Грчката ја призна украинската црква – дали МПЦ-ОА е поблиску до автокефалност?

Добивањето датум за отпочнување на преговорите со Европската унија може да го забрза и решавањето на македонското црковно прашање сметаат експертите. 

Според новинарот Бранко Ѓоргевски Преспанскиот договор ја отвори можноста Вселенската патријаршија да го стави прашањето за автокефалност на МПЦ во процедура.

Нови позитивни импулси сигурно ќе додат нов ветер во едра. Некој потег во однос на МПЦ би можел да се очекува по најавените средби со српскиот црковен врв , но како што е СПЦ против плановите на Вселенскиот патријарх кој што силно ја оподдржува Руската православна црква и како што има анти НАТО ставови , сето тоа влева надеж дека Вселенската патријаршија позитивно ќе го реши македонското црковно прашање , смета новинарот Бранко Ѓоргевски.

Според Ѓоргевски вчерашното признавање на Украинската црква од страна на Грчката јасно покажува дека конфронтацијата меѓу Руската православна црква и Весенската патријаршија се продлабочува околу приматот во праволавието.

-Вселенскиот патријарх кој е прозападен човек е цврсто решен да си го врати приматот и тука смета на поддршка на православните цркви на чие чело се Грци ,смета новинарот Бранко Ѓоргевски.

Пред една недела Владиката Петар кажа дека до сега се водат само неофицијални разговори и оти се очекува час поскоро да почнат официјални разговори бидејќи има расположение од Цариградската патријаршија нашето прашање за автокефалноста на МПЦ да го земе предвид на некоја од своите наредни седници. Тој напомена и дека политичкиот фактор ќ има влијание на одлуката .

Објавен петтиот том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“

Објавен е петтиот том на публикацијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново издание на Александар Стеванов – графички дизајнер, наградуван стрип-сценарист и хроничар на македонскиот стрип.

Како што информира авторот, во книгата се истражува и прибележува деветтата уметност на македонско тло, овојпат детално обработена го периодот од 2016 до 2019 година.

На вкупно 64 страници во боја, формат А4, во изданието се опфатени речиси 270 хронолошки единици, кои збирно го осведочуваат овој период како врвна точка на домашното стрип-издаваштво. Опфатени се стрип-албуми и списанија за стрип објавени кај нас, одржани стрип-работилници, фестивали и изложби, гостувања на македонски стрип-автори на манифестациите во странство, како и освоени награди на стрип-фестивалите во земјава и во регионот.

- Станува збор за зафат од капитално значење, изведен за сега, еве и во нејзиниот петти дел, поточно во публикациите со различни дијахрониски опфати: првиот дел опфаќајќи го периодот 1990 – 1999 година, вториот 2000 – 2007, третиот 2008 – 2011, четвртиот 2012 – 2015 година... сѐ додека својот историски проект Стеванов не го доведе до наши дни, пишува истакнатиот писател Томислав Османли во предговорот кон изданието.

Како и претходните четири тома, и овој петти том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ излегува со поддршка на Министерството за култура.

Почнувајќи од наредната недела изданието ќе биде дистрибуирано во библиотеките ширум земјава, најпрво во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во скоро време се очекува да има промоција. /МИА

Кике Санчез Флорес ја напушта сезоната на крајот од сезоната

Тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес, ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, соопшти прес-службата на шпанскиот клуб.

Педест и деветгодишниот Шпанец е на чело на Севилја од декември минатата година. Под негово водство, тимот одигра 23 натпревари, забележа 11 победи, четири пати ремизираше и загуби на девет средби.

Севилја по 36 кола се наоѓа на 12. место во шпанската Ла Лига со 41 бод.

Во 37. коло Севилја утре во 19 часот ќе се соочи со Атлетико Билбао на гостински терен. /МИА

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

 Според Министерството за здравство во Газа во изминатите 24 часа при израелските напади во Појасот Газа загинале 83 луѓе.

Во војната помеѓу Израел и Хамас вкупно загинале 35.386 луѓе

Од почетокот на војната на 7 октомври минатата година повредени се 79.366 лица.

Најголемиот број од жртвите се деца и жени. /МИА

притисни ентер