. Како што беше истакнато на денешната прес-конференција на министрите за здравство, за заштита на граѓаните и за дигитално управување, продажбата, давањето или нудењето тутун и алкохол на малолетници претставува кривично дело, додека пак прекршоците се казнуваат со затвор до три години и со парична казна. Главната цел на новата институционална рамка е заштита на малолетниците, спречување на зависноста на млада возраст, зајакнување на транспарентноста и надзорот на пазарот, поефикасно спроведување на законодавството и усогласување на земјата со националните и европските стратегии за јавно здравје. Новата рамка на грчката Влада се базира на пет главни оски: превенција и заштита на малолетниците, зајакнување на надзорот на пазарот, регулирање на новите никотински производи, создавање дигитален регистар за контрола и зајакнување на контролните механизми и санкциите. Според надлежните министри, согласно оперативниот план, целосно се забранува продажба на тутунски производи и алкохол на малолетни лица, а продавачот е одговорен за проверка на возраста на купувачот, додека пак во случај купувачот да не покаже доказ за возраста, тогаш се забранува продажбата. Верификација и проверка на возраста на оној што сака да купи тутунски производи или алкохол од продавница, ќе се врши со скенирање на QR-код од веќе постоечката апликација за деца „KidsWallet“ и преку владиниот сајт Гов. Паралелно се воведува електронски регистар за контрола на тутунски производи и алкохол (alto.gov.gr), при што секоја продавница што продава такви производи ќе треба задолжително да се регистрира и да ги пријави категориите на производи што ги нуди, со што ќе бидат регистрирани сите продажни точки во земјата за полесни контроли. Дополнително, со оглед на тоа што со постоечкиот закон забранет е влез на малолетни лица во барови и ноќни клубови, за приватни настани, се воведува електронски регистар (events.gov.gr), преку кој бизнисите -организатори, доколку планираат присуство на малолетници ќе мора претходно да го пријавуваат типот на настан, односно дали станува збир за матурска прослава, забава и сл. заедно со датумот на одржување. Новата законска рамка ги регулира и електричните производи без тутун, никотинските производи и никотинските кесички, а и за овие производи постои забрана за продажба на малолетни лица. Министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис рече дека како држава, преземаат одговорност за создавање „строг, но правичен систем што значително ќе го ограничи пристапот на младите до тутунски производи и алкохол, заштитувајќи ја новата генерација од ризици што го загрозуваат нивното здравје и развој“. - Со новата законска рамка воведуваме јасни правила, ги засилуваме контролите и за првпат во толку широк обем ги користиме можностите на технологијата. Дигиталната проверка на возраст и Дигиталниот регистар за контрола претставуваат клучни алатки што обезбедуваат транспарентност, одговорност и ефикасност, посочи Георгиадис. Министерот за заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис објасни дека со примената на новиот закон од 7 јули 2025 година до 5 март 2026 година, полициските служби спровеле 82.094 контроли, при што биле уапсени 313 лица и покренати 433 предмети. Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!Потресното сведоштво на мајка за насилството што го преживеало нејзиното дете во училиште повторно го отвора прашањето: Кој ги штити децата додека насилството станува нивно секојдневие?Пред години, Либерално-демократската младина ја започна кампањата „Свирни против булинг“, предупредувајќи дека врсничкото насилство не е детска игра, не е фаза на растење и не смее да се премолчува! Предупредувавме, баравме превенција, едукација и институционална реакција. Но нашите апели не добија соодветен одговор. Денес повторно слушаме сведоштва за деца што трпат понижување, физичко и психичко насилство. А каде се институциите? Каде се механизмите за заштита? Кој презема одговорност? Нема оправдување за насилството! Нема оправдување за премолчувањето! И нема простор за уште една празна институционална изјава дека „се работи на случајот“! ЛИДЕМ бара итно: * Надлежните институции да го испитаат пријавениот случај и да обезбедат заштита на детето. * Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да спроведат контрола на постапувањето по пријавите за врсничко насилство. * Во секое училиште да функционира јасен, достапен и доверлив механизам за пријавување и заштита. * Да се обезбеди психолошка поддршка за жртвите и системска превенција, со вклучување на родителите, наставниците и учениците. * Јавно да се соопштат преземените системски мерки и роковите за нивно спроведување, со целосна заштита на приватноста на децата. Не бараме одмазда меѓу деца. Бараме одговорност од возрасните и институциите што се должни да ги заштитат! Доста е со кампањи само на хартија, протоколи во фиоки и реакции дури откако нечие дете ќе преживее траума! ЛИДЕМ повторно го крева гласот и повикува на конкретна институционална акција. Ниту едно дете не смее да се плаши да оди на училиште! Пред години свиревме за да го спречиме насилството. Денес прашуваме: ДАЛИ НЕКОЈ ВООПШТО НЀ СЛУШАШЕ? СВИРНИ ПРОТИВ БУЛИНГ! НЕ МОЛЧИ ПРЕД НАСИЛСТВОТО! Либерално-демократска младинаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје. Бројките и фактите се најдобриот показател за состојбата во која се наоѓа СДС која на чело со Филипче се претвори во партија без политичка визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива помеѓу граѓаните. Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази. На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и се помала поддршка од граѓаните, се наведува во пшартиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска.Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска, а властите се загрижени за можно повторување на нивото на насилство видено минатиот викенд. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез објави дека масовното присуство на полицијата треба да спречи насилство и грабежи. Тој рече дека 70.000 полицајци и жандармериски персонал ќе бидат распоредени низ цела Франција. Нуњез додаде дека имало бројни повици за насилство и грабежи, кои, според него, биле пораки од демонстрантите. Голем број протести беа забранети, а рутата на маршот беше променета во Париз Министерот за внатрешни работи рече дека голем број демонстрации веќе се забранети. Собирите ќе бидат дозволени ако организаторите обезбедат обезбедување, „и под услов, се разбира, тие да не се одржуваат на места каде што може да има грабежи, нарушување на јавниот ред и слично“. Во Париз, маршот што го објавија синдикатите беше дозволен, но рутата беше променета. И покрај ограничувањата на демонстрациите во саботата, полицискиот час во чувствителните области на градовите остана на сила, рече Нуњез. Младите луѓе протестираат со недели барајќи подобри услови во училиштата. Во текот на изминатиот викенд, други групи им се придружија на нивните протести во бројни градови, вклучувајќи ги и оние против високите трошоци за живот. На маргините на протестот избувнаа сериозни конфликти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook