Стојаноски: Ребалансот на Буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти
2Стојаноски: Ребалансот на Буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти
БалканГрчката полиција заплени 25 нелегални пиштоли, се сомнева во шверц за турски криминални групи Грчките власти запленија 25 нерегистрирани пиштоли во близина на северниот град Комотини, во случај што истражителите го поврзуваат со шверц на оружје од Турција преку регионот Еврос.Според полициски информации, оружјето било откриено во саботата вечерта кога припадници на дирекцијата за борба против организиран криминал запреле автомобил „Нисан Алмера“ на локален пат во близина на Комотини, по дојава добиена претходно истиот ден во Солун. При претресот бил уапсен 29-годишен грчки државјанин, а во багажникот на возилото бил пронајден црн патен куфер со 25 пиштоли завиткани во најлон за заштита од влага и корозија. Оружјето немало сериски броеви ниту ознаки на производител. Истражителите ги опишуваат како таканаречени „дух-пиштоли“, кои по изглед наликуваат на моделите „Глок“. Според полицијата, оружјето покажува сличности со пратка од 147 пиштоли запленети во октомври минатата година.Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ФудбалХрватот Јошко Гвардиол потпиша нов договор со Манчестер СитиРепрезенативецот на Хрватска, 24 годишниот Јошко Гвардиол потпиша нов договор со Манчестер Сити, со што се обврза кон клубот до летото 2031 година. Хрватскиот репрезентативец, кој се етаблираше како еден од клучните играчи на тимот по доаѓањето од РБ Лајпциг во 2023 година, на тој начин ја обезбеди својата долгорочна иднина. „Овој 24-годишен фудбалер, кој по природа е централен дефанзивец, покажа висок квалитет и играјќи на позицијата лев бек. Досега има одиграно 122 натпревари и постигнато 13 гола за клубот. Во овој период, тој освои шест трофеи со Сити: Премиер лигата, ФА Купот, Лига-купот, Светското клупско првенство на ФИФА, Суперкупот на УЕФА и Комјунити Шилд. Гвардиол е и редовен член на хрватската репрезентација, за која досега има забележано 52 настапи. Тој беше дел од составот и на Светското првенство во 2026 година“, се наведува во официјалното соопштение на Манчестер Сити. „Кога слушнав дека Сити ми нуди продолжување на договорот, веднаш знаев дека го сакам тоа. Навивачите се прекрасни кон мене уште од првиот ден, а клубот им обезбедува апсолутно сè на играчите. Ова е најдобриот клуб во светот“, изјави Гвардиол. „Во текот на овие три години почувствував огромна љубов и почит, на што сум многу благодарен. Соиграчите ми се фантастични; имаме тим од светска класа, кој е млад и полн со потенцијал. Уверен сум дека во годините што доаѓаат ќе постигнеме уште многу успеси.“- истакна Гвардиол п-о п-родолжувањето на договорот со Сити. Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаЈО: Предложен притвор за осомничен за избегнување на плаќање акцизаОсновното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Избегнување на плаќање акциза од член 279-б став 2 вв став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, со намера да избегне целосно плаќање на акциза од значителна вредност од речиси 5 милиони денари на која бил обврзан со Закон за акцизите, се обидел да пренесе 5000 штеки цигари без акцизни маркички преку граничниот премин Богородица. Со камион – влекач со приколка, со српски регистарски ознаки и сопственост за превозна компанија од Србија, тој се пријавил на влез во земјава и отпочнал транзитна постапка на стока – материјал за изолација. При контрола, над декларираната стока, царинските службеници откриле 100 картонски кутии во кои биле спакувани штеките цигари без акцизни маркички. Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе се обиде да ги сокрие или уништи трагите од кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или соучесниците во кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаСтојаноски: Ребалансот на Буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проектиДенес сакаме да зборуваме за суштината на усвоениот ребаланс на Буџетот за 2026 година.Овој Буџет не е документ на паника и не е отстапување од економската политика. Тој е навремено приспособување на Буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството. Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат 379,5 милијарди денари. Вкупните расходи се зголемуваат за 11,6 милијарди денари, или 2,8 проценти. Да, дефицитот се зголемува и изнесува 4,1 процент од БДП. Но клучно прашање не е само колкав е дефицитот, туку за што се користи дополнителниот фискален простор. Одговорот е многу јасен. Капиталните расходи се зголемуваат за 5 милијарди и 814 милиони денари, односно за 14,5 проценти. Развојните потпрограми растат за 4 милијарди и 215 милиони денари и достигнуваат повеќе од 41 милијарда денари. Тоа се средства за патишта, железница, водоводи, канализации, училишта, здравствени објекти, животна средина и локална инфраструктура. Тоа се инвестиции што создаваат работа денес, а вредност за граѓаните во годините што следуваат. Истовремено, приходната страна не се гради врз нереални очекувања. Приходите растат систематски ,системски, пресметано и создаваат поголема вредност во економијата. Се крати таму каде што нема доволен приоритет, а се зголемува таму каде што има економски, развоен и општествен ефект. Затоа, кога опозицијата ќе зборува само за една бројка, ние ќе зборуваме за целата слика. Ќе зборуваме за структурата на расходите, за проектите и за придобивките кои што треба да ги почувствуваат граѓаните. Овој Ребаланс треба да се оценува не само според тоа колку средства се планираат, туку според тоа што ќе се изгради и што ќе се подобри со нив. Тоа е разликата помеѓу непродуктивна потрошувачка и развојна политика. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook